Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: DX-er on 30.07.2012, Monday, 21:53:20

Title: Големата задача на Војаџер
Post by: DX-er on 30.07.2012, Monday, 21:53:20
(https://i.imgur.com/cJ9YbEW.jpg)

Ова лето се навршија 35 години од лансирањето на вселенските летала Војаџер 1 и 2 и почетокот на нивниот пат во просторот. Познати примарно по податоците што ги носат за нашата планета, овие сонди станаа дел од модерната поп-култура, појавувајќи се како инспирација во многубројни научнофантастични книги, па и филмови од 80-тите и 90-тите години на минатиот век, каде е прикажан "првиот контакт". Иако мисијата првично била ограничена на 5 години, и по 35 години сe уште примаме податоци од овие летала кои го напуштија Сончевиот систем, се наоѓаат во обвивката на хелиосферата и се на пат да се упатат во непознатото на меѓуѕвездениот простор. Со ова, по Пионир 10 и Пионир 11, станаа третото и четвртото летало конструирано од човек кое ја совладало гравитациската сила на Сонцето. Златни плочи на кои се дадени основните податоци за нашата планета и нејзините жители имало и на претходните мисии. Но, ниту една од овие "пораки во шише" не била подготвена со толкав ентузијазам и внимание што помогна во издигнувањето на Војаџер во сферата на легендите.

извор:
Code: [Select]
https://emiter.com.mk/napis/11055
Title: Re: Големата задача на Војаџер
Post by: DX-er on 25.05.2022, Wednesday, 18:45:11