Аудио модулација на некој електронски уред претставува негово контролирање од страна на аудио сигнал, самиот збор -модулација- значи менување на фрекфенцијата и интензитетот на звукот на нечиј глас или на некој инструмент.
Теслините трансформатори можат да бидат аудио модулирани, а нивниот звук може да се слушне иако нивната фрекфенција на работа е во опсегот на радио фрекфенциите.
Звукот се создава со ширењето на воздухот кое го создаваат искрите, тоа е многу слично со принципот на работа на сите останати видови звучници.
Најдобри трансформатори за аудио модулација
-
SSTC (солид стејт)
-
DRSSTC (двојно резонантен солид стејт).
-
OLTC (Оф лајн(без трафо))
Некои видови се модулираат, но имаат проблеми со модулацијата
-
VTTC (со електронска ламба)
-
SGTC (обичен)
ПРВО- КРАТОК ВОВЕД
Солид стејт теслиниот трансформатор работи без висок напон и на многу високи фрекфенции, до 15 мега херци (рекорд). Тој е многу добар за аудио модулација и може да произведува звук со голем квалитет.
SSTC video - plasma motorДвојно резонантниот теслин трансформатор е префериран избор за аудио модулација. Тој дава звук со одличен квалитет, и негов префериран прекинувач е МИДИ прекинувачот.
DRSSTC VI Burst ModeOф лајн Теслиниот трансформатор е новата генерација на обичните теслини трансформатори. Работи без влезно трафо т.е. директно на градска мрежа(затоа се вика оф лајн).Наместо искричар користи моќен IGBT кој со сензор детектира кога кондензаторот се наполнил на влезен напон и тогаш го празни низ примарната навивка. Поради принципот на работа многу е погоден за аудио модулација.
Toccata and Fugue on a water cooled Tesla CoilТеслиниот трансформатор со електронска ламба користи ламби (триоди) за да го драјвува трансформаторот. Овој вид работи на пониски фрекфенции и не е многу добар за аудио модулација. Кај него може да се модулира влезниот напон од 220 волти (или повеќе).
Big VTTC con Brown Boveri ITL 5-1 Vacuum Tubehttp://www.instructables.com/id/How-To-Build-A-Vacuum-Tube-Tesla-Coil-VTTC/
Обичниот Теслин трансформатор, токму оној кој го создал Никола Тесла, е најпопуларен од сите овие видови. Најлесен е за изработка, но не е многу погоден за аудио модулација. Звукот што го создава е нејасен, но силен. Поради својот принцип на работа, ограничен е на околу 1 кило херц.
Tesla coil (powered by one ignition coil)АУДИО МОДУЛАЦИЈАЗа да се постигне ефектот на искри што свират треба да се стави некој вид на прекинувач кој ќе го контролира дотокот на струја во колото. Постојат прост и сложен начин за ова.
Сложениот начин е со користење на МИДИ прекинувач. Ова е најсофистициран за аудио модулација на Теслин трансформатор. Може да се контролира со МИДИ сигнал од компјутер, МИДИ инструменти, па дури и некој тон од телефон зачуван во МИДИ фајл. Накратко кажано, било каков МИДИ сигнал.
Овој прекинувач има контрола на јачината на звукот, контрола на фрекфенцијата на работа и вкупната јачина на примарното коло. Сето ова без да се промени резонантната фрекфенција на колото.
Еве шема од прекинувачот
И видео (SSTC)
Mini Musical Tesla CoilПростиот начин е наменет и е погоден за обичниот теслин трансформатор. Станува збор за повеќе искричари поврзани сериски. Се вклучуваат различен број со притискање на различни високонапонски тастери а со тоа се менува фрекфенцијата на струјата на секундарот.
Со оваа шема се добива Теслин трансформатор со можност за осум тонови и прекинувач за постојана работа на сите 8 искричари. Ова може исто така да се направи така што тастерите да го менуваат бројат на навивките на секундарот, или капацитетот на кондензаторот, но тоа не е препорачливо затоа што така постојано ќе се менува резонантната фрекфенција на примарното коло, а со тоа Теслиниот трансформатор ќе се раштимува постојано
.
Дизајнот е тестиран од моја страна
единствена лоша страна е тоа што треба да поседуваш талент за свирење.