Author Topic: Нуловање на зграда - новоградба  (Read 608 times)

Offline Aowek

  • Нов член
  • *
  • Posts: 1
Здраво до сите,

Прв пост на форумот :)
 
Немам познавање од електрика речиси никаков освен да врзам сијалица и штекер друго ништо.

За брзо се вселувам во стан , новоградба 2022 и сакав да поставам фид склопка во станот , другарче работи електрика дојде средивме се останато на крај фидот. Го инсталиравме и постојано фидот паѓаше кога ќе ги уклучев долните осигурачи. Се посоомнева на нуловање . Се јавивме кај инвеститорот и потврди дека е нулован систем цела зграда , како што знам тоа е забрането и во Македонија, видоа се бунам дојде мајстор кој демек ја преработи таблата и го инсталираше фидот.
По тоа што ми објасни на нулован систем нула и земја се врзани заедно и фидот никогаш нема да трипне на 0 и земја само на фаза и земја или фаза и 0. Тестираше со допирање на фаза и 0 паѓаше фидот. Било пуштено 4 х 10 кабел наместо 5 х 10, за фидот да работи правилно треба 5 х 10 кабел.

Фала ви однапред за помошта и советите.

Ме интересира дали е ова стварно забрането да се намести во зграда или не ?
Дали фидот си ја врши својата функција на овој начин или ме смотаа само колку да не се бунам?
Во згради на Голден Арт сум видел секаде имало фидови.
Зошто некој би нуловал во ова време? Дали е толку поефтино од одвојување на земја и 0.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4065
  • Gender: Male
поефтино е, затоа, инаку треба да е забрането. а фидот ќе си работи чим паѓал.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5323
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
ЕВН не поврзува објекти на мрежа доколку немаат исправно заземјување, ова е малку чудна ситуација во моментов..
Консултирајте се со некој кој извршува надзор на електрични инсталации а не е поврзан со инвеститорот на градбата..
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline mikromk

  • Нов член
  • *
  • Posts: 40
Чудно но вистинито,треба да се побара записник од техничкиот прием на зградата.Дали воопшто е  проверено заземјувањето.Без технички прием зградата не смее да се користи.Ред Бул и се е можно.

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 989
  • Gender: Male
ФИД склопки сега гледам се ставаат како стандард во новите градби.

Порано знам дека ставаа фид склопка онаму каде што беше слабо заземјувањето (еден вид замена/дополна на заштитата).

Тоа што ти кажале дека ќе реагира само на фаза и 0 или фаза и земја е точно, реално и нема некоја шанса од струјата што би течела помеѓу 0 и земја да ти се случи нешто, така што според мене е во ред заштитата..
Life is too short to remove USB safely ..

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4065
  • Gender: Male
Прав си, ама ако протекува некаде струја од фаза кон земја, тоа коѓта, вака фидот ќе исклучи.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Цела зграда нулована е, само кај тебе смениле ;D ;D ;D... мижи асан да ти баам ;D ;D ;D.

Треба цела инсталација на цела зграда да се преправа за тоа. Кај тебе ги одвоиле преку фид склопката нулата и земјата, за да работи исправно склопката, ама пак на крај, кога ќе влезат жиците во табла, пак се врзани нула и земја заедно ;D.

Штедат на кабли, тоа е тоа ::). Како што пиша, наместо 5 x 10, ставен е 4 x 10 кабел ::). Немој да се чудиш и ако се фаќани дијагонали наместо прави агли при поставување на инсталацијата. Провери со cable finder пред да бушиш за да монтираш телевизор на ѕид или нешто слично, да не случајно поминува кабел таму ::). Абе Македонска работа, што да кажам ::). Освен ако не е гипс картон ѕидот, тогаш и да бушиш, и да го погодиш, само ќе го подбутнеш малку кабелот, ништо повеќе ;D... или евентуално малку изолацијата ќе му ја соголиш со бургијата, ама ништо страшно, и онака он слободно може да си се движи во ѕидот ;D.

Ме интересира дали е ова стварно забрането да се намести во зграда или не ?

Јас барем колку што знам, да, е. Кај некои згради, помали, порано, и вака се поставуваше инсталација, ама по повеќе проблеми со инсталацијата (напонски разлики, запалување на уреди, итн.), ова се забрани.

Види, куќа твоја ако си градиш, како сакаш прави, не е забрането, ама во заеднички стамбени објекти, да, колку што знам, забрането е.

Зошто некој би нуловал во ова време? Дали е толку поефтино од одвојување на земја и 0.

Кога градиш 5 згради во исто време и кога треба да набавиш 20, 30km кабел за каблирање на сите и кога цената на 4 x 10 е 1000 евра по km, а на 5 x 10 1250 евра... овој 4 x 10 изгледа доста примамливо ::).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."