Македонски форум за електроника

Стручна литература => Туторијали => Topic started by: Devil on 29.07.2011, Friday, 11:39:20

Title: Испитување на електролитски кондензатори со помош на осцилоскоп
Post by: Devil on 29.07.2011, Friday, 11:39:20
Понекогаш е потребно да ја провериме исправноста на некои електролитски кондензатори, но не секогаш имаме при рака ESR метар, некогаш имаме на располагање само осцилоскоп (+ генератор на фреквенција)

Најчесто старите осцилоскопи, но и некои понови имаат излез на кој се приклучува сондата за калибрирање, таму се добива некој правоаголен сигнал со фреквенција од 1kHz па до неколку kHz зависност од тип до тип на осцилоскоп. Доколку немаме ваков осцилоскоп кој генерира сигнал, потребно ни е дополнителен склоп/ генератор кој ќе дава некој сигнал од 1kHz.

Шемата према кој се поврзува се е следна:

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=6274.0;attach=6466)

Формата на сигналот зависи во зависност од капацитивноста на кондензаторот Cx. За поврзување на кондензаторот се користи нај нормална стандардна 75омска проба за осцилоскоп. На сликата подолу се дадени формите на сигналите кој се добиваат на дисплејот во зависност од кондензаторот

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=6274.0;attach=6468)

Во зависност од тоа која слика ќе ја добиете, ги имате овие резултати:

Додека мерите, немојте да допирате со прст на нозете од испитуваниот елемент, може да придонесите до погрешни резултати :)
Title: Одг: Испитување на електролитски кондензатори со помош на осцилоскоп
Post by: cekaj on 29.07.2011, Friday, 14:14:02
Јас имам проверувано електролити, и на екранот на осцилоскопот се прикажуваа елипси, во зависност од капацитивноста на кондензаторот, пошироки или потесни, повисоки или пониски елипси, дали може и тој начин да се користи?
Title: Одг: Испитување на електролитски кондензатори со помош на осцилоскоп
Post by: Devil on 29.07.2011, Friday, 14:25:01
незнам кој е тој начин, најверојатно си мерел ти нешто поинаку, дај напиши како што па ќе знаеме за поточно
Title: Одг: Испитување на електролитски кондензатори со помош на осцилоскоп
Post by: GigaWatt on 29.07.2011, Friday, 19:42:12
Јас имам проверувано електролити, и на екранот на осцилоскопот се прикажуваа елипси, во зависност од капацитивноста на кондензаторот, пошироки или потесни, повисоки или пониски елипси, дали може и тој начин да се користи?

Тоа е за мерење на Z (импеданса) на елементи, мислам дека имаше посебен начин за поврзување на овој тип на мерење, и потребно е да имаш двоканален осцилоскоп и потребно е да може да прикаже X-Y зависност ;). Како точно одеше мерењето, не ми текнува, овој тип на мерење на импеднаса на елементи или уреди ми беше дел од еден испит, ама одамна беше ;D. Како и да е, малку е покомплицирано читањето од овој тип на приказ.
Title: Одг: Испитување на електролитски кондензатори со помош на осцилоскоп
Post by: Urahara on 29.07.2011, Friday, 20:01:18
Овој метод е лош за мерење на ЕСР на кондензатори со низок капацитет.
Title: Одг: Испитување на електролитски кондензатори со помош на осцилоскоп
Post by: Devil on 29.07.2011, Friday, 23:20:25
напоменав дека кога се нема подобро и ова е нешто, и ова за од 1µF до 100µF, незнам за други вредности како би било