Author Topic: Враќање на аналогна телевизија  (Read 12681 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Re: Враќање на аналогна телевизија
« Reply #15 on 12.02.2022, Saturday, 10:34:40 (Edited 12.02.2022, Saturday, 13:38:36) »
Каде имаше по живи и по реални бои, аналогна или дигитална ТВ? Или поинаку речено, каде боите наликуваат на вештачки како од цртан филм?

Каде има а каде нема пикселизација при движења особено на фудбалски натпревар или прикажување на море или езеро како се бранува?

На една планина кај што нема во близина предавател, гледав аналогна ТВ од далечен предавател каде соодносот на слика и шум на екранот беше 50 со 50 %. Од кога наместија дигитален предавател на иста локација со иста снага и дијаграм на зрачење (информација од операторот), немам доволно јак сигнал за да се декодира во слика и звук. Сакам да кажам, со аналогната ТВ нешто од нешто ке чуеш и ке видиш при слаб сигнал а сега нема слика и звук ама за тоа имам Тотал ТВ :)

Како тоа не чинела и не чини аналогната? Со неа сите сме израснале и сме поминале години и години гледајки документарци, музика, емисии, вести и што ти не.

Знам дека има луѓе со "дигитален" мозок кои разлилуваат само "1 и 0" и сега одма ке ме оцрнат како АНТИ HD, ама на истите да им кажам дека од 2009 додина имам Сет топ бокс за дигитална ТВ, купен од ентузијастички причини, дигитална сателитска купив во 2000 год. во исто време кога и MTV SAT се прикчучија на сателит а можев да купам и аналоген ресивер секако. А сега да, сум анти HD, бидејки од 2015 година се снимам во 4К (UHD) a и телевизорите ми се 4К. И пак "дигиталците, напредните и прогресивци" нека ме нарекуваат како им дозволува капацитетот. Ова не се однесува на луѓе од форумов туку за дибеци радио-профитери надвор од овој форум кои го гледаат светов само црно и бело.

Друго, дигиталната телевизија АМА конкретно за HD, секако дека има предности во однос на аналогната и дигиталната SD. Има повеке детали, 4К е уште подобра. Дали аналогната ТВ ке се врати? Нема шанса тоа, за тоа што со дигиталната на еден канал ке налупаат 15-18 ТВ а со аналогната имаш една ТВ на еден канал. Се во светов се гледа од економски аспект а не од ентузијазам башка и државата не субвенционира и не потпомага радио ентузијасти.

П.С. Од 2008 година вршев тестирања за прием (во еден случај и емитување во соба) на DRM радио кога уште никој не знаеше за истото.

Од 2019 година имам DAB+ радио и слушав дигитални радија емитувани од Водно, додека "прогресивците и напредните" поима немаа што е тоа DAB или што е дигитално радио и "со цуцла во уста" ми се чудеа зошто сум купул толку скапо DAB+ радио од странство (тука не се продаваа) кога истите радиа ги има и на обичен FM.  Ама нивниот капацитет е толку мал што не можеа да сватат што е тоа МЕРАК, ЕНТУЗИЈАЗАМ  И ХОБИ.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Е ама на аналогната беше ограничен со резолуција и на поголем екран имаше коцкички, 255 беше длабина на бои, сега имаш тв со 5 метра пречник, 16к или повеќе бои, кристална слика итн. Тоа што ти фали замачкувањето и по глаткиот премин од пиксел во пиксел е друга работа, новите технологии имаат многу по прецизна слика т.е. поблиска до реалноста. Ако е добар сигналот т.е. ако овозмошува голем опсег на битови нема да имаш коцкички ни на морето ни на фудбал.
Слушање на ЛП-ки, појачала со лампи или јавање којни  се индивидиуални работи, ако сака некој ке си купи/плати и ќе ужива.
За Аналогна Телевизија треба цела инфраструктура( освен некој во подрум да стави аналоген тв предавател и во дневна да си гледа ТВ), многу пари регулативи итн.
Тоа ти е како да бара некој да направат посебна лента на афтопат за јавање на којни за разонода.
За некој луѓе има кеиф во аналогна тв, јас не гледам ниикаков кеиф во тоа.
Што претставува аналогна тв за мене   :D ;D ;D


јавањето е колективно, на маврово или галичник. И мене не муи е ќеф, ама ете си имат јаваат
Нека извадат дозволи ако си саакаат, мене ни ми смета ни имам потреба така да индиферентен сум.


Инаку нема апосолутна објективност, ако сака некој аналогна тв и за него ако е подобра за гледање секое убедување би било наметнување на личен став, слично како што лампашкиот звук е по дисторзиран и на ниеден металец/рокер нема да му е подобар звукот од д-класа или транзисторски. Колку и да ставаш ефекти и пред-појачала, без ралика што е факт дека ќе измериме помала дисторзија на некое нај ново појачало. Сликата е точки, но ние ја перцепираме како континуитет и не може да се изврши објектино мерење и да се даде апсолутен заклучок за тоа што е точно, во суштина сите различнио гледаме и перцепираме, па од тука точно е дека ХД е по квалитетна и све по на нај, ама не можи да му кажиме на некого дека треба да му е по убава.
Дали треба да се реализира или не, тоа е економско прашање, значи ако има претплатници кои ќе платат унапред одредено време секој ќе реализира, исто  ко со 5г, не чинело ама сите се префрлија на брз интернет, пошто нели, модерно е убаво е. А да не се префрлаше никој, операторите сами ќе ги демонтираат предавателите, не се луди да одржаваат опрема ако нема претплатници.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ама ти не си од тие :D а ни ја :D

Јас не реков дека ги разбирам ;D... само реков дека постојат и такви ;D.

Секое задоволство си има некоја цена :D

Така си е :). Секој си знае за себе, јас за мене :P :D.



Аналогна тв беше и сеуште е лоша технологија за гледајње на тв, но бидејки немаше што друго мораше тоа, сега кога има многу подобра технологија зошто би се враќале на стари проблеми и стресови, макар само за еден канал или само за 15 мин во неделата.

За лоша, не би рекол лоша... има доста маани, но една ГОООЛЕМА предност - континуитет на слика и тон, дури и при лош прием на сигнал. Од овој аспект, не може да се мери со дигиталната. Колку и да е лоша и со снег сликата и шуми, пак нешто се гледа. Иди види нешто при лош прием на дигитален сигнал, се е сец -- сец -- сец и коцкици (пикселизација).

Ништо од тоа не се добива со аналогната телевизија, се добиваат стресови нервози главоболки , мрдни ја антената малку лево да гледам фудбал, мрдни ја малку десно да се слуша подобро, дува ветер лошо, врне дожд лошо, сончево време лошо, итн итн итн.
За времето на аналогната тв кафеаните беа многу по популарни, можеби за да се релаксираат лугето после стресовите од пробување да гледаат тв :)  :)  ;D 8)

Стресови... ај сеа да не ја правиме голема работата :P :D.

Да, не беше пријатно, но далеку од тоа дека би рекол дека беше стресно ;).

Во секој случај, можно е работите да се идеални (или блиску до идеални) во странство, но не и кај нас. Кај нас, имаше и сеуште има проблеми со приемот на определени места, особено руралните подрачја, а овој проблем само се потенцираше со телевизијата бидејќи се користи истиот систем (базни станици) како и за мобилната телефонија. Никој не се нервира премногу ако Маре не се чуе ко што треба со Стојна за денешните „трач рубрика“ муабети, ама ако снема сигнал на омилената Турска серија, знаат да летаат и чаши и чинии ;D.

Споменици најчесто се прават за да се овековечи некој/нешто и му се оддаде некаква почит, и да не се заборави.  Кој би сакал да ја овековечи аналогна тв, да пушти еден канал како за спомен, најголемиот дел од луѓето сакаат да ја заборават.

Не би рекол дека сакаат да ја заборават. Најискрено, доста луѓе гледаат носталгично на неа... исто како и на Југославија и на многу други работи. Муабетот ми е, да се помни по добро :)... а сме имале доста добри моменти поминати со неа :)... како на пример, крадење на аналоген сигнал од кабелските оператори ;D ;D ;D.

Како што кажа GigaWatt  кој сака може да покрене некоја иницијатива, некоја петиција за владата да одобри финансии за аналогна тв.  Доколку некој има доволно пари може да си отвори приватна аналогна ТВ станица.

Мислам дека не можеш... т.е. можеш, ама не смее да оди во етер, смее само преку кабелска да оди. Така оди 24 Вести кај нас, само преку кабелска е достапна како аналогна, не оди во етер, не можеш да ја фатиш со DVB-T приемник. Мада и како дигитална е достапна само преку кабелска :P :D.

Слушање на ЛП-ки, појачала со лампи или јавање којни  се индивидиуални работи, ако сака некој ке си купи/плати и ќе ужива.

Така е, факт, нема збор. Апсолутно се сложувам ;).



Каде имаше по живи и по реални бои, аналогна или дигитална ТВ? Или поинаку речено, каде боите наликуваат на вештачки како од цртан филм?

Каде има а каде нема пикселизација при движења особено на фудбалски натпревар или прикажување на море или езеро како се бранува?

Тоа веќе зависи од самиот телевизор, како и од квалитетот на сигналот. Ако кабелскиве телевизии пуштаа AVC сигнал со асален bitrate, да, ќе изгледаше супер, како што е на запад. Арно ама, кај нас се пушта со 1000, 2000kbps AVC на Full HD и што очекуваш... едноставно не е доволно, за single pass encode, особено на fast (за да биде realtime, мора параметрите да се подесени на fast encode, нема друг начин). За fast encode ти требаат барем 10000kbps за AVC, половина од тоа за HEVC, тек четвртина од тоа (2500kbs, ама ајде, може да пројде солидно и со 2000kbps) за VVC, онолку со колку што праќаат всушност и кабелските, ама за MP4 AVC, а не за VVC ::).

На една планина кај што нема во близина предавател, гледав аналогна ТВ од далечен предавател каде соодносот на слика и шум на екранот беше 50 со 50 %. Од кога наместија дигитален предавател на иста локација со иста снага и дијаграм на зрачење (информација од операторот), немам доволно јак сигнал за да се декодира во слика и звук. Сакам да кажам, со аналогната ТВ нешто од нешто ке чуеш и ке видиш при слаб сигнал а сега нема слика и звук ама за тоа имам Тотал ТВ :)

Повторно, проблем со операторите и квалитетот на сигналот. Воопшто не е проблем со самиот стандард и начинот на кој се предава сигналот. Ако е се како што треба изведено, такви проблеми не треба да има и нема.

Но, да, во право си за една работа (за која апсолтно се сложувам), кај аналогната, и да не беше добар квалитетот на сигналот, барем не сецкаше сликата и звукот. Тоа е неминовна последица на дигитализацијата. Нема начин како да се елиминира овој проблем и во случај на лош прием да се случува истото што се случуваше и во аналогната телевизија - снег и малку шумење во аудиото, но сепак, можеш да следиш програма.

Како тоа не чинела и не чини аналогната? Со неа сите сме израснале и сме поминале години и години гледајки документарци, музика, емисии, вести и што ти не.

Не е дека е лоша, едноставно технологијата оди напред, тоа е тоа... life goes on :).



Дали треба да се реализира или не, тоа е економско прашање, значи ако има претплатници кои ќе платат унапред одредено време секој ќе реализира, исто  ко со 5г, не чинело ама сите се префрлија на брз интернет, пошто нели, модерно е убаво е. А да не се префрлаше никој, операторите сами ќе ги демонтираат предавателите, не се луди да одржаваат опрема ако нема претплатници.

Јас апсолутно сеуште тврдам дека, конкретно за 5G, сеуште, а и за 10 години од сега, нема да има никаква потреба... 20GBit/sec... АЛО... ма не IOT уреди, што сака нека е, 20GBit/sec е смешно... освен на data center, на end user, толкава брзина, нит му требала, нит ќе му треба. Тоа е смешно. Едно се WAN мрежи, друго е end user со потреби како FB, Instagram, Twitter, итн.

5G се направи „пошто зашто“... колку да има напредок и на тоа поле, т.е. за се продаваат уреди со 5G поддршка. Големи пари лежат во тоа, затоа и се направи. Еве, јас, а и многу други кои ги знам, си се или на 3G или на 4G, апсолутно никакви проблеми немаат. Е сега, ако операторите сакаат да форсираат да се префрлиш на 5G со манипулации во стилот на „стегање на интернет вентил за 4G и попуштање на истиот за 5G“, ова е веќе сосема друга работа. А ако ти викаат од операторот дека интернетот ти е спор поради тоа што телефонот ти нема 5G, тоа е, кратко и јасно, лага.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Re: Враќање на аналогна телевизија
« Reply #18 on 13.02.2022, Sunday, 10:35:56 (Edited 13.02.2022, Sunday, 11:25:52) »
Quote
Мислам дека не можеш... т.е. можеш, ама не смее да оди во етер,..
Законски е забранета ?
5г е долгорочен проект, но и сега има луѓе што сакаат ко ќе појдат на тик ток во секунд да им се уплоадира глупоста што ја снимиле ( секоја чест на исклучоци) или ко ќе отвои видеа на тик ток одма да му се наполнат или ко ќе премотува видео на yt инстант да му се пушти. Понатака, ко ќе се усовршат автономсни возила, виде конференции со или без хлорограми ќе има реална примена, ама управување на возило и друграње кога имаш услови ништонема да замени како и физичка средба или состанок. На пример на он лајн конференција не мојш физички да нападниш соговорник :D за 300 год може ќе живееме во матрица ( може и сега живееме ) и некои работи ќе бидат заборавени, новите генереции од епрувети нема да има по што да бидат носталгични и на дрифтањето и телевизијата ќе гледаат со потсмев или презир ама нас ни буди добри спомени. Ене напраја директен стрим во мозокот, така да за некое време цела аудио опрема ќе биде излишна и наместо line array по концерти ќе стаат предавател што ќе биде поефтино а журката ќе се одржи без да сметаш некому.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Чим почнавме да даваме наши мислења за иднината, да кажам и јас што мислам. Према мене во иднина ке изумре радиото во целост а секако и телевизијата ваква како што ја знаеме. Значи нема да има DAB+ и DVB-T, туку се ке оди преку мобилните мрежи (5G или тогаш понапредна некоја) GSM и UMTS (3G) ке бидат исклучени а може и LTE исто така. Нема да има чекање да поминат вестите за да ми почне филмот туку на сајтот на медиумот си бираш што сакаш да гледаш, рублика филмови, рублика емисии, вести и сл. Значи они качуваат а ти избираш и гледаш што сакаш без да го чекаш терминот. Ке се зголемуваат оптичките кабли а на сметка на сателитските комуникации.  Можно е и да се развие 3D технологијата па да се гледаат видеа во 3D и во 360 степени (како да си тамо). Се уште нема начин електронски да се пренесе мирис или вкус, ама не е чудно и тоа да биде некогаш.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Веќе имаш провајдери и сервери што ти овозможуваат да гледаш што сакаш и кога сакаш. Клауд.
Пошетната идеа на Тесла, секој да има пристап до глобално знаење, ама ние ја искористивме за тик-ток :D

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Иднината кој може да је предвиди ке стане мнооооооооогггууу богат.
Класичното радио кое го знаеме веќе умира, го заменуваат разните Streaming Services kako Apple Music, Spotify и разни интернет радиа.
Компаниите како Netflix, Hulu, Amazon Prime Video и слични веќе неколку години нуда услуги каде можеш да гледаш што сакаш.
Има во некои кина 4DX технологија каде покрај 3D  гледање се мрдаат/тресат седишта, дува ветер, прска вода во согласност со сцената, нема да биде долго кога ќе почнат да пуштаат и мириси.
Иднината во преносот на податоци е во дигиталниот пренос на податоци, каде се ке се збута и компресира и пренесува истовремено, со напредокот и поефтинувањето на оптичките кабли и уреди за пренос на интернетсе нуди опцијата оптика до дома со 10Gbit, 50Gbit па дури и 100Gbit брзина на интернет. Со тие брзни и можноста да се пренесувааат секаков вид на информации економски е непрофитабилнол а и непотребно да се користат различни медиуми за пренос на истите информации.
Малку подалечна иднина, ке донесе технологии како  Neuralink на Elon Musk, импланти кои ќе овозможат директен внес на податоци до мозокот.  Elon Musk вика дека со чипот кои сега го имаат развиено веќе можаат да пуштат музика директно во мозокот.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline RadioLjubitel

  • Нов член
  • *
  • Posts: 33
  • Во сеќавање на Дарија Дугина (Платонова)
    • Македонски форум за електроника
MarkoMK, ако сакаш да си направиш аналогна телевизија за по дома и за во двор од ентузијастички причини, земи еден СетТопБокс со РФ излез или ако нема РФ излез купу еден ТВ модулатор од Алиекспрес и поврзи му го. После излезот на СетТопБокс-от/ТВ модулаторот поврзи антенски засилувач ама обратно стави го засилувачот, наместо антена СетТопБокс-от/ТВ модулаторот а наместо телевизор поврзи го со една самоделкана дипол антена од 2 жички од по 12-15цм и ете ти аналогна телевизија, односно реемитување на некоја од постоечките телевизии кои ги примаш со ресиветор. Само и ова е ризик оти сепак зрачиш илегално. Ма да сум фаќал и аналогна кабелска телевизија од соседите од кои им зрачат каблите што им одат до домовите...

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Re: Враќање на аналогна телевизија
« Reply #23 on 14.02.2022, Monday, 18:53:02 (Edited 14.02.2022, Monday, 23:36:20) »
Quote
Иднината кој може да је предвиди ке стане мнооооооооогггууу богат.
Тоа што го „предвидовме“ е блиска иднина и е веќе во подем и секако е ситница во идните години ако не се покаже дека не е корисно.
Па добро ваљда имаат толеранција фо неколу миливати. Треба да се прочита законот

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male

Слушање на ЛП-ки, појачала со лампи или јавање којни  се индивидиуални работи, ако сака некој ке си купи/плати и ќе ужива.
За Аналогна Телевизија треба цела инфраструктура( освен некој во подрум да стави аналоген тв предавател и во дневна да си гледа ТВ), многу пари регулативи итн.


Ако гледаме така за лампи и слушање ЛП- плочи треба многу поголема инфраструктура. Колку фабрики постојат што изработуваат плочи, грамофони, игли, лампи, би додал и механички часовници, делови за коли олд-тајмери, итн... иако постои стопати поефтина и исто толку пати подобра технологија??? колку луѓе се вработени во овој бизнис и колку пари се вртат??
Life is too short to remove USB safely ..

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male

...
За лоша, не би рекол лоша... има доста маани, но една ГОООЛЕМА предност - континуитет на слика и тон, дури и при лош прием на сигнал. Од овој аспект, не може да се мери со дигиталната. Колку и да е лоша и со снег сликата и шуми, пак нешто се гледа. Иди види нешто при лош прием на дигитален сигнал, се е сец -- сец -- сец и коцкици (пикселизација).
..

Ова баш деновиве ми се деси.. имам кабелска дома од телекабел, со аналогни и дигитални канали. На дигитална гледав, и имаше прекини звукот, повремено се губеше сликата (црн екран)..
Си префрлив на аналогна, имаше пречки - како хоризонтални линии како шум,,. ама можеше да се следи програмата
Life is too short to remove USB safely ..

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Чим почнавме да даваме наши мислења за иднината, да кажам и јас што мислам. Према мене во иднина ке изумре радиото во целост а секако и телевизијата ваква како што ја знаеме. Значи нема да има DAB+ и DVB-T, туку се ке оди преку мобилните мрежи (5G или тогаш понапредна некоја) GSM и UMTS (3G) ке бидат исклучени а може и LTE исто така. Нема да има чекање да поминат вестите за да ми почне филмот туку на сајтот на медиумот си бираш што сакаш да гледаш, рублика филмови, рублика емисии, вести и сл. Значи они качуваат а ти избираш и гледаш што сакаш без да го чекаш терминот. Ке се зголемуваат оптичките кабли а на сметка на сателитските комуникации.  Можно е и да се развие 3D технологијата па да се гледаат видеа во 3D и во 360 степени (како да си тамо). Се уште нема начин електронски да се пренесе мирис или вкус, ама не е чудно и тоа да биде некогаш.


Се сложувам со ова.. и сега веќе децава не гледаат телевизија.. претежно се на телефони.. Така да телевизијата како што ние ја познаваме мислам дека за во поблиска иднина ќе замре..
Можда би имало некој канал само колку да не упати што е актуелно на интернет :)
Life is too short to remove USB safely ..

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Веќе имаш провајдери и сервери што ти овозможуваат да гледаш што сакаш и кога сакаш. Клауд.
Пошетната идеа на Тесла, секој да има пристап до глобално знаење, ама ние ја искористивме за тик-ток :D

:) :) :) :) :) :)
Life is too short to remove USB safely ..

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
MarkoMK, ако сакаш да си направиш аналогна телевизија за по дома и за во двор од ентузијастички причини, земи еден СетТопБокс со РФ излез или ако нема РФ излез купу еден ТВ модулатор од Алиекспрес и поврзи му го. После излезот на СетТопБокс-от/ТВ модулаторот поврзи антенски засилувач ама обратно стави го засилувачот, наместо антена СетТопБокс-от/ТВ модулаторот а наместо телевизор поврзи го со една самоделкана дипол антена од 2 жички од по 12-15цм и ете ти аналогна телевизија, односно реемитување на некоја од постоечките телевизии кои ги примаш со ресиветор. Само и ова е ризик оти сепак зрачиш илегално. Ма да сум фаќал и аналогна кабелска телевизија од соседите од кои им зрачат каблите што им одат до домовите...
Може да го пробам ова.. отприлика би имал домет колку за низ куќа??
Life is too short to remove USB safely ..

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Quote
Се сложувам со ова.. и сега веќе децава не гледаат телевизија.. претежно се на телефони.. Така да телевизијата како што ние ја познаваме мислам дека за во поблиска иднина ќе замре..
Ова сепокажа како лоша идеја, ко дементни се понашаат децава ако ти избегаат од видик, ни се одѕиваат ни реагираат на промени на надворешна околина.Мада имат и луѓе ко ќе се заакат во тв ко хипнотизирани се.