Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Побарувања => Topic started by: mator4e on 22.02.2012, Wednesday, 23:49:10
-
Здраво јас сакам да прашам нешто иако не сум баш со многу искуство во електро :)
дали ке може да се поврзат
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=5218.0
со
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3690.0
и дали ке има доста добар домен и квалитетен звук ...
и уште едно прашанје од каде можам да ги набавам деловите и дали се скапи ???
-
друже да не те обесхрабрувам, ама чим си почетник со електроника РФ техника е многу зафркната работа...има мноооогу големи шанси да не ти проработи склопот од прва па за џабе да даваш пари за нови делови...и 20W ако се исфилтрирани тогаш тоа е голема моќност, а ке има голем домет... ама сепак...ако си ептен почетник со електроника не се зафаќај да правиш толку сложени проекти, особено од РФ техника...
-
не сум баш некој нов почетник имам некое искуство ...имам завршено средно електро ама не сум многу рабоел на вакви шеми ...па затоа и прашав а незз од кај да ги набавам деловите ако можете да ми помогнете и во тоа :) :)
-
RF транзисторот ќе биде најтежок за наоѓање, а и да го најдеш некаде, најверојатно ќе биде мноооооогу скап.
-
Прво,може и факултет да си завршил ,а пак да бидеш почетник во овие работи.Се е до пракса и бара време и малку подолга практична работа. Второ,текстот и шемите се дадени како репер,а во пракса треба да совладаш еден куп препреки и непознати.Започни ти со некои поедноставни работи,па откога ке направиш десетина разни уредчиња можеби ке одиш на поголема работа.Трето.Законот ги ограничува овие уреди и секое емитување без дозвола,концесија и доделена фреквенција од страна на АИК се смета за прекршок кој се казнува,парично и со други казнени одредби.Значи,постои граница на толеранција.Четврто ,ако не знаеш каде деловите да ги набавиш... прво оди на поглавјето*Предаватели* и полека,без брзање,прелистај ги и прочитај сите постари постови.Ке научиш доста работи,па потоа ке помогнеме да направиш нешто. Значи,прво малку теорија ,па потоа дискусија и прашања- и не во стил- колку ке ме кошта..?!?! Секогаш знаењето кошта повеке одошто ние мислиме! ;D
-
океи...значи јас сум на почеток од овие работи ...и ќе ми треба доста долго време за да ги свикнам овие работи ..ви благодарам за тоа сто ми помогнавте :) :)
-
не дека некој несака да ти помогне, ама ти викаме дека шансите да не успееш со изработката се големи, а и 20W од засилувач се многу...ти ако сакаш прави го засилувачот, ако има нешто нејасно прашај, ама знај дека ти треба многу големо искуство за работа со RF техника
-
Почетници и RF не иде ;D ;). Јас имам некое искуство, па пак, не се нафаќам да работам RF ;D.
-
Ајде започни од ова четиво.На српски е,во оригинал.Добро е за почетници и еве кој сака малку да се информира и едуцира.Ако не е нешто јасно,ке се потрудам да бидам добар ментор ;D
-
фала мн :) ако затреба нешто ке прашам ;)
-
Еден радио електроничар рече: Радио електрониката е електроника над сите електроники.
Тоа што имаш завршено електро не има никаква придобивка доколку немаш искуство со радио техника, а за такво искуство се почнува од ФМ буби па се натака. Иначе како што тргна, ке го купиш тој транзистор од 50-100 евра и со твоето искуство веднаш ке го прегориш и ке се разочараш и откажеш од радио техника за цел живот
-
Здраво јас сакам да прашам нешто иако не сум баш со многу искуство во електро :)
дали ке може да се поврзат
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=5218.0
со
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3690.0
и дали ке има доста добар домен и квалитетен звук ...
и уште едно прашанје од каде можам да ги набавам деловите и дали се скапи ???
Делови зависи каде живееш ако си од СК.. можеш во БТ во ГАЦ во Логин... а од другите градови само знам една АЛФА електроник ама незнам точно во кој град беше