Ова е еден проект кој го изработив пред доста долго време (2 год), и сакав да ви го претставам. Се работи за бас 10 инчни драјвери по 220W 8оми, не се некоја марка и Millennium HL-306 150W 8оми хорни. Кутиите се изработени од 16мм иверица и не се изработени со пресметки бидејќи не ни имав доволно параметри. Внатрешноста е обложена со сунѓер, прилично е крут, но толку ми беа можностите. Како скретница имам само по 1 бполарен кондензатор 3.3uF мислам дека се. Надворешна обработка е моја, китирани, шмирглани, поминати 3 раце шприц кит и фарбани.
Ова ми беше втор проект на изработка на звучници, добив добар звук. Се консултирав со 1 пријател аудиофил, ги слушавме, и добив коментар “браво, добри се...опсегот на средни тонови прекрасно го опфаќат“ што беше за мене ств добар комплимент знаејќи дека прошлите кои ги изработив ми рече “паа ок се“ со пола уста. Како и дека се изработени со “осет“-без рачунање, тато ми предложи димензии (има изработувано многу звучни кутии), се консултиравме и се одлучивме. Иначе се компресиони кутии со димензии 55х33.5х30 HxWxL. Волуменот можеби и не е доволен но од звукот и самиот јас сум задоволен. Ги пуштам на појачало USBlaster 7121 и миксети повеќе менувам...
Првобитно звучниците ги изработив за забави, за чија намена се докажаа и повеќе од добри, значи можеби се гедаат некои оштетувања, но само тие знаат колку забави преживеале. Сега ги користам за слушање дома (се чека лето, зш нова година помина)
Подолу се прикажани 2-3 слики од изработката, неколку каде што се готови и дел за да доловам изгледот (затоа што не сликав од почеток на изработката) се кога ги отворив при сервисирање
Коментирајте, критикувајте, пофалете ме...воглавно се на се за изгледот, а за звукот повелете Охрид да ги слушните
се надевам ќе ви се допаднат.