Author Topic: Испитување на транзистори  (Read 3723 times)

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
Испитување на транзистори
« Opened on 04.09.2010, Saturday, 00:16:51 (Edited 04.09.2010, Saturday, 00:21:00) »
Во оваа тема има објаснување како да се испита функцијата на  еден биполарен транзистор со дигитален мултиметар!!
Ова е приказ(туторијал) како да дознаеме дали транзисторот е од НПН или од ПНП тип и дали работи!!Исто така е објаснето е од кој матријал е изработен транзисторот!!!Слики ќе поставам!!
Има објаснување со дигитален инструмент каде што е наместен во подрачјето на испитување диоди!!!
1.Изводите на транзисторот ги означуваме со бројки(може со што се сака,но најлесно е со бројки) и со дигиталниот мултиметар во двете насоки помеѓу секои три изводи испитуваме!!
2.Кога ќе откриеме помеѓу кои два изводи и во двете насоки има голема отпорност,тие два изводи се колекторот и емитерот,но се уште не знаеме кој е кој,но знаеме кој извод е базата.
3.За да дознаеме од кој тип е овој транзистор ќе направиме вака,позитивниот пол од мултиметарот го поврзуваме на базата,додека пак негативниот пол прво  на едниот извод а потоа на другиот извод од останатите два(емитер,колектор).При овие мерења добиеме мал отпор тогаш транзисторот е од НПН тип,а ако е голема отпорноста добиваме дека е од ПНП тип.
4.За да дознаеме кој е емитер а кој колектор правиме вака,кога ќе биде измерена отпорноста (помеѓу база и колекторот,и база и емитер)емитерот има многу малку поголема отпорност од колекторот(отпорноста на колектор-база е помала од отпорноста помеѓу емитер-база),па затоа разликата е многу мала и може да се утврди со дигитален мултиметар!!Исто така транзисторите во метални куќишта колекторот е поврзан на самото куќиште со што овозможува ладење на транзисторот,и така лесно се открива-тој извод е оној кога помеѓу кој и куќиштето има краток спој(отпорност нула).
5.За да откриеме од кој материјал е изработен транзисторот користиме мултиметар (дигитален,не аналоген) ние ќе го мериме падот на напонот изразен во миливолти и ако имаме пад на напон од 600 миливолти транзисторот е силициумски,а ако имаме добиено пад на напон од околу 300 миливолти тогаш е изработен транзисторот од германиум!!НО најважно е да ја измериме отпорноста на ПН споевите колектор-база и емитер-база при директна поларизација!!   

Споено мислење: 04.09.2010, Saturday, 00:21:00
Извинете што не ја ставив оваа тема во туторијали,па ако може некој од администраторите да ја префрли во туторијали!!!Благодарам однапред!!! :D

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Испитување на транзистори
« Reply #1 on 04.09.2010, Saturday, 00:31:27 »
Извинете што не ја ставив оваа тема во туторијали,па ако може некој од администраторите да ја префрли во туторијали!!!Благодарам однапред!!! :D
Ти слободно пиши а ние после ке ја префрлиме темата
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
Одг: Испитување на транзистори
« Reply #2 on 04.09.2010, Saturday, 00:55:30 (Edited 04.09.2010, Saturday, 01:02:59) »
На Малечко му беше потребна помош со испитување,па еве му од мене!!! ;)
ПС.Следен туторијал употреба на транзистор како прекинувач!!!

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Одг: Испитување на транзистори
« Reply #3 on 04.09.2010, Saturday, 01:19:49 »
Јас PIR сензорот го извадив од една неонка со навој,ама па неонката беше расипана не светеше а на плочката што го извадив PIR сензорот пишуваше кај изводите G D S или Gate Drain Source па сега јас мислам дека не е исто испитувањето како за транзистори (NPN и PNP). ;D
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Испитување на транзистори
« Reply #4 on 04.09.2010, Saturday, 01:34:24 »
тоа не е пир сензор, тоа е MOSFET
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Одг: Испитување на транзистори
« Reply #5 on 04.09.2010, Saturday, 01:37:31 »
тоа не е пир сензор, тоа е MOSFET
Мислиш MOSFET транзистор или некој сензор бидејќи неонката работеше до пред некое време и штом поминеш покрај неа она се палеше јас мислам дека тоа е PIR сензор нека ме поправи некој ако сум згрешил.
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
Одг: Испитување на транзистори
« Reply #6 on 04.09.2010, Saturday, 01:47:32 (Edited 04.09.2010, Saturday, 01:49:56) »
Да така е малку  е поразлично од испитување на Фетовите со транзисторите!!Сега вака кај исправен Мосфет отпорноста Гејт-Сорс и гејт-Дрејн треба да биде бесконечно голема и во двете насоки за што причина е изолацијата помеѓу гејтот и каналот.При ова мерење во некој случај на омметарот ако се прикаже мала отпорност тоа значи дека има пробив помеѓу гејтот и каналот.По испитувањето на гејтот мора да се оствари краток спој помеѓу изводите што може да се изведе со со едниот испитен кабле.Ќе се елиминра заостанатиот потенцијал на гејтот кој ако не се отстрани во натамошните испитувања ќе дојдеме до погрешни заклучоци!!!Ако гејтот е во ред следното што треба да се провери е дали има пробив помеѓу дрејнот и основата.Помеѓу основата и дрејнот  има ПН спој што значи дека ако нема пробив тогаш помеѓу дрејнот и основата во едната насока треба да има голема отпорност,а во другата мала отпорност!!Треба да се порвери дали има пробив помеѓу дрејнот и сорсот и дали функционира каналот,па се проверува вака,треба да мериме помеѓу дрејнот и сорсот и дали работи каналот.Треба да се мери отпор помеѓу дрејн и сорсот но така што кај Н канален Мосфет плусот на инстурментот ќе биде на дрејн,а кај П канален Мосфет минусот на инструментот да биде приклучен на дрејнот.Инструментот треба да покаже средна до голема отпорност,зависно од тоа дали Мосфет е со вграден канал или со индуциран.Каблето од дрејнот се префрлува на гејтот па се враќа на дрејн.Ако Мосфетот е исправен,отпорноста помеѓу дрејнот и сорсот треба да виде значително помала.Мосфетот поминал во проводна состојба со помош на поларизација на гејтот од напонот на инструментот.
НапоменаЧ Треба да се има на ум дека прикажуваното омско испитување на исправноста на Фетовите не дава секогаш точни резултати можно е Фетовите да биде исправен ,а омското испитување да покаже дека е неисправен и обратно.Затоа постојат кола за испитување на Фетови,тој е засилувач или осцилатор и може сам да се изгради.(цитирано од Слободан Таневски-напомената)

Споено мислење: 04.09.2010, Saturday, 01:49:56
Ова го учев за школска година (пракса и аналогна електроника) немојте да се уплашите што не имам научено и што знам за електроника!!!

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Одг: Испитување на транзистори
« Reply #7 on 04.09.2010, Saturday, 01:56:20 »
Еве datasheet од сензорот
Code: [Select]
http://pdf1.alldatasheet.com/datasheet-pdf/view/14906/PERKINELMER/LHI878.htmlКај мене на PIR сензорот пишува LHI 878. :)
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
Одг: Испитување на транзистори
« Reply #8 on 04.09.2010, Saturday, 01:59:45 »
Исто е и како и кај ФЕТ и како кај Мосфет!!!! ;)

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Одг: Испитување на транзистори
« Reply #9 on 04.09.2010, Saturday, 02:02:40 »
A случајно некој да не има шема за цел склоп (motion detector) со PIR сензор кога ќе поминеш да уклучува реле :D.
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
Имаш фото релиња види на страната на неомонтана но таму немаш ПИР сензори туку со фото диода и фото транзистор!!!!
ПС.Пиши неомонтана (бугарски сајт) незнам сајт затоа вака!!!

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
Во оваа тема има објаснување како да се испита функцијата на  еден биполарен транзистор со дигитален мултиметар!!
Ова е приказ(туторијал) како да дознаеме дали транзисторот е од НПН или од ПНП тип и дали работи!!Исто така е објаснето е од кој матријал е изработен транзисторот!!!Слики ќе поставам!!
Има објаснување со дигитален инструмент каде што е наместен во подрачјето на испитување диоди!!!
1.Изводите на транзисторот ги означуваме со бројки(може со што се сака,но најлесно е со бројки) и со дигиталниот мултиметар во двете насоки помеѓу секои три изводи испитуваме!!
2.Кога ќе откриеме помеѓу кои два изводи и во двете насоки има голема отпорност,тие два изводи се колекторот и емитерот,но се уште не знаеме кој е кој,но знаеме кој извод е базата.
3.За да дознаеме од кој тип е овој транзистор ќе направиме вака,позитивниот пол од мултиметарот го поврзуваме на базата,додека пак негативниот пол прво  на едниот извод а потоа на другиот извод од останатите два(емитер,колектор).При овие мерења добиеме мал отпор тогаш транзисторот е од НПН тип,а ако е голема отпорноста добиваме дека е од ПНП тип.
4.За да дознаеме кој е емитер а кој колектор правиме вака,кога ќе биде измерена отпорноста (помеѓу база и колекторот,и база и емитер)емитерот има многу малку поголема отпорност од колекторот(отпорноста на колектор-база е помала од отпорноста помеѓу емитер-база),па затоа разликата е многу мала и може да се утврди со дигитален мултиметар!!Исто така транзисторите во метални куќишта колекторот е поврзан на самото куќиште со што овозможува ладење на транзисторот,и така лесно се открива-тој извод е оној кога помеѓу кој и куќиштето има краток спој(отпорност нула).
5.За да откриеме од кој материјал е изработен транзисторот користиме мултиметар (дигитален,не аналоген) ние ќе го мериме падот на напонот изразен во миливолти и ако имаме пад на напон од 600 миливолти транзисторот е силициумски,а ако имаме добиено пад на напон од околу 300 миливолти тогаш е изработен транзисторот од германиум!!НО најважно е да ја измериме отпорноста на ПН споевите колектор-база и емитер-база при директна поларизација!!   

Споено мислење: 04.09.2010, Saturday, 00:21:00
Извинете што не ја ставив оваа тема во туторијали,па ако може некој од администраторите да ја префрли во туторијали!!!Благодарам однапред!!! :D

Ако може ова попрецизно!
По поларитет црната испитна сонда е позитивна, а црвената негативна ! при омско мерење

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
Самото ти е објаснето црвената(плус) е на базата,додека пак црната(минусот) еднаш на едниот извод а потоа на другиот (еднаш на колектор,еднаш на емитер) ние ќе дозанеме кој е емитер а кој е колектор!!!Исто така може да се испитува во подрачјето на мерење на отпор,а може и во подрачјето на испитување на диоди.Ако се испитува транзистор со дигитален инструмент  може да се корсити подрачје за испитување на диоди но и подрачје за мерење на отпор!!
ПС.Црната испитно кабле е минус а црвената е плус,не како што си напишал.

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
по сликовито од ова неможе да биде објаснето....

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1108.0
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
сега вака, во туторијали сакам да ја префрлам темата но штом биде туторијал треба да има објаснување а не и други коментари па сега SKOLS стокми се во еден пост односно сите корисни работи стави ги во еден коментар (во првиот) а сите останати да ги избришам ИЛИ друга варијанта темава да стои за дискусии а сите корисни информации објави ги во нова тема како туторијал. како мислиш дека е подобро ?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.