Author Topic: Враќање на аналогна телевизија  (Read 3113 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Законски е забранета ?

Да, не смееш во етер да пуштиш аналоген телевизиски сигнал.

5г е долгорочен проект, но и сега има луѓе што сакаат ко ќе појдат на тик ток во секунд да им се уплоадира глупоста што ја снимиле ( секоја чест на исклучоци) или ко ќе отвои видеа на тик ток одма да му се наполнат или ко ќе премотува видео на yt инстант да му се пушти.

Ова е апсолуно неиздржано. Можеш и со 4G да го правиш тоа, 4G овозможува брзини до 300MBit/sec (околу 30-тина мегабајти во секунда), што е повеќе од доволно за upload на било каков материјал скоро инстантно. Дали операторите ја овозможуваат таа максимална брзина до корисниците, дали системот може да поднесе товар од 200, 300, 1000 корисници по клетка, сите да upload-ираат/download-ираат со таа брзина и дали си на локација на која, според моменталната распределеност на клетки (келии, базни станици), ќе може да се постигне таа брзина, тоа е веќе сосема друга работа. Сепак, како технологија, 4G го овозможува ова и нема апсолутно никаква потреба од надградба од овој аспект.

На крајот на краиштата, пак ќе речам, работата можеше да се реши со анекси на 4G и зголемување на data rate до 1, 2GBit/sec, што повторно е повеќе од доволно за било кое сценарио во реалниот свет. Никој не upload-ира филмови од десеттици гигабајти од телефон.

Понатака, ко ќе се усовршат автономсни возила, виде конференции со или без хлорограми ќе има реална примена, ама управување на возило и друграње кога имаш услови ништонема да замени како и физичка средба или состанок.

И претходно имам пишано, и од овој аспект 5G е апсолутно неоправдана. Со HEVC и VVC се постигнува ист квалитет на снимка при драстично помали data rate-ови. Зошто ова не се применува во мобилната технологија... не знам... можеби поради лиценците врзани со комерицијалните HEVC и VVC кодеци, но, искрен да бидам, не мислам дека е таа причината. AV1 на Mozilla е бесплатен (royalty free) и за комерцијални употреби, па освен Google (YouTube), никој друг не го користи.

Класичното радио кое го знаеме веќе умира, го заменуваат разните Streaming Services kako Apple Music, Spotify и разни интернет радиа.

Факт, така е.

Уште слушам радио, барем на работа, ама само колку да дрнда нешто во заднина. Може да пуштам и YT stream и истото да го добијам, не ми прави разлика, бидејќи и онака радиото online го слушам.

Ако гледаме така за лампи и слушање ЛП- плочи треба многу поголема инфраструктура. Колку фабрики постојат што изработуваат плочи, грамофони, игли, лампи, би додал и механички часовници, делови за коли олд-тајмери, итн... иако постои стопати поефтина и исто толку пати подобра технологија??? колку луѓе се вработени во овој бизнис и колку пари се вртат??

Да, ама водени се само од профит, ништо повеќе. Луѓе сеуште плаќаат за такви работи. Ако престанат да плаќаат, верувај и тие фабрики нема да постојат ;).

Од друга страна, нема никаква финансиска причина да се врати назад аналогната телевизија. Ти би плаќал пак РДТ за да се врати назад аналогната телевизија? Со тоа што сметај дека ќе биде драстично повисока (на пример 1000, 2000 денари од домаќинство) бидејќи ќе биде опционално и најверојатно повеќето луѓе нема да сакаат да плаќаат (еве, јас на пример, а верувам и над 95% од граѓаниве, нема да сакаат... истите сервиси ги имам бесплатно, а ќе треба да плаќам за да можам да ги гледам аналогно ::)... ем немам аналоген приемник веќе, ем не ми треба).

Ова баш деновиве ми се деси.. имам кабелска дома од телекабел, со аналогни и дигитални канали. На дигитална гледав, и имаше прекини звукот, повремено се губеше сликата (црн екран)..
Си префрлив на аналогна, имаше пречки - како хоризонтални линии како шум,,. ама можеше да се следи програмата

Ова е стара болка со Телекабел ::) :-\.

Сигналот го праќаат аналогно, преку коаксијален кабел, со QAM/QPSK и тука се јавува проблемот. Инфраструктурата често е неадекватна, а и капацитетот на обичен кабел едноставно е толкав... не можеш да пратиш повеќе од Full HD со bitrate од 2000, 3000kbps со дополнителни уште 100, 200 канали, без притоа да имаш губиток во сигналот. Затоа и Телеком одамна почнаа да се префрлуваат на оптика, не ни пробуваа да оптимизираат и искористат што е можно повеќе од старата POTS телефонска структура со ADSL или некоја слична технологија. Едноставно, не е стабилно и долгорочно како решение.

Знам, и јас сум на Телекабел, истите проблеми ги имам... тоа е тоа, едноставно тоа е квалитетот на услугата за тие пари.

Ова сепокажа како лоша идеја, ко дементни се понашаат децава ако ти избегаат од видик, ни се одѕиваат ни реагираат на промени на надворешна околина.Мада имат и луѓе ко ќе се заакат во тв ко хипнотизирани се.

И со возрасните е слична ситуацијата, ама ние имаме самоконтрола, па затоа помалку се забележува.

Моментално web просторот е огромен mall. Милиони реклами за секакви работи, само за да ти го задржат вниманието што е можно подолго да седиш на платформата на која моментално киснеш ::). Од ова се плашеа многу луѓе, социолози, воспитувачи, филозофи, итн., кои го предвидуваа ова уште пред 10-тина, 15 години, и ете, дојде :-\. Не ми се допаѓа ни мене, но тоа е тоа... Google разви една одлична машина за правење пари и сите останати ја ископираа (FB, Twitter, инт.) и сега, скоро секој online сервис кој е бесплатен работи на сличен прицип, малку од сервисот, повеќе реклами... само за да те задржи што е можно подолго на нивната платформа.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4065
  • Gender: Male
ќе го користат и други работи интернетот, ко ќе дојдат автономните возила ќе има многу повеќе клиенти и саобраќајот ќе се овдива автоматски, за што ќе треба добар проток, но пред се мал лаг и голема стабилност. А ако имаш добар птоток не ти треба компресија. Процесорот ќе го користиш за друго.
4Г и 5Г се истите антени.
5G оди до пар гигабити во секунда.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
ќе го користат и други работи интернетот, ко ќе дојдат автономните возила ќе има многу повеќе клиенти и саобраќајот ќе се овдива автоматски, за што ќе треба добар проток, но пред се мал лаг и голема стабилност.

Мал лаг и стабилност има и сега. Тоа што операторите кај нас се (ќе ми извините на изразот) г*, тоа е друг муабет ::)... со исклучок на Телеком, навистина се најдобри во квалитетот на сигналот пред се. За квалитетот на другите услуги, немам доволно информации, не би знаел.

Верувај, на IOT уреди не им треба ни оддалеку толку голем проток на податоци. Пак ќе кажам, се се решава со компресија на сигнал и адекватна оптимизација, а зошто работите не се одвиваат во таа насока, наместо пронаоѓање на нови технологии за непотребно зголемување на проток на податоци до смешни цифри (20GBit/sec ??? ;D), не би знаел да кажам. Најверојатно, повторно, се само пари во прашање.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline RadioLjubitel

  • Нов член
  • *
  • Posts: 19
    • Македонски форум за електроника
4Г и 5Г се истите антени.

За mmWave 24-26GHz се други антени, секако и за 3,5GHz. Не се како за 4Г

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4065
  • Gender: Male
ами за што ги користат овие антени ?