Author Topic: Кутии во самоградба  (Read 800 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Кутии во самоградба
« Opened on 25.09.2010, Saturday, 16:58:33 (Edited 25.09.2010, Saturday, 17:06:18) »
Пред два дена ме повика еден пријател да ми се пофали дека направил звучни кутии  со 8 инчни Симсоник ( со кевлар мембрана) и АУДАХ високотонци.Проблем беа токму свртниците кои ги работел*0д памет* и систем *видено-копирано*.Иако кутиите се над метар висина ,со бас рефлекс отвор дампирани со сунгер,бас немаше никаде.Ако ја погледнете шемата на кутиите ке видите дека има една внатрешна плоча со 4 отвори од 70мм пресек,која е всушност појачување на ѕидовите на кутијата и спречување на диви резонанции. Тој ја ставил преградата веднаш под басот,иако правилото е да се постави на средината на кутијата!!!
Го натерав да ја извади преградата и да ја стави на средина.Ставивме 2 тубуса од тенок сунгер (од кутиите со матични плочи за ПК!) ,оној црниот, позади басот и 4 тубуси во остатокот од кутијата (во долниот дел).Го исфрлив кондензаторот паралелно со басот,а калемот во серија го заменив со (според навивките) 1,2 мН.Басот си дојде на место!!! :o За информација: во еден тубус ставам по 2 сунгера од матична плоча (30х30 см) благо смоткани во ролна со димензии 10 см во дијаметар.Овој сунгер се лепи со неостик меѓусебно без проблем!!