Па како што кажав дека ќе направам мини туторијал за генератор на висок напон па еве го.
Потребни елементи:
1.Сплит трансформатор од телевизор или од монитор не е битно но битно е да има вградена каскада од тие поновите црни.По добро е да имате од телевизор бидејќи тој трансформатор нема излезен кондензатор и со тоа ќе добиете по голема должина на искрата а и по моќна.
2.Електронска пригушница најмалку 20W извадена од неонка со навој или пак посебна за тие долгите неонки цилиндрични.
3.Леткум некои жици алат
4.
ВНИМАВАЊЕ И ТОА МНОГУ !!!Изглед на сплит трансформатор(изваден од монитор)
Вака откако ќе ја извадите електронската пригушница на излезните пинови ќе залемите четири жици по можност со различни бои за да ги разликувате тоа би требало да изгледа вака:
Откако ќе ги залемите жиците ќе го земете трансформаторот и ќе го свртете на опаку така што пиновите да гледаат накај вас:
Откако го направивте тоа редоследот на пиновите е следниов:
Сега е време да почнете со лемење на жиците од електронската пригушница со трансформаторот
Жиците ќе ги залемите вака според мојата слика од електронската пригушница:
1.Белата жица на излез од пригушницата ќе ја залемите со пин 1 од трансформаторот
2.Сината жица ќе ја залемите со пин 3 од трансформаторот
3.Жолтата жица ќе ја залемите со пин 4 од трансформаторот
4.Црната жица ќе ја залемите со пин 6 од трансформаторот
Штом ќе завршите тоа би требало да изгледа вака:
Ете при крај сте сега само останува да ја приклучите пригушницата во струја и да видите дали ќе има искра.Искрата ќе биде помеѓу анодата од трансформаторот и негативниот пин или пинот 7.Само внимавајте ако ја допрете анодата со било која жица од пригушницата таа одма ќе прегори.Исто така не правете многу искри 2-3 секунди со одмор бидејќи ако сте го направиле ова со трансформатор од монитор ќе го прибушите излезниот кондензатор и со тоа искрата ќе се намали за 50%.Не е задолжително ама не е лошо и да ставите една сијалица сериски со пригушницата.
Еве каде треба да бидат залемени жиците за 220V на пригушницата:
Еве слика од фрлање на искра со трансформатор од монитор со прибушен кондензатор од многу играње
.
Извинете за матната слика ама се утепав од сликање и никако нејќеше апаратот да направи подобра слика
Превземете сигурносни мерки
Ако ја пипнете анодата ќе добиете доста добар шок (испробано и тоа 100 пати
)
Ако ја пипнте анодата со едната рака а со другата пипнете нешто метално или земја има шанси да ве утепа струја (не испорабно
ама и тоа ќе биде)
Ако ја пипнете анодата со едната рака,а со другата негативниот пин верувајте подобро земете лопата и копајте си гроб дека нема 2 шанса !Instant Death!!!!
Се надевам дека не беше досаден туторијалов поздрав