Author Topic: Заштита за високотонци  (Read 2690 times)

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Заштита за високотонци
« Opened on 03.08.2014, Sunday, 15:49:15 (Edited 03.08.2014, Sunday, 16:31:04) »
Еве пробав да конструирам една заштита за високотонци,и мислам дека сум на добар пат.
идејата ми беше ако дојде при клиповање на звучникот,високотонецот да се исклучи или да свири со намален звук.и да нема прегорување на истиот.склопот зема сигнал од скретница после филтерот,значи на излезот од скретницата за високотонецот.се штелова на следниот начин,го пуштам засилувачот пред клиповање лед диодата на засилувачот да почне по малку да трепка (на мојот засилувач има лед клип индикатор) со тримерот штеловам полека релето да се уклучи,имате индикација со лед диодата на самиот склоп која може да се изведе на предната страна на звучникот заради контрола.отпорникот од 100 ома е да ја намали моќноста на високотонецот а со тоа и заштити од прегорување,Склопот го испробав на пробна плочка и леле стварно функционира онака како што ми беше замислен.после штеловањето на тримерот го извадив истиот и ставив фиксни отпорници.кога свртев требле при речиси клипинг заштитава веднаш реагира.Секоја ваша идеја е добредојдена ако нешто сум пропуштил на шемава за подобра функционалност,поздрав до сите и чекам коментари.

Споено мислење: 03.08.2014, Sunday, 16:31:03
еве и плочка во спринт лајот 5
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Заштита за високотонци
« Reply #1 on 03.08.2014, Sunday, 16:33:03 (Edited 03.08.2014, Sunday, 16:46:49) »
Заштитата од типот *да се исклучи високотонецот*  не е добра бидејќи  секое* сецкање* на високотонецот при големи јачини ке доведе до прекин на намотката при повторно задвижување на истиот. Клиповањето на појачувачот би го изгорело попрво басот ,отколку високотонецот.Најдобрите заштити за високотонец не се прават со релиња,ами се користат триаци(или тиристори) во чиј круг се вметнуваат отпорници со мали вредности,а голема снага,па секое сецкање на струјата го преспојува паралелно високотонецот со отпорникот паралелно со него и иде до гранење на струјата и намалување на оптоварувањето на  високотонецот.
Мораш да го заштитиш високотонецот далеку пред клипингот,бидејќи тој би изгорел и пред клипингот,ако свртницата не е проектирана како треба.Затоа во попрофесионалните свртници ставаат и сериски ламби,ПТЦ отпорници и слично.Најдобра заштита за високите е правилно проектирање на свртницата и оставање резерва за него,односно нефорсирање до максимум.

Споено мислење: 03.08.2014, Sunday, 16:46:48
Еве еден линк ,како е решено со два транзистора,нешто слично со она веќе постирана шема,а вторава шема е едноставно решение за високотонец со две обратно врзани зенерки,малку појаки.Напонот на кој проработува заштитата зависи од јачината на високотонецот и самиот појачувач.

Code: [Select]
http://www.eleccircuit.com/the-tweeter-speaker-protection-circuit/

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Одг: Заштита за високотонци
« Reply #2 on 03.08.2014, Sunday, 16:47:02 »
батка помислив на ова што го пиша за да нема прекин на високите тонови го ставив отпорникот од 100 ома па иди до намалаување на гласноста е сега ако се намалуваат премногу може да се мени со 47 ома или по желба инаку склопот работи нема сецкање на релето и кога ке се уклучи останува уклучено се додека го намалиш,скретницата на која пробувам е фабричка на 12-ка омнитроник пластична кутија.а со тримерот се поддесува да намалува на кој гласност сакаш.идејава ми е ако прегори ламба како што ставаат во серија со високотонецот после скретница а насреде свадба си што правиш,вака и склопот да прегори високотонецот продолжува со работа бодеќи котвата од релето не е повлечена и високотонецот работи со снага спрема скретницата.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Заштита за високотонци
« Reply #3 on 03.08.2014, Sunday, 16:51:31 »
Ламбата може само механички да се оштети при транспорт.Не се случило да прегори при работа ,ако добро е димензионирана.Вакви склопови за исклучување се ставаат за да се заштитат пред се басовите од доаѓање на едносмерен напон на излез на појачувачот ,при дефект на излезот.

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Одг: Заштита за високотонци
« Reply #4 on 03.08.2014, Sunday, 17:01:57 »
ова не е склоп за заштита од дц напон,и самиот знаеш дека сега секоја понова дали било динакорд,берингер,фбт,зек,алесис,роланд и да не набројувам имаат веќе вградено во себе вакви заштити за дц напон,краток спој на излез,преоптоварување,прекумерна температура.како што нагласив во насловот идејата ми беше да се исклучи т.е. намали, високотонецот од прекумерна гласност или клиповање и да недојде до негово оштетување,и прегорување.веќе звучници од реномирани марки користат ламби но се случува ламбата на високотонецот да цркне.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Заштита за високотонци
« Reply #5 on 03.08.2014, Sunday, 18:05:10 »
Јас знам дека ова не е склоп за заштита од ДЦ напон,ама принципот кој го користиш е истиот,Како што реков,високотонец при работа не смее со релеј да се  прекинува. Велиш *да се исклучи т.е. намали *,тоа се две спротивни работи.Друго е да се намали, а друго исклучи! Тоа ти го кажувам.Не сум чул ламба да цркне во работа ,ако е димензионирана добро.Сум видел да се скрши при транспорт,ама на фабричка кутија да прегори ламба-тоа не сум го видел.

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Одг: Заштита за високотонци
« Reply #6 on 03.08.2014, Sunday, 19:25:14 »
да се исклучи или намали -па има две варијанти ако стои отпорникот ќе намалува ако се извади при оптеретување ќе исклучува,а ти ако не си видел ламба прегорена во фабричка кутија ти сигурно не си свирач,пошто тоа сум го доживеал на своја кожа,еден попуштисе друг попуштисе и некој заиграл со микрофонот пред звучки,и опа ојде високиот па среќа не бил високиот била ламбата.а како при транспорт ќе се оштети ламба кога стои внатре во кутија и е залемена,чак при удар на кутијата неможе да се скрши ништо.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Заштита за високотонци
« Reply #7 on 03.08.2014, Sunday, 20:14:52 (Edited 03.08.2014, Sunday, 20:19:28) »
Па ти ако си свирач треба да знаеш дека - ако високотонецот свири на 100W и го прекинеш за 1 секунда,а потоа релето отпушти,односно го вклучи на 100W јачина високотонецот,има скоро 90%изгледи  тој да прегори! Второ ,ако  си свирач ке знаеш дека на профи кутиите свртниците имаат постоље ( бајонет-обично!) на кој не се леми,ами се штека сијалицата. На крај,ако си свирач не треба да дозволиш * еден попушти се- друг попушти се*,туку се знае -еден е задолжен за звукот и крај!! Добро е ако само ламбата ви прегорела. 8)

Споено мислење: [time]03 Август 2014, 19:18:17[/time]
Ми се десило при поголем транспорт на зв.кутии еднаш во живот ,да најдам скршена сијалица внатре во кутијата.Не може да се скрши од ништо друго,освен од потрес.

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Одг: Заштита за високотонци
« Reply #8 on 03.08.2014, Sunday, 20:39:28 »
сум сретнал сијалицата каде што стои (каде се штека) едниот крај да е изгорен од топлина и да прави прекини и отишол високиот,а за тоа дека само еден ќе е одговорен за миксетата тешко.ако високиот работи со 90% снага и ја намалиш на 50 и повторно ја вратиш 90% ништо нема да биде.никаков проблем.него да спука звучник од некој кабел. и отиде сијаличката.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Заштита за високотонци
« Reply #9 on 04.08.2014, Monday, 14:41:57 »
За одговорноста на миксерот лесно - на двајца членови на групата ке им скршиш по една рака и готово! Само ти ке чепкаш по него. 8) А дека можеш да реагираш и да намалуваш 90-50-90% ,да видам да не верувам.Па за тоа се прават заштити,а не за украс.За каблите се знае - проверка по секоја свирка,барем визуелна,а богами и со инструмент.

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: Заштита за високотонци
« Reply #10 on 09.08.2014, Saturday, 18:48:24 »
Не ми е јасно што толку сте им се навртеле на ова заштитиве. Добро испроектирана кутија треба во секое време да може да поднесе снага двојно поголема од АЕС декларираната снага.
Значи ретко цркаат кутиите од многу сила туку цркаат од малку сила.
Од мали појачала кои клипуваат. Со 100 вати појачало ќе цркнеш 500 вати кутија ако сакаш.
Значи баталете заштити туку научете да димензионирате систем онака како треба.

На 200 вати звучник му треба бар 300 вати појачало.
Не е ова за да можеш да му напукаш 300 вати на звучникот туку за да работи појачалото во оптимален режим на работа кога дава 200 вати а не да работи на 100% цело време. и колата ти оди 200 на саат па де ја возиш 200 нон стоп. Така?
Чист недисторзиран сигнал со двојно поголема сила звучникот без проблем ќе го издржи.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Заштита за високотонци
« Reply #11 on 09.08.2014, Saturday, 20:20:42 »
Епа баш затоа добри појачала имаат лимит да не клипуваат. Плус лоша свртница и тоа како го гори високотонецот (6dB oct филтери и на лоша Fc)

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Одг: Заштита за високотонци
« Reply #12 on 09.08.2014, Saturday, 21:41:35 »
Се изнчитавме во темава се и сешто,од кршење коски раце нозе па до прејаки појачала пардон засилувачи,абе другари знаеме дека звучник лесно прегорува од слаб а не јак засилувач,и изобличен сигнал со дисторзија и клиповање на засилувачот,покрај тоа што има лимитери и клип заштити,не е на одмет да има заштита,па што има лошо во тоа,сега неможам да се позанимавам со дадениов предлог за заштита на високотонци ги затворив кутиите такви какви што се фабрички поради здравствени проблеми али во друга прилика ке видеме што можеме,позз. и еве како е изведена скретницата фабричка.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Заштита за високотонци
« Reply #13 on 09.08.2014, Saturday, 23:04:39 (Edited 09.08.2014, Saturday, 23:06:29) »
Богами ,се се изначитавме,ама ретко кој пост ја погоди темата: Лукс направил заштита на високотонецот ,кој при клипување треба да го исклучи високотонецот при работа!!! Поентата која сакав да му ја кажам е дека идеата со исклучувањето не е добра,поготово не при големи јачини.Тоа со кршењето *раце*  секој си го решава на свој начин -се знае ,или треба да се знае,кој ракува со разгласот ( читај - миксерот),и не може секој да буричка и да се *попушта*!) ;D ;D Барем кај мене е така. 8)

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Заштита за високотонци
« Reply #14 on 10.08.2014, Sunday, 02:23:40 »
Најзаштитена е опремата ако со нејзе управува еден трезен човек :D И секако да знае што прави и кои се границите на неговата опрема.