Author Topic: DIY интерконекциски кабли  (Read 3676 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: DIY интерконекциски кабли
« Reply #15 on 28.01.2022, Friday, 14:39:33 »
Абе јасно ми е мене зошто го сецнале заземјувањето, ама ваљда знаат луѓето дека постојат начини да се раздвојат аудио масата и шасијата на уредот за да нема ground loop, да оставиш метална шасија што може потенцијално да дојде во допир со фаза вака да „плива“ е лудост.

Е да, ама не знаеш кој ќе го користи кабелот, дали некој што се разбира или не, плус, доста често производители на аудио опрема не се замараат со такви работи, само гледаат да се продаде производот, а и доста често кај нас се набавуваат најефтините верзии од определен производ или од некој скоро no name производител, така да... тоа е тоа :) ;D. Како брзо и безболно решение, наједноставно е.

Не се замарај многу, ако има ground loop, маса си добива од некаде уредот, не се секирај ;). Муабетот е да не добива од две или повеќе места :P :D.

Иначе и мене ич не ми е верно дека после километри далноводи, трансформатори, ел.инсталации, разни приклучоци, осигурачи и конектори, пола метро кабел ќе направи разлика, ама еве муштеријата вика спротивно, дека разликата е драстична... ::)

Во звук, нема да направи... барем мене не ми прави... ако некој може да ја чуе разликата, ОК, нека си купува DIY или скапи кабли, јас не ја слушам, така да, јас ќе си користам купечки :D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4065
  • Gender: Male
Re: DIY интерконекциски кабли
« Reply #16 on 28.01.2022, Friday, 18:15:25 (Edited 02.02.2022, Wednesday, 18:04:52) »
...можам само да потврдам дека петпарачните греат со 1KW па нагоре SMPS напојувања за PC ;D.
Кој копал коинин  ::)  ;D ;D ;D
Што е фркава со граун лупот, оти се јавува проглем ?

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 882
Re: DIY интерконекциски кабли
« Reply #17 on 28.01.2022, Friday, 18:39:09 »
Имам дома мало брдо вакви со EU plugs, и квалитетни и петпарачни, секакви... искрено, немам чуено разлика во звук меѓу петпарачните и квалитетните
Нема ни да чуеш.  ;D


муштеријата вика спротивно, дека разликата е драстична... ::)
Тоа за мене е мижи Асан да ти баам.  ;D



Да не поврзеш заземјување на метален потрошувач треба да се третира како кривично дело.
Жан

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 712
  • Gender: Male
Re: DIY интерконекциски кабли
« Reply #18 on 28.01.2022, Friday, 21:32:45 »
Се сложувам со @GigaWatt и @Zan, но аудиофилите се една врста секта кои ние останатите не можеме да ги разбереме. :D


Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4065
  • Gender: Male
Re: DIY интерконекциски кабли
« Reply #19 on 29.01.2022, Saturday, 11:15:55 »
Тачно, а ако е масата откажана може да е и убитачно

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: DIY интерконекциски кабли
« Reply #20 on 02.02.2022, Wednesday, 18:14:16 »
Нема ни да чуеш.  ;D

Знам ;D... ако не слушав кога бев тинејџер никаква разлика, сега па ич па ;D.

Тоа за мене е мижи Асан да ти баам.  ;D

Ако бе, нека слуша ;D. Тоа се добри муштерии ;D ;D ;D... за секакви глупости те бараат ;D.

Да не поврзеш заземјување на метален потрошувач треба да се третира како кривично дело.

Да, ама ground loop навистина знае да направи проблем :-\... и кај аналогна и кај дигитална опрема (кај дигитална може и да не се осети, ама кај аналогна, и те како се осеќа).

Види, масата уредите ќе ја добијат од некаде, дали од едно место или друго, не е ни важно, важно е looping да нема ;).

Се сложувам со @GigaWatt и @Zan, но аудиофилите се една врста секта кои ние останатите не можеме да ги разбереме. :D

Ако ако, нека ги има, добри муштерии се, за 10 минути работа фрлаат по 1000-че, две ;D.

Тачно, а ако е масата откажана може да е и убитачно

Е да, ама некогаш знае да направи проблем... не секогаш знаеш како ќе се врзе некоја опрема и дали ќе се врзе за нешто што веќе зема маса од некое друго место.

Ова е особено проблем кај нас кога работите се крпат на еден или друг начин. Како што наведов, човекот живее во зградата, студиото му е во подрумот... Зошто? Епа за да не плаќа за да патува од едно до друго место, плус да не мора да се симнува до подрумот кога ќе му треба master да прави ::).

Вакви „комбинации“ западњаци не прават. Ако прават, прават како што треба и фрлаат добра пара за тоа. А вака, дел јас сам, дел длетачот, дел гипсарот, дел електричарот, па после ќе викнам некој за каблите измеѓу, па пуштај, па кабелот бил поевтин, па вака, па така... такви комбинации не прават западњаци. Си зема фирма, фирмата си е одговорна за целата изведба, ако нешто не одговара, си вртиш на фирмата „вака и вака, има проблем“, а не сега, како кај нас, дали да вртиш на тој што длетал, дали на тој што гипсал, дали на електричарот, дали на каблерот ::)... ама, знаеме како одат работите кај нас, пуста сиромаштија. Крпиш и кај што треба и кај што не треба :-\.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4065
  • Gender: Male
Re: DIY интерконекциски кабли
« Reply #21 on 03.02.2022, Thursday, 07:28:20 »
Може некој подетално да го објасни проблемот со граун луп?

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 882
Re: DIY интерконекциски кабли
« Reply #22 on 03.02.2022, Thursday, 18:12:47 »
Може некој подетално да го објасни проблемот со граун луп?
Еве еден пример. Да речеме дека имаш радио приемник поврзан на аудио засилувач. Масата од радио приемникот е поврзана на металните делови од кутијата, а исто така и на заземјувањето. На засилувачот, исто така масата е поврзана на металните делови од кутијата и на заземјување. Каблите за напојување 220V се уклучени во различни штекери на кои што заземјувањето е поврзано заедно во разводна табла. Така се јавува кружна маса или Ground loop. Почнувајќи од радио приемникот, преку заземјувањето од кабелот за напојување, масата оди во разводна табла, па од таму преку друг кабел за напојување оди до засилувачот, кој што е поврзан со аудио коаксијален кабел со радио приемникот. Со овој граунд луп или кружна маса се создаваат пречки/брумови кај аудио уредите. Сепак мислам дека квалитетни и добро дизајнирани уреди не би требало да имаат ваков проблем. А оние таканаречени аудиофили кои што го сечат заземјувањето за да ги избегнат овие пречки, најверојатно имаат некоја опрема од трета класа, но сепак слушаат “неспоредливо“ подобар звук со DIY кабли за 220V кои што се опасни по живот.
Жан

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 989
  • Gender: Male
Re: DIY интерконекциски кабли
« Reply #23 on 03.02.2022, Thursday, 19:14:49 »
Колеги,
Мислам дека на добро место ке го поставам прашањето - се работи за направи-сам интерконекциски кабел за електрична гитара.

Сакам да направам нов, пошто овој сега што го користам е со гитарата купен и не е некој квалитет..

па ме интересира, некој предлог да дадете каде може да се купи кабел, коаксијален ама да биде плетен (како од пегла :) ) мислам би издржал повеќе таков..
Life is too short to remove USB safely ..

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4065
  • Gender: Male
Re: DIY интерконекциски кабли
« Reply #24 on 04.02.2022, Friday, 22:42:23 »
@Zan името доволно се самообјаснува :) ама зошто прави проблем, тоа не мо беше јасно :) сепак фала за одговорот :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: DIY интерконекциски кабли
« Reply #25 on 07.02.2022, Monday, 19:06:50 »
па ме интересира, некој предлог да дадете каде може да се купи кабел, коаксијален ама да биде плетен (како од пегла :) ) мислам би издржал повеќе таков..

Земи си класичен микрофонски кабел (Tasker, го има во Loging), едната жила искористија за сигнал, другата врзи ја за маса (ширм), ама само за едниот крај (веќе правеме муабет, ground loop :P :D), другиот крај затвори го со изолир трака или панцир црево и остави го да виси ;). Мислам дека ќе ти ги задоволи потребите ;).

@Zan името доволно се самообјаснува :) ама зошто прави проблем, тоа не мо беше јасно :) сепак фала за одговорот :)

И двата уреди преку две различни места се врзани за маса и масата прави loop. Какво и да е електромагнетно поле кое ќе се индуцира во тој loop (најчесто, најблиску се каблите од фазата и нулата и затоа најчесто само се слуша нискофреквентен брум со некои дополнителни високофреквентни пречки, шум, што и да е што се индуцирало во проводникот како сигнал од околни уреди) и јачината на сигналот многу споро опаѓа во loop-от. По правило, треба да отиде кон маса (земја), ама ако отпорноста во loop-от е помала отколку онаа према маса (доста честа ситуација, loop-от е направен од проводници, масата на крај завршува во земја, со далеку поголема отпорност во однос на било кој проводник), сигналот почнува да се движи во круг (во loop-от) наместо да оди накај земја (оди по линија на најмал отпор), и така, завршува пак во уредите од кои потекнува електромагнетниот шум, и пак влегува во кругот, и така се додека на опадне сигналот се до нула поради отпорноста во каблите... но, бидејќи електромагнетите пречки се генерираат континуирано, практично ова значи дека сигналот во loop-от никогаш нема да опадне до јачина нула... барем се додека постои loop-от. Ако се прекине loop-от, се се враќа во нормала, нема брум и шум во уредите и сигналот, брумот и шумот најнормално си одат накај маса (заземјување).

И ете затоа, аудиофили им вадат заземјување на уреди. Нивната логика е, подобро е да е незаземјен, отколку да си кршам глава со брум и шум ::). Ова го оправдувам само како „5 за 12“ решение кога си викнат да местиш аудио опрема на некоја локација на која треба за половина час да настапува некој. Во секоја друга комбинација, кога се има време и опрема да се измери и проба, ова не е решение, се знае кое е решението, ѕвездасто врзување на масите во инсталацијата (сите имаат иста почетна точка и, по можност, иста должина на жилите за масата - ова не е секогаш изводливо, но ако може да се направи да биде вака, би било добро ;)).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 989
  • Gender: Male
Re: DIY интерконекциски кабли
« Reply #26 on 08.02.2022, Tuesday, 12:11:05 »
...
Земи си класичен микрофонски кабел (Tasker, го има во Loging), едната жила искористија за сигнал, другата врзи ја за маса (ширм), ама само за едниот крај (веќе правеме муабет, ground loop :P :D), другиот крај затвори го со изолир трака или панцир црево и остави го да виси ;). Мислам дека ќе ти ги задоволи потребите ;).
...

Фала батка .. ке отидам до логинг..
Life is too short to remove USB safely ..