Имав потреба да инсталирам и поврзам еден печатар на два компјутера преку УСБ ,па ја искористив оваа шема.Во текот на искористувањето добив идеја да направам преклопување на далечина со помош на релеј и едноставен флип флоп кој ке преклопува на далечина со помош на инфрацрвена команда.
Кога ке биде готов склопот ке го објавам тука.Внимавајте УСБ каблите да не бидат подолги од 3 метри, зошто некои печатари тоа не го поднесуваат.Знам дека некој ке рече дека има вакви или такви (мрежни) решенија,ама ова ми се виде најефтино!