темата отиде малце подалеку, али добро е да се дискутира.
Пво за темата, прашање до батка: каде може да се најде таа " Guma_u_rolni.jpg " и ако имаш работено колку см е дебела?
инаку имам вкрутувано оштетени звучници(за среќа не се овие толку оштетени) со обичен лак за коса (тоа беше пред некои 10-15 години кога многу работи беа научна фантастика), па дури и амортизерот беше крпен со силикон, парчиња од мембрани беа заменувани со парчиња од хамер... и пак свиреа, секако сите параметри беа веќе одамна отидени.. Точно дека не го даваа пригиналниот звук.
Исто така имам „стегано„ звучници со лак за паркет, што дава +10% тежина, а 200% крутост без некои драстични промени во звукот.Секако нема потреба нов јбл или рцф да премачкуваш со ништо, али некој стар звучник што амортизерите, спајдерите(долните амортизер) му се секако отидени, нема ништо да изгубиш ако го премачкаш. Да на нов звучник ќе изгубиш, ама на некој еи-ниш не верувам. Исто имам пробувано и со стиропор и бензин да ги мачкам, но ги криви мембраните. Рака на срце не сум ги мачкал со дрвофикс, но не верувам дека е многу поразлично. Друга работа, гледам денешниве басови се све од 2-3мм материјал(имрегрирна хартија најверојатно, некои и армирани се) па секако ќе упие многу повеќе (лепак лак сеедно) од тие нишките на пример кои имаат мембрани со дебелина од лист на тетратка и најверојатно се полураспаднати
Во конкретниов случај станува збор за тсс звучници, кои не се со некој си квалитет, па затоа сакам да ставам по 2 во кутија да не давам мн пари за кутии.... Изработени се од импрегрирана хартија со мрежеста структура вкрутени со некој премаз налик на пластика, т.е. лицето им е како пластика, а опачината хартиена.