Author Topic: Општи дискусии поврзани со високонапонската електроника  (Read 48293 times)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одлично Киловолт сакав да те прашувам за пресметките каде се се извади.РФ транзистори е подобро али се скапи 8)
Убаво зошто се јавува ова
Quote
за една појава наречена динамичко штимање, празнењата кои ги создава секундарот додаваат витални пикофаради капацитет и ја менуваат импендансата на секундарот, што доведува до нестабилна резонантна фреквенција во моментот додека искрата расте или ја повлекуваме од горниот дел... Тоа е доста зезнато во пракса кога користиш идеализирани пресметки. Шмекерко
Незнам сега малку надвор од ова многу ретко е не се јавува кај сите само кај поголеми намотки се јавува.Си слушнал за LR филтер ли и за неговите пресметки и што прави тој кога ќе се внесе во вакви кола.
Е сега кај тебе ова со динамичкото штимање кога ја повлекуваш искрата од секундарот се појавуваат тие витални пикoфаради се појавува некоја капацитивност две електроди сваќаш едната е крофната на секундарот од теслиниот трансформатор а другата е некој метален објект или твојата рака евентуално 8) јас не би рекол витални него паразитни капацитивности така и во литература стручна ќе го најдеш, а ако беше па со РФ транзистори колку поголема фреквенција уште повеќе такви пикофаради ќе има паразитни капацитивности.А знаеме дека и РФ техниката е таква многу се пази на тие капацитивности кои можат да се јават затоа таму кога се прави некој уред посебно UHF се лемат одозгора елементите и се кратат ногиците што можно да се помали бидејќи може да се јави капацитет некој нели две електроди потенцијален кондензатор потенцијална опасност за ВФ уредот при негова стабилна работа.Е сега на еден форум вели вака и кај овие видови теслини трансформатори се јавуваат вакви проблеми пикофаради витални што ги викаш ти и со динамичко штелување и калем друг се спасуваш барем малку од нив за постабилна подобра работа на уредот овде немаш што да кратиш и оклопуваш како кај ВФ техниката.Вели вака освен во високофреквентната техника што не се пожелни   не се пожелни и тука паразитните капацитивности.Нели теслин трансформатор без стабилна резонантна фреквенција не е добар теслин трансформатор.  Зборот ми беше дека треба со калемот на секундарот да се стави уште еден помошен калем за да го нема тоа неможе да го нема скроз да се намалат знатно паразитните капацитивности.Незнам на кој форум го прочитав тоа.Кога гледав за разни вакви керефеќи марифети како stun gun разни теслини трансформатори и друго.Го сменив пребарувачот таму ги имав зачувано линковите треба да барам сега но се си има свое не е само така експериментирај некогаш.Но убаво вели батка ако не знаеш многу добро и не чепкај.Не експериментирај многу многу.Сепак оваа техника незнам не е многу истражена сеуште луѓето не работат толку со овие феномени.Нема толку стручна литература за високиот напон и сите оние појави кој тој ги прави и каква се уште примена може да има.Значи и  они велат нема уште толку стручна литература напишано како за преостанатата електроника 8) 8).И нормално како во високофреквентната техника што е битно да е стабилен предавателот стабилна фреквенција да има така нели и теслиниот трансформатор треба да има стабилна резонантнa фреквенција. ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Quote
јас не би рекол витални него паразитни капацитивности
Па се паразитски, ама во овој случај се витални за нормална и стабилна работа на колото, тоа ми беше зборот... ;)
Quote
Е сега кај тебе ова со динамичкото штимање кога ја повлекуваш искрата од секундарот се појавуваат тие витални пикoфаради се појавува некоја капацитивност две електроди сваќаш едната е крофната на секундарот од теслиниот трансформатор а другата е некој метален објект или твојата рака
Епа тоа динамичко штимање многу е деликатно, кога имаш објекти блиску до она што го менуваат паразитниот капацитет, и го наштимаш за работа во такви услови, после кога ќе сакаш да го демонстрираш пред друга публика, пример на натпревар, искрата ќе биде многу помала и ќе треба повторно штимање...
Има еден интересен феномен во врска со ова. Да земеме еден идеално наштиман ТТ, значи примарната и секундарната резонантна фреквенција да се еднакви, тогаш имаме максимален трансфер на енергија и добиваме празнења (искри). Е сега нели тие искри се проводни, па доведуваат до создавање на некој капацитет додаден на паразитниот капацитет на секундарот. Колку се поголеми искрите, толку тој капацитет е поголем, и толку се намалува резонантната фреквенција на секундарот. Ако се намалува, значи нема да биде иста со онаа на примарот, и трансферот на енергија е помал, што доведува до помали искри. Ако се намалат, значи малку ќе се покачи фреквенцијата, и така оваа појава ќе спречи понатамошно растење на искрите, а ние можеме колку сакаме да ја зголемиме моќноста што влегува во колото. Тогаш се применува штимање на примарот некои 10-20% под фреквенцијата на секундарот, така што искрите ќе ја намалат фреквенцијата на секундарот и двете фреквенции ќе се синхронизираат (можеби не целосно ама доволно добро...).

Quote
Вели вака освен во високофреквентната техника што не се пожелни   не се пожелни и тука паразитните капацитивности.
Зависи каде, во примарот не се пожелни, но во секундарното коло целосно се потпираме на паразитниот капацитет помеѓу намотките и паразитниот капацитет од помеќу торусот и околните заземјени проводници...
Quote
Зборот ми беше дека треба со калемот на секундарот да се стави уште еден помошен калем за да го нема тоа неможе да го нема скроз да се намалат знатно паразитните капацитивности.
Како мислиш поточно? Баш ме интересира...

П.С. За овој осцилаторов "A la Mazzilli"  ;D , незнам зошто го немам видено во switching напојувања, инвертори и слични работи. Многу е прост, многу е ефикасен (MOSFET-ите греат ептен минимално), а е способен за многу големи моќности. Многу е добар пример ако е потребен инвертор да се направи, од 12 на 220, а уште подобро ако треба еднонасочен напон затоа што би можело и феритни трансформатори да драјвува многу ефикасно на многу големи фреквенции. Идеално е ама нигде не го гледам туку гледам еден куп компоненти за добивање на истиот ефект...

П.П.С. Дали на некому му дошла идеја да направи индукциски греач на ист начин коко што работи ТТ, само без секундар, туку примарот да се користи како работна намотка, јас мислам дека е изводливо затоа што многу луѓе кажуваат како метални објекти околу примарот им се загревале. Што викате?
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.