Author Topic: Случајни муабети  (Read 828453 times)

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #5835 on 22.09.2015, Tuesday, 18:45:36 »
Вака, учењето не е никаков проблем, од 1 одделение, ајде нека биде од 6 кога веќе почнувам да имам построги предмети и професорите, секоја година сум со просек 5.00. Јас барам квалитет, а не како во Прилеп што е училиштето, 90% од учениците не се цивилизирани, немаат општа култура. Во тоа училиште е лесно да добиеш 2, но не и 5. Друго, првите две години, професорите вложуваат максимален труд, откако ќе видат дека одредени ученици не се однесуваат примерно тие тоа го престануваат и тоа оди на одраз врз учениците кои што се примерни и се интересираат за учењето (ова е мислење од дипл. електро инженер, кај кого оваа година со негова помош ќе се едуцирам, исто така тој ми вели да одам во гимназија, бидејќи ако сакам да се запишувам на факултет, а сакам, во гимназија турбо се работело физика и математика, а тоа и се бара на факултет).

Offline Clear Sky

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
  • Gender: Male
  • Се шо се прај е убоо!!!
Re: Случајни муабети
« Reply #5836 on 22.09.2015, Tuesday, 19:54:43 »
Ти кажав во пп, во Ѓорѓи Наумов ќе научиш ти колку што сакаш. Точно е, учениците и овде се за нигде, но тоа не е проблем ако малку имаш карактер и не станиш ко нив. За опременоста, во Македонија има само едно поопремено училиште во Скопје . За професорите (стручните), ќе ти кажам за мојо смер енергетика, од 6 професори само  тројца се асолни и нема нешто шо не знат, другите се пред пензија и смачено му е(да се расправат со будали). Се она шо не можеа да го објаснат едните ги прашував другите, никогаш не бев одбиен. Не бев одбиен ниту да работам на глодалка, а ако бев енергетичар шо значи имаш големи можности. На натпревари учениците секогаш земват места, еве јас да се пофалам лани бев прв во цела електротехничка струка во Македонија. За то дали да одиш во гимназија размисли дали математиката и физиката ти се поважни од то да научиш занает и да имаш пракса или да учиш математика и на факултет да бидиш ко од Марс паднат за стручните предмети. 

Offline Unforgiven

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 72
Re: Случајни муабети
« Reply #5837 on 22.09.2015, Tuesday, 20:35:22 (Edited 22.09.2015, Tuesday, 20:37:27) »
значи вака редовно го следам форумов, али како гостин, дека ме мрзи да се најваувам. Но ме бодеа во очи постовите на атанас па решив и јас да дадам мое мислење. Другарче атанас најдобронамерно ти препорачувам да се пронајдеш најпрво самиот себе бидејко очигледно е дека си изгубен. Би ти препорачал да размисили дали после сите глупости што ги имаш истресено и сите добро критики упатени према тебе кои ти ги имаш отфрлено, Електро струката е сеуште за тебе...

размисли што планираш да перспектираш понатаму бидејки со овие глупости има уште прва година да заглавиш со елетротехника и математика посебно ако професорите ти се погодат некои навистина добри во обратна смисла, планирај како ке се снаоѓаш...


Другар z31gh ти си завршил многу одамна средно образование и не е ни чудно што не ти е позната сегашната состојба на образованието.
Бидејки сега средното е задолжително и магаре да врзеш и тоа ке помине. Значи не е проблемот да заврши проблемот е што откако тој ке заврши не верувам дека нешто многу ке научи (судејки според коментарите на форумов...) и само ке ги попречува компетентните кои имааш завршено со знаење а не ради реда.


Пак да се навртам на првото. Атанас ако сепак се одлучиш да одиш не електро не се секирај премногу за учениците, професорите и опремата, бидејки и да има опрема повеке ке учите теорија наместо практична настава, секаде е така, тоа е  вистината. истото важи и за професорите во секое школо има по некоја будала која не се замара и ке те нервира ама ке мора да трпиш ако сакаш да завршиш. А будали ученици ги има за извоз најверојатно некој период додека си во средно и на тебе ке ти проработат тоа мушичките( стручно пубертет) па и ти може да станеш еден од нив само гледај да не излезе од контрола  ;D ;D  

и уште нешто, велиш дека сакаш квалитет, а ти самиот не го претставуваш тоа...
и како што рече батка неможе да чекаш само од школото бидејки таму само ке набубаш теорија и непотребни работи ке учиш од некои книги напишани во 3 век  п.н.е или ке учиш програмски јазици постари од самата земја. така да најдбро е да си земеш црно на бело без разлика дали со 5 или 4 ( остало не се прифака) и научи некој курс или нешто практично, бидејки кога ке работиш никој нема да бара од тебе да решаваш квадратна равенка или да пишуваш програми за просек на ученик итн...

Мој совет учи стручни предмети и факај пракса додека е на време...

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #5838 on 22.09.2015, Tuesday, 21:27:42 (Edited 22.09.2015, Tuesday, 21:50:38) »
@Atanas
Твојот професор, кој е да е е заслужува воспитна ШАМАРЧИНА  >:(
Никогаш не било правило дека гимназијалците од математички смер се подобри на електрофакултетите од тие што учеа 4 години средно електро. Со чест на исклучоци се разбира, но тоа е до ученикот а не до гимназиското образование.
Јас сум видел дипломиран машински инжинер што вентилите од мотор со внатрешно согорување ги нарече клипови! Никогаш не видел во животот отворен мотор од автомобил а има титула  ејјјјјјј Дипл. маш. Инжинер. И некој таков утре или другиден ќе ми биде претпоставен. Па има в лице да му се смеам.
Истиот тој машински инжинер заврше машински факултет а беше дојден од гимназија. Не иде тоа бе! А законски е дозволено, да.
Тоа е исто како јас од средно техничко училиште да одам да студирам за хирург, а не знам ни колку коски има во човековото тело како и латинските имиња на внатрешните органи. Комплетно анатомијата на човекот не ја знам а сум хирург. Е како да не, ни за ајван доктор нема да ме бива.
Да не се разбереме погрешно. Гимназиското образование е прекрасно образование, нема никогаш да речам дека не чини. гимназиското образование е повеќе ако одиш на Правен факултет, Факултет за безбедност, Филозофски факултет, Филолошки факултет, Воена академија, политички науки, односно на факултети кои не бараат насочено образование.
Јас од средно машинско се запишав на машински факултет но не дозавршив, имам чисти две години. Со мене студираше еден В.С. од Охрид. Дипломира со 10-ка. По неколку месеци дојде кај мене за да види како изгледа Струг, односно за прв пат во животот да види дребонг, а дипломира на таа тема. И тој беше гимназијалец.
Ајде да разјасниме.

Пример 1.
Двајца одлични средношколци, еден гимназијалец, а друг од електро.
Двата дипломираат со 10-ка на електрофакултет. Зошто велам дека тој што учел електро е подобар?
Бидејќи на електро факултет нема да те учат на основите на електротехниката, се оди на виша математика. Во таков случај гимназијалецот нема да знае што е катодна цевка од телевизор, а за лемење да не правиме муабет.

Пример 2.
Двајца одлични средношколци, еден гимназијалец, а друг од електро. Двата дипломираат со 10-ка на правен факултет. Е тука гимназијалецот ќе биде и те како подобар од тој што се запиша од средно електро. Гимназијалецот во гимназија додека беше, учеше општествени предмети и многу подобро ќе се снајде во струката отколку овај другиот, односно на сите факултети кои погоре ги обележав со потемно.

Според мене........Кога се запишува некој во средно, мора да знае што сака. Доколку некој сака да студира на политички науки, или да студира на горенаведените факултети кои ги обележав со потемна боја што мајка бара да се запише во медицинско средно училиште кога медицината воопшто не го интересира!? Подобро истиот да оди во гимназија и дури тогаш на факултетот за политички науки.
Истото е и со насочените струки, насочено средно одлично се вклопува со факултет од истиот смер.

Но чекај???? кој сум јас да зборувам за ова? Законски е дозволено да се направи кајгана и бучкуриш меѓу средно и високо образование.
Јас дадов само мое мислење како гледам на овие работи, а кој каде ќе се запише е негова работа и негово право.

П.С. Почитувани форумџии кои сте завршиле гимназиско образование..... Ве молам не ме сфаќајте погрешно. Јас тука не го нападнав гимназиското образование, туку напротив реков дека тоа е прекрасно образование кое најдобро се вклопува со општествените науки.
Hams do it! With Frequency

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Re: Случајни муабети
« Reply #5839 on 22.09.2015, Tuesday, 23:05:12 »
Незнам како е сега на електротехнички факултет, но кога јас бев бруцош, а тоа беше многу одамна (моите деца се поголеми од Атанас) гимназијалците беа слободно можам да речам со веќе завршена прва година, поготово оние од Корчагин и Струмичката гимназија. Така што воопште не држи вода дека оние од стручните училишта се во некоја предност. Напротив. Да, во предност се, ама ако после средно сите одат во фабрика да работат. Инаку и јас завршив средно стручно. Што се однесува до практичната настава. Јасно е дека неможе никој да бутка повеќе пракса од теорија. Зошто? За да работиш треба од некој материјал да правиш нешто што ретко дека некому ќе му користи. Тоа значи трошоци, трошоци и трошоци. Еве земи пример и машинска насока. Ако секој ученик во месецот  треба да изделка на дребонг по три-четири парчиња округло железо фи 30-ка со должина од 200мм кај ќе им биде крајот на тие што го финансираат училиштето? Значи, не очекувај дека некаде се работи повеќе а некаде помалку. Тоа е капацитетот на државата. Затоа сите одат на повеќе теорија. Мора да се пополни времето. Тоа го прават и на факултетите. Најдобар пример ти е машинскиот факултет. Откако едно време останаа без студенти им текна на професорите дека ќе останат без своите удобни позиции (фамилијарни, нели по традиција) па почнаа да произведуваат машински инжинери на ексцентар-преса. Еве ти го испитот дома, реши го, па дојди утре на испит да глумиш дека полагаш испит. Пракса неможат да понудат многу, а теоријата не е модерна веќе, затоа еве некој компромис.  А средното ти е обавезно  (= квалитет -> 0). Што вели еден мој пријател: Описменување на нацијата со декрет.

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Случајни муабети
« Reply #5840 on 22.09.2015, Tuesday, 23:56:41 »
Тоа што средното образование беше направено задолжително е најголемата грешка во образованието. Зошто?
-Сите мора да завршат средно некогаш. Затоа што и најдобрите и најлошите ученици мора да завршат средно, поминуваат деца што имале и неколку единици кои на пријателска база се поправени на совет, или пак професорот на слепо им пишува доволни оценки и по еден час поминат на продолжителна настава. Дури некој и да ја повтори годината, никој не ја повторил повеќе од двапати, и пак ќе матурира со апсолутно никакво знаење. Катастрофа!
-Затоа што сите мора да одат во средно, се мешаат деца што навистина ја сакаат струката со деца што целта им е со минимално учење да ја поминат годината. Овие вториве се многу склони кон насилништво врз првите, што доведува до откажување на многу добри ученици од струката и нивно преместување во друго училиште.

Уште едно нешто, катастрофа е што за профили од електро струка се потребни минимум 50 поени, а за гимназија 70. Какви флегматични деца има во мојот клас неможам да ви опишам. Деца со ставот "еднаш се живее" и "сакај го креветот свој како самиот себеси" според мене не треба да завршат средно стручно бидеќи и Електротехнички материјали и елементи за прва година им беше многу, да не зборуваме за Електротехника...
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #5841 on 23.09.2015, Wednesday, 00:08:53 »
Никогаш не било правило дека гимназијалците од математички смер се подобри на електрофакултетите од тие што учеа 4 години средно електро. Со чест на исклучоци се разбира, но тоа е до ученикот а не до гимназиското образование.

Друже, еве од прва рака, јас ќе ти кажам дека не е така. Јас имам завршено средно стручно и верувај на електро (ФЕИТ, ЕТФ) ни беше потешко на нас, оние кои завршивме средно стручно. Барем на почетокот, прва и втора година, дур ги имавме математиките (до втора година, заклучно со втора година ги полагаме, имавме 4 математики, не знам како е сега, многу смерови има и програмата е сменета неколку пати откако се воведе кредит трансфер системот), верувај, многу повеќе учевме.

Реално гледано, 5-ка математика во стручно е 3-ка или 4-ка во математичка гимназија. Цела среќа што имав одлична основа и што имав решено еден тон задачи математика во средно, инаку, верувај, на електро, најстрашни во прва и втора година беа математиките. Имам чуено дека веќе не е баш така, како што беше, тоа се познава и по задачите кои се даваат на испит (ги имам видено), но тоа е тоа :S.

Верувај, гимназијалците не јадеа, нема збор, ама потоа сите се изедначуваме... мислам на тие што ќе останат на електро ;D. Е сега, оние кои беа со средно стручно и кои имаа добра основа по стручните предмети во средно, ги јадеа гимназијалците во електротехниките, ама тие се само две во прва година и уште две електроники во втора, толку. Верувај, за грото предмети, во прва и втора година, пред се е важно добро да знаеш математика. И понатаму ти треба, ама „луштењето“ е во прва и втора година ;D. Кој преживее, преживее, кој не... ништо, или квадрат или пакувај си парталите ;D.

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #5842 on 23.09.2015, Wednesday, 14:17:57 »
Добро е што има различни мислења за проблемот со средното образование(ако го потегнеме високото ке отидеме превисоко! 8)).Факт е дека образованието ни е слабо,на ниски гранки,од  основно до средно! Во било кое училиште за средно образование постојат два типа професори (оние кои си свиркаат и оние кои сакаат да работат,ама немаат нити услови, а се помалку желба!).Проблемот е што средината е таква што на професорите им се врзани рацете и недајбоже ако им се стили некој родител или ученик,дури и може да летаат од работа.Затоа - линијата на помал отпор- не се замарај, гледај си работата и денот да ти мине!! Професорите немаат услови да креираат настава,преоптоварени се со администрација,промени на наставни програми,вечити семинари,водење двојна администрација. Учениците имаат преголема слобода,а малку знаење,а и ретки се оние кои се трудат нешто да научат.Главни предмети се странските јазици,за да може полесно да се оди надвор од земјата.Наравоучение : ако сакате вашето дете нешто да научи помогнете му или лично (ако сте добар стручњак во некоја област или платете приватни часови кај некој кој знае да го научи вашето дете!). Образованието кое стана обавезно средно,уствари поскапе неколку кратно,само ретко кој сезанимава со таа - проблематика.Проблемот со високото образование и стилот * сите на факултет* допрво ке ескалира .Оваа година многу факултети дисперзирани по малите градови имаат проблеми со упис на студенти и мака мачат да бидат рентабилни! И на крај,проблемот останува,кога ке земете некоја диплома ,нејзината верификација ке биде евидентна на некој ваков форум,кога ке видите всушност колку малку сте научиле и знаете иако сте земале диплома! Со среќа.

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Случајни муабети
« Reply #5843 on 24.09.2015, Thursday, 14:03:18 »
За жал така е, кај нас професорот по пракса ни се жали дека нема опрема, во цело училиште има 5 леткуми, чекаме ред за лемење, срамота! И еден осцилоскоп има така стои, расипан, побарале да се купи нов пред 6 години, безуспешно, а требаше практично да ги анализираме различните бранови форми. Исто и со функцискиот генератор. Едвај имаме доволен број функционални мултиметри, а во класот има 17 деца. Нема опрема, а и никој не финансира да се купи. Опремата што може да се користи е од пред 30 години минимум. Се служиме со искрини и руски мултиметри од серијата Ц4XXX. А за тоа дека има катастрофа деца, има. Толку ги намалија бодовите за упис што електро стана струка за да се помини средно.
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Re: Случајни муабети
« Reply #5844 on 24.09.2015, Thursday, 19:09:56 »
Ја барам темата за изгореното трафо сега поскоро што беше отворена, за тоа стопеното трафо :)

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Re: Случајни муабети
« Reply #5846 on 24.09.2015, Thursday, 22:14:55 »
да оваа баш, фала :D  што направи дали испеа да го поправиш уредчево? дали најде друго трафо?  :)

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Re: Случајни муабети
« Reply #5847 on 25.09.2015, Friday, 00:33:55 (Edited 25.09.2015, Friday, 16:08:51) »
Ма јок, ене го фаќа прашина во ќош :) зашто, ти требаше некој дел?

Да се надоврзам на муабетите од погоре


Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Re: Случајни муабети
« Reply #5848 on 26.09.2015, Saturday, 22:31:15 »
Онака прашав само не ми требаше некој дел ;)

Offline Nikol4e

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 78
Re: Случајни муабети
« Reply #5849 on 09.10.2015, Friday, 18:40:45 »
Ај некој кој има фајл од сп-5.0 програмата,да ми прати да симнам.
Вчера се разочарав све вируси.Пратете пп. ;)