Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Звучници => Topic started by: MarkoMK on 02.02.2012, Thursday, 19:55:29

Title: Чуден звучник
Post by: MarkoMK on 02.02.2012, Thursday, 19:55:29
Ме интересира, дали имате некакво искуство со звучник кој има 3 изводи. Значи покрај плус и минус, има и една бела жица излегува од некакво трафо кое се наоѓа позади магнетот, и комплет е оклопено сосе магнетот.
Звучникот беше со големина отприлика 6 инчи, и предвиден е за монтажа во ѕид - поточно човекот што го местеше го вградуваше во гипс картон.
Title: Одг: Чуден звучник
Post by: LordZi on 02.02.2012, Thursday, 20:15:44
Можеби е за разглас, за 100 волтна линија?
Title: Одг: Чуден звучник
Post by: didy on 02.02.2012, Thursday, 21:59:40
сигурно е тоа, автотрансформатор за звучникот од разглас, тоа значи дека засилувачот е оддалечен повеќе метри(стотина)
Title: Одг: Чуден звучник
Post by: MarkoMK on 03.02.2012, Friday, 00:59:24
Да, да 100 волтна линија беше.. човекот прави деловен објект и ги местеше тие звучници во секоја канцеларија, и да ги командува од едно место...
А што се прави со тие 100 волти???
Title: Одг: Чуден звучник
Post by: ShAdOw on 03.02.2012, Friday, 01:32:47
Овој систем (100V засилувач - разглас) се користи кога е потребно да се испрати сигнал на поголема далечина. Засилувачот има 4 или 8-омски излез кој се носи на трансформатор вграден во самиот засилувач и потоа од трансформаторот засилениот сигнал се носи на звучниците кој се поврзуваат паралелно. Секој звучник има трансформатор кој сигналот од 100V го намалува на 16, 8 или 4Ω.
Title: Одг: Чуден звучник
Post by: donis92 on 03.02.2012, Friday, 01:48:17
се сложувам со колегата shadow не е ништо чудно се користи во џамии цркви, и на појачалото позади пишува 70в100в.... зависи.. :) незнам зошто е чуден звучникот? хаха
Title: Одг: Чуден звучник
Post by: JovanOH on 03.02.2012, Friday, 12:41:30
Ваков ситем има на школо кај нас има звучници во секоја училница со цел некогаш ако се чита соопштение но не ги користат незнам зошто еве 3 години учам таму и само еднаш ги користеја и догаш имаше доста шум
Title: Одг: Чуден звучник
Post by: MarkoMK on 03.02.2012, Friday, 19:55:16
се сложувам со колегата shadow не е ништо чудно се користи во џамии цркви, и на појачалото позади пишува 70в100в.... зависи.. :) незнам зошто е чуден звучникот? хаха

Па добро мене ми е чуден, пошто немам видено и не се занимавам многу со аудио техника.. А и до сега не се зборувало за ова на форумов, па затоа прашав..



А тој трансформаторот претпоставувам е аудио трансформатор сличен на оние од појачалата со ламби?
Title: Одг: Чуден звучник
Post by: batka on 03.02.2012, Friday, 20:33:00
Не е баш сличен,ама се пресметува малку поинаку.Воглаавном постојат и излезни транзсорматори кои можат да се врза на секој  8 омски излезен степен над 50W  и да се направи со нив 100V линија.Ама изгор се скапи( зависно од снага - 30-60 ЕУ).Во поновите верзии на 100V линии се користат торусни трансформатори од кои сите се жалат и велат дека не се како ЕI трансформаторите.
Title: Одг: Чуден звучник
Post by: didy on 04.02.2012, Saturday, 12:42:20
Во што е поплаката со торусните трафа?, дали го нема нискиот спектар од звуците?
Title: Одг: Чуден звучник
Post by: batka on 04.02.2012, Saturday, 13:29:42
Начинот на мотање веројатно допринесува покрај сечењето на ниските тонови,да се внесува повеке брум на нивото од 100V.Затоа некој предлагаат да се работи со 70V.