Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Предзасилувачи => Topic started by: batka on 19.10.2011, Wednesday, 21:02:48
-
Мислам дека ова е извонредно решение за стерео тонска контрола со Филипсовото ИК TDA 4292,Ги има сите тонски контроли,лоуднес и прекинувач за нешто како психички филтер.Овој филтер е интересен бидејки го потиснува среднотонскиот спектар.Се на се добро звучи,го слушнав и сакам да го направам.Не знам дали во МКД го има интегралецов и ако го има кажете цена каде е поевтин ;D ;D.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=6829.0;attach=6866)
-
Одлична тонска контрола, ја имам изработено пред година дена за еден засилувач кој го правев по порачка и стварно одлично се покажа. Деловите тогаш ги купував од Скопје и цената на интегралецот беше 250 денари само производство на Siemens, a не на Philips како што си наведол горе во постот batka ;).
-
Овој ИК ,со кој беше правен уредот кој го видов ,мислам дека навистина беше Филипс,ама ке проверам ;D
-
Кај го има колово да се купи?
-
Јас тогаш го купив од Гац по цена од 250 денари, како што наведов во претходниот мој пост. Прашував и на други места, но таму го немаше моментално, а цените беа тука некаде :).
-
Кој може да ми ја отпечати плочкава и колку би ме чинело ?
Јас ќе си ја избушам тоа не ми е проблем само не сум вичен за да ја отштампам правилно. Значи барам мајсторче да ми ја отштампа плочкава со негов или мој материјал :)
-
И јас да го пофалам ова коло за тонска контрола, го изработив со мала помош од Lordzi ( он ја испечати плочката ) и колото си функционира супер. Сега јас не сум кујзнае колку искусен за да го проценам звукот но мене ми е задоволително за моите засилувачи со TDA2003. Звучничињата ми се препородија :). Интегралчето што го купив е со назнака Siemens a не Philips деловите сите ме чинеа 500 денари точно од Гац електроникс. Само мала напомена за цената на интегралчето, сега цената му била 250 денари но дечкото што работи таму рече дека следната “тура“ која требала да стигне деновиве на вакви интегралци ќе била двојно поскапа. Јас само сакам да ги прашам поискусните членови за препорака за поквалитетни потенциометри затоа што јас овие ги менувам втор пат и додека го вртам лизгачот се слуша шумче мало на звучникот, јас ги платив 30 денари еден но ме интересира дали може да се набават поквалитетни такви ?
Еве некое сликиче од тоа што го изработив.
(http://fotografija.com.mk/images/2013/01/09/IMG713.jpg)
(http://fotografija.com.mk/images/2013/01/09/IMG715.jpg)
-
Честитки за изработката, со здравје да си го користиш... ;)
Тие потенциометри од 30ден. се ефтино кинеско ѓубре, поквалитетни би требало да има во логинг ама рачунај дека ќе се поскапи, евентуално ако можеш нарачај си од ибеј. Бидејќи сигналот не проаѓа низ нив, не мора да бидат некои екстра како алпс и сл., ама бар да не се кинески од најефтините.
Споено мислење: 09.01.2013, Wednesday, 15:57:09
Порано имаше PIHER во секоја продавница за делови, не знам дали уште се наоѓаат и зошто престанаа да ги носат, тие беа некој добар компромис помеѓу цена и квалитет.
-
Одлично изработено,а за потенциометрите... се знае каков квалитет имаат.Една мала * финта*- пред употреба стави ги некое време да * киснат* во раствор од бензин и малку поретко уље ,малку врти ги и на крај ишприцај ги со некој евтин спреј за мирисање ;D ;D.Ке работат подобро.
-
дали ја има некој плочава да ми ја прати ???
-
За сите што сакаат да ја прават оваа контрола, еве го нацртот на плочката во sprint layout.
-
Ќе можам да го искористам како предпојачало за звучници од автомобил за да ги поврзам на компјутер. 2 звучника од по 350W и 4ohm
-
Ќе можеш да го искористиш ако му направиш соодветно напојување зошто да не. Какво појачало ќе користиш/правиш ?