Македонски форум за електроника

Други технологии => Електроенергетика => Topic started by: nikola_bb on 16.12.2011, Friday, 13:22:48

Title: Ми треба малце помош околу избор на осигурачи за домашна инсталација
Post by: nikola_bb on 16.12.2011, Friday, 13:22:48
Дечки дома мора да менуваме инсталација па ќе ставаме од новиве автоматски осигурачи. Електричарот ми препорача да земам legrand осигурачи. Па ме интересира некој ако знае вака кај нас кој добри брендови на осигурачи можам да ги најдам и каде? Исто ме интересира ако го знае увозникот кој е уште поубаво дека страв ми е од фалсификати.
Исто каква табла да ставам гледам од легранд е 1300 денари па нагоре а има и некои други поевтини...
Title: Одг: Ми треба малце помош околу избор на осигурачи за домашна инсталација
Post by: Zdravkovski on 16.12.2011, Friday, 13:38:58
значи кои и да ги одберете цената ќе биде тука некаде од прилика инаку добри марки кои јас сум ги користел подолго време и во поголема количина се ЕТИ и ЕЛМАРК, првите се словенски а фторите бугарски но ги произведуваат по американска лиценца и се покажале како доста квалитетни иако се монтирани во индустрија каде многу почесто се случува да дојде до нивна реакција отколку во домашни услови мислам дека ги увезува питком од неготино а легранд ретко сум користел но таму каде што имам наместено (на 2-3 места) не ми се јавил некој проблем а за цената ако е само таблата без осигурачи 1300 денари  е многу скапо значи не фрлај пари за таблата беспотребно во сите има исти работи ДИН шина на која се монтираат осигурачите и две редни сезалки за нулата и за заземјувањето(различен е дизајнот на кој по одредено време нема да му придаваш на значење) она на кое треба да обрнеш внимание е заштитното капаче на која страна ќе ти се отвара (нагоре, лево или десно)за да не ти смета понатаму ако сакаш да поставуваш нешто друго во близина
Title: Одг: Ми треба малце помош околу избор на осигурачи за домашна инсталација
Post by: koala on 16.12.2011, Friday, 15:01:21
Јас ги имам користено само ETI и се покажале многу квалитетни. Ги купувам од Електрометал. Таму имаш и избор на табли. Цената на таблата е според бројот на осигурачи кои може да ги собере истата.
Title: Одг: Ми треба малце помош околу избор на осигурачи за домашна инсталација
Post by: Dragan Stoilovski on 16.12.2011, Friday, 15:36:34
Јас имам местено на повеќе места ЕТИ автоматски прекинувачи и се покажале многу добри и мислам дека се и најдобри,а таблата е прескапа и не е толку битна а ефтини и добри табли произведува и ЕМО Охрид кој можеш да ги најдеш по цена од 500-600ден за 24 автоматски прекинувачи,ги има во 2 и три реда за трофазен приклучок позгодно е да е во три реда за секоја фаза по еден ред.
Title: Одг: Ми треба малце помош околу избор на осигурачи за домашна инсталација
Post by: nikola_bb on 16.12.2011, Friday, 16:02:22
Незнам како стои легранд ама ко што гледам сериозна фирма е а и електричаров ми ја преопрача па се мислам меѓу неа и ЕТИ не се проблем 20 денари разлика по осигурач
Title: Одг: Ми треба малце помош околу избор на осигурачи за домашна инсталација
Post by: Zdravkovski on 16.12.2011, Friday, 16:39:38
само како што кажа и сам гледај да ги набавиш од некоја посериозна продавница поради можноста за фалсификат мислам дека на пазарот има од ЕТИ
Title: Одг: Ми треба малце помош околу избор на осигурачи за домашна инсталација
Post by: eLeNa_989 on 27.01.2013, Sunday, 23:24:25
Јас би ви препорачала да не зимате ЕТИ осигурачи (словенски) од новите бидејќи мене ми ке ми се запалеше куќата од нив, имало некој спој и осигурачот нејќел да исклучи, туку греел и се топел и на крај пукна и се потпали. Нашиот електричар, правеше моабет со негов колега и тој му кажа дека му се случло истото, но кај него луѓето одма му се јавиле кога почнал да мириса осигурачот (кој почнал да се топи во средина)  и одма ја исклучиле струјата. Само да напоменам дека нова табла со автоматски осигурачи стававме пред 5 месеци. Сега земавме француски legrand и нема никаков проблем со нив. Поздрав.
Title: Одг: Ми треба малце помош околу избор на осигурачи за домашна инсталација
Post by: Devil on 27.01.2013, Sunday, 23:29:11
Проблемот со тие осигурувачи е што кинеска фирма почна да ги копира, додека бев на пракса во РЕК битола, ми покажаа како изгледа оригинал и како изгледа копијата, скоро и да нема разлика, единствено во печатот и во едно штрафче се разликува :D

Пазарот кај нас е преплавен со такви кинески копии, така да за обични смртници како нас е доста тешко да се најде исправен осигурувач (оригинал), овие земаа на големо и директно од фабрика, така да нивните беа 100% оригинали

Сепак е добро да се знае што се случува :D
не дека ја бранам фирмата, јас имам некој нискобуџетни бугарски дома, скоро еднаш неделно треба да ги кревам пошто онака од навикаа си паѓаат :D
Title: Одг: Ми треба малце помош околу избор на осигурачи за домашна инсталација
Post by: GigaWatt on 28.01.2013, Monday, 00:59:58
Ахххххх... оскеќам дека за некое време луѓето ќе плачат за старите добри термички осигурувачи ;D.
Title: Одг: Ми треба малце помош околу избор на осигурачи за домашна инсталација
Post by: Zdravkovski on 28.01.2013, Monday, 16:38:00
Quote
Ахххххх... оскеќам дека за некое време луѓето ќе плачат за старите добри термички осигурувачи .
Неспорен факт е дека автоматските осигурачи на обичниот човек му заштедија многу нервози и пари но јас како професионалец во таа дејност најискрено на сите им препорачувам главните осигурачи (оние пред спратната табла/ после броилото) никогаш да не ви бидат автоматски обавезно топливи од типот на ножести е најдобро.
Title: Одг: Ми треба малце помош околу избор на осигурачи за домашна инсталација
Post by: GigaWatt on 28.01.2013, Monday, 18:18:52
Неспорен факт е дека автоматските осигурачи на обичниот човек му заштедија многу нервози и пари но јас како професионалец во таа дејност најискрено на сите им препорачувам главните осигурачи (оние пред спратната табла/ после броилото) никогаш да не ви бидат автоматски обавезно топливи од типот на ножести е најдобро.

Јас сите би ги оставил да бидат термички ;D. Зошто? Можам да си ги „штелувам“ ;D. А ако сакам да бидам сигурен дека некој штекер не влече повеќе од „толку и толку“ струја, можам само на тој (веднаш до него) да ставам електромагнетни осигурувачи ;).

Не ставам токму од причината која ја има наведено eLeNa_989. Колку и да се квалитетни, таков проблем може повторно да се случи, што е невозможно со топливите... освен ако не ставите клинец место топлива жица ;D, што сигурно никој нема да го направи ;D. Тие секогаш ќе бидат најслабата алка во инсталацијата, така да, тие секогаш први ќе изгорат... можеби се поспори, ама барем, колку и да се „штелувани“ да бидат појаки, секогаш ќе бидат послаби од инсталацијата и први ќе изгорат ;).

Се извиннувам што на кратко му го украдов topic-от на nikola_bb, се надевам дека доби добри совети ;).
Title: Одг: Ми треба малце помош околу избор на осигурачи за домашна инсталација
Post by: 386ka on 28.01.2013, Monday, 21:49:21

Освен ова погоре што го наведовте со кинеските копии, се прашувам, зошто ги преферирате топлинските осигурачи?
Title: Одг: Ми треба малце помош околу избор на осигурачи за домашна инсталација
Post by: didy on 28.01.2013, Monday, 21:52:31
Додека посотеше ЈУ, ЕТи имаа произвотствен погон во Приштина, сега немаат никаква врска но таму некој си средил да прави и понатаму ЕТИ осигурачи, и затоа има разлика во квалитетот, не сум слушнал дека се кинески.
Читајте декларација на опаковката кој е увозник, од секаде не се зима роба.
Ви пракса добри се и Легранд, ЕТИ, има и чешки Мандра по изработката се доста добри но за квалитет времето и праксата ќе покаже.
Целта им е да го заштитат уредот и инсталацијата  од струи поголеми од предвидените оптимални, и се монтираат во зависност каков пресек на спроводник користите.
За главни осигурачи во инсталацијата може да бидат автоматски но троми како тип, бидејќи има и брзи, и да се раздвоени за да имаат можност да се ладат.
Title: Одг: Ми треба малце помош околу избор на осигурачи за домашна инсталација
Post by: GigaWatt on 28.01.2013, Monday, 21:55:24
Освен ова погоре што го наведовте со кинеските копии, се прашувам, зошто ги преферирате топлинските осигурачи?

Па објаснив во оној post кој си го цитирал ;D.
Title: Одг: Ми треба малце помош околу избор на осигурачи за домашна инсталација
Post by: 386ka on 28.01.2013, Monday, 22:06:06
Абе да, но некако, чудно ми е. Како да нема пожари предизвикани токму од застарена инсталација, аналогно на тоа и стари осигурачи. Што значи дека и тие можат да потфрлат. А колку што знам, автоматските доста побргу реагираат, што знае да биде голем плус ако пипнеш онаму каде што не треба..   ;D ;D
Title: Одг: Ми треба малце помош околу избор на осигурачи за домашна инсталација
Post by: LordZi on 28.01.2013, Monday, 22:17:21
Ако пипнеш кај што не треба, нема да те спаси осигурувачот ;), за тоа има посебни т.н. ФИД склопки, осигурувачот е само колку да не настане поголема хаварија при краток спој.
Title: Одг: Ми треба малце помош околу избор на осигурачи за домашна инсталација
Post by: GigaWatt on 29.01.2013, Tuesday, 00:12:56
Абе да, но некако, чудно ми е. Како да нема пожари предизвикани токму од застарена инсталација, аналогно на тоа и стари осигурачи. Што значи дека и тие можат да потфрлат. А колку што знам, автоматските доста побргу реагираат, што знае да биде голем плус ако пипнеш онаму каде што не треба..   ;D ;D

За тоа е најчесто инсталацијата проблем, а не осигурувачите. А луѓето често само знаат да „крпат“ осигурувачи без притоа да се прашаат зошто пред околу година дена им требале 2 лицни за „крпење“ на тој осигурувач, а сега наеднаш им требаат 4, иако нема зголемување на потрошувачката на водовите поврзани со тој осигурувач ::). Си викаат „остај, вака е добро, нека тера“, а исто, користат и евтини продолжни водови, кабли, евтини уреди за греење, да не зборуваме околу тоа дека ги оставаат пуштени ноќе (нешто што никогаш не би го направил, греалка или калорифер пуштен додека сите спијат)... верувај дека најголемиот дел од пожарите се настанати баш поради овие причини, заборавени уреди за греење. А освен ова, се разбира и инсталацијата во определени објекти е застарена, а сопствениците, поради една причина или друга (беспарица, не забележуваат или едноставно, не знаат или не им е гајле) не ја менуваат иако сијалици насекаде треперат и жмурат, напонот им паѓа, водови се прегреваат, гледааат искрење од таванот или нешто слично ;D... се оди на „ајде бе, нема везе, ќе работи уште некое време“ ::). Осигурувачот ќе изреагира ако е не е „прекрпен“, ако е прекрпен (премногу лицни има во него ставено), нема да изреагира ;). Затоа реков, ако правилно се крпат осигурувачите, помали шанси за пожар има од топливите отколку од електромагнетните ;). Некогаш едноставно треба да се користи проста логика ;). Како што пишав, не е умешноста во тоа клинец да ставите на средината од топливиот осигурувач и да речете дека „еве, среден е проблемот“... си има причина зошто само со клинец тој осигурувач не гори... види, што има врзано на таа фаза, колку струја влече тој уред, дали е тоа приближно јачината на струјата која поминува низ осигурувачот, а ако тие две вредности не се приближно исти, си имате поголем проблем кој најверојатно не е поврзан со осигурувачите ;).
Title: Одг: Ми треба малце помош околу избор на осигурачи за домашна инсталација
Post by: 386ka on 29.01.2013, Tuesday, 00:39:42
Интересно. :)
Но во секој случај, се повеќе и повеќе се преминува на автоматски осигурачи.
Патем, ФИД склопка може да се вгради и на панел со топлотни осигурачи? :)
Title: Одг: Ми треба малце помош околу избор на осигурачи за домашна инсталација
Post by: nikola_bb on 03.02.2013, Sunday, 20:39:22
Сум заборавил да пишам дека во меѓувреме сменивме табла ставивме легранд осигурачи