Author Topic: Метал детектор Sandbanks  (Read 267 times)

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3165
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Метал детектор Sandbanks
« Opened on 27.06.2022, Monday, 23:19:09 (Edited 01.07.2022, Friday, 13:12:36) »
Според принципот на работа овој детектор спаѓа во групата PI (pulse induction) детектори. Одличен е за почетници бидејќи е проверен, релативно едноставен и ефтин за правење, лесно се мота сондата, а доколку се изработи внимателно и со одбрани делови добиените резултати може да бидат изненадувачки добри. Како и на повеќето PI детектори маана му е што нема дискриминација, но затоа скоро и да нема разлика помеѓу детекцијата во воздух и во земја.

Шемата:


Слика од склопениот модул:


Постојат неколку верзии од овој детектор, оригиналната е мислам од 70-те, па е направен редизајн со понови достапни делови, исто така е прилично популарен и на некој полски форум - затоа може да се сретне и под името polonese, а оваа верзија што јас ја правев е од elektronika.ba форумот, со тоа што ја прецртав плочката во SprintLayout - закачена е најдоле заедно со сите потребни фајлови.
При изработката препорачувам да се користат квалитетни делови, отпорниците да бидат металфилм, кондензаторите квалитетни MKT или MKP, освен тие керамичките, кои пожелно е да бидат NP0, полупроводниците да бидат оригинални - подобро е да се користат стари вадени, а оригинални делови, отколку нови од продавница, ама кинески. Најкритичен е LF357 кој што мора да е оригинален и со добар квалитет, со овие кинеските од продавница не работи како што треба. На босанскиот форум го пишува LF356 како замена, со нешто намалена осетливост, јас пробав десетина (оригинални) и со ниедно од нив не работеше како што треба, односно не можеше да се подеси. Исто внимавајте и со BF245, бидејќи два транзистора од два различни производители што ги имав дома беа со обратен распоред на изводите, затоа е потребна проверка пред да се залеми.

Сондата кај овој детектор е лесна за изработка бидејќи претставува обична кружна намотка, која се мота со 16 метри лак жица дебелина 0,5mm на дијаметар од околу 20-на сантиметри. Иначе, како и кај скоро сите PI детектори, ниту дијаметарот ниту дебелината на жицата и бројот на намотки не е превише критичен, после може да се подеси со промена на дампинг отпорникот.
За мотање на сондата, се прави форма (калап) со соодветен дијаметар од шајчиња, типли или сл., се намотува жицата и додека е сеуште на формата се фиксира намотката на повеќе места со селотејп. Откако ќе се извади, се облепува цврсто со изолир трака убаво да се стегне да не мрда и тоа е тоа.





Јас за експериментирање намотав две сонди, првата со дијаметар 20cm и 16m жица, втората со дијаметар 29cm и 19m жица. Помалата сонда има поголема осетливост на мали објекти, додека поголемата подобро реагира на поголеми објекти и оди подлабоко. Со сонда од 29cm во воздух успешно детектира 20 евро центи на скоро 30cm, поголема пара на 40cm, метално кутивче за бонбони на 60-70cm, метален овал над 1m. Со поголеми сонди, 0.5x0.5m или 1х1m, би требало да се постигнат длабочини и над 2-3m за големи предмети.



По лемење на сите делови, се поставуваат двата тримери во средна положба, сите потенциометри исто така се ставаат во средна положба, се приклучува сондата, оддалечена од сите метални предмети, преку оклопен кабел, по што детекторот би требало да проработи од прва. Ако се слуша звук со вртење на горниот тример за нагодување на осетливоста од 220к треба да се изгуби звукот или ако нема звук се врти додека се појави. Тримерот се остава на самата граница чим ќе се изгуби звукот, а грубо и фино подесување на осетливоста се врши со двата потенциометри 10к и 2к2. Сега детекторот со звук треба да регистрира доближување на некој метален предмет до сондата. Најголема осетливост има кога е подесен споро да „пуцкета“.

Долниот тример од 100к ја одредува фреквенцијата, при подесување МОРА многу да се внимава бидејќи со зголемување на работната фреквенција се зголемува и струјата што ја влече уредот, во крајна положба за секунда може да повлече голема струја и да се прегрее BD911, затоа секое вртење на овој тример мора да биде споро и цело време да се прати колку струја влече детекторот. Кај мене ја подесив фреквенцијата на околу 300Hz, при што потрошувачката е 0,25A. Ова треба да се земе во предвид бидејќи уредот на терен се напојува од акумулатор.

Откако ќе проработи детекторот, треба да се оптимизира вредноста на дампинг отпорникот, на шемата означен како R8 од 180оми, според сондата што се користи, со цел да се постигне максимална осетливост и длабочина. Има два начина да се постигне ова, првиот е со осцилоскоп, а вториот експериментално да се одреди вредноста. Јас ги пробав и едниот и другиот и не приметив којзнае колкава разлика. За ова на местото на R8 привремено треба да се залеми отпорник околу 50 ома во серија со тример од 1к. Гледајте тримерот да е некој поиздржлив, пошто еден од овие прецизните ми прегоре, оној лево на сликата:



Доколку имаме осцилоскоп, го приклучуваме на пин 6 од LM357, по што најверојатно ќе видиме нешто како на следната слика:



Целта е со вртење на тримерот да добиеме нешто вакво, значи да ги елиминираме сите пикови доколку ги има:



Еве една анимација како отприлика би изгледало подесувањето:



Откако ќе добиеме осцилограм како на втората слика, внимателно да не се измрда се одлемува тримерот и отпорникот, се мери вкупната отпорност и се заменува со фиксен отпорник со најблиската вредност.

Доколку немаме осцилоскоп, со вртење на тримерот и проба со разни метални предмети ја наоѓаме положбата кога детекторот е најосетлив и после постапката е иста, ја мериме вкупната отпорност и ја заменуваме со фиксен отпорник.

Како што пишав, нема некоја претерана разлика во двата начина, за поголемата сонда од 29cm вредноста на дампинг отпорникот со осцилоскоп ми излезе 350ома, со втората метода на проба 370ома. Со ова подесувањето е завршено и би требале да имаме максимална осетливост и длабочина.

За крај, еве и неколку видеа, првото е како детектира мала паричка - 20 евро центи:


Поголема пара, не знам што метал е:


Златен прстен:


Метално лимено кутивче:


Метален овал:
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Napsterce

  • Нов член
  • *
  • Posts: 29
  • Gender: Male
Re: Метал детектор Sandbanks
« Reply #1 on 30.06.2022, Thursday, 08:37:54 »
Добар е Sandbanks, но мислам дека Felezjoo е подобар, исто едноставен за изработка, длабочина одлична но за разлика од Sandbanks има дискриминација и има Iron Reject. Слаба страна му е што користи LF357.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3165
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Метал детектор Sandbanks
« Reply #2 on 01.07.2022, Friday, 13:06:18 »
Pickini последниот верзија 4 е сличен на Felezjoo, а користи само еден LM318 и пикот, се мислам да го пробам него. Овие со микроконтролер дефинитивно се најлесни за правење, плус имаат многу автоматизирани функции, овој на пр. сам си се подесува и калибрира на секое вклучување и само тераш...
Code: [Select]
http://users.telenet.be/willaert/MD/pickini/pickini_en/V4/intro.htmlПошто мене во случајов ми требаше „дубинец“ за поголеми предмети, дискриминацијата и не ми е нешто пресудна, мада добро е да се има. Моментално спремам плочки за DBP2010 па ќе видиме како ќе се покаже тој.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Napsterce

  • Нов член
  • *
  • Posts: 29
  • Gender: Male
Re: Метал детектор Sandbanks
« Reply #3 on 01.07.2022, Friday, 22:02:05 »
Felezjoo ти е "дубинец", дискриминација максимално до 1.5м, зависи од големината на предметот и од почвата. DBP2010 е прилично комплициран за изработка а за возврат не добиваш нешто кој знае што повеќе од овое. Добриот глас му е на стара слава, сепак е еден од првите модели и така стекна слава.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3165
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Метал детектор Sandbanks
« Reply #4 on 02.07.2022, Saturday, 11:32:17 »
Немаше некоја за*банција со Felezjoo дека после 200 вклучувања треба повторно да се програмира микроконтролерот?
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Napsterce

  • Нов член
  • *
  • Posts: 29
  • Gender: Male
Re: Метал детектор Sandbanks
« Reply #5 on 03.07.2022, Sunday, 11:32:22 »
Да, но тоа е на демо фајлот, можам да ти пуштам фулл без бројач на вклучувања.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3165
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Метал детектор Sandbanks
« Reply #6 on 03.07.2022, Sunday, 14:54:53 »
Ај ќе ти пишам мој мејл преку ПП, па ако сакаш пушти... :)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4065
  • Gender: Male
Re: Метал детектор Sandbanks
« Reply #7 on 11.07.2022, Monday, 23:03:04 »
Кога си се тетовисал бе ?

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3165
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Метал детектор Sandbanks
« Reply #8 on 12.07.2022, Tuesday, 00:23:47 »
Внук ми е тоа, не сум јас, знаеш дека не се шарам со такви глупости... :D
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4065
  • Gender: Male
Re: Метал детектор Sandbanks
« Reply #9 on 15.07.2022, Friday, 22:27:32 »
ја реков си се избудалел на старост,то си се стекнал со личен асистент :D

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3165
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Метал детектор Sandbanks
« Reply #10 on 15.07.2022, Friday, 22:34:55 »
Уште е чирак, далеку е од асистент  ;) :D
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4065
  • Gender: Male
Re: Метал детектор Sandbanks
« Reply #11 on 16.07.2022, Saturday, 13:35:14 »
хехе