Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Приемници => Topic started by: DX-er on 24.02.2010, Wednesday, 17:05:44

Title: Нај едноставен Радио приеммник
Post by: DX-er on 24.02.2010, Wednesday, 17:05:44
Малкумина знаат дека во текот на втората светска војна некои радио-аматери немајќи извор на делови правеле пасивни радио приемници од намотана жица (калем), слушалки и графит од молив како диода за демодулација.

Да не пишувам во статијата отворив нова тема :)
Ова ме заинтересира, баш сакам да пробам да направам таков приемник но ме интересираат некои работи.
Дали овој приемник бил наменет за MW/LW или SW ?
Дали имало некој начин да се менуваат фрекфенциите за да не се слуша цел хор од предаватели?
Мора да се користат високоомни слушалки или немора?
Title: Одг: Нај едноставен Радио приеммник
Post by: BorceBT on 24.02.2010, Wednesday, 19:02:39
Овој приемник би ги имал сите проблеми кои ги спомна заедно :)

Еве еден пример:

Code: [Select]
http://siegdugas.net/ham_radio/crystal_radio.html
Title: Одг: Нај едноставен Радио приеммник
Post by: Aleks on 24.02.2010, Wednesday, 21:44:17
Би можело да се направи со променлив кондензатор да можеш да избираш станици. Тоа за кои фрекфенции ќе работи зависи од калемот и од кондензаторот.

Високоомски слушалки се потребни затоа што, што е поголема омажата, помалку струја ќе тече низ нив, а знаеме дека таа обичната жица што ќе е антена, неможе да присобере ништо повеќе од неколку волти (ако не и па неколку миливолти) :)
Title: Одг: Нај едноставен Радио приеммник
Post by: DX-er on 24.02.2010, Wednesday, 21:52:12
А што викате да направиме 10 такви приемници и да ги врземе сериски но наместо високоомски слушалки да ставиме грец па електролитен кондензатор и да напојуваме нешто мало како ЛЕД порака или слично :)
Title: Одг: Нај едноставен Радио приеммник
Post by: Aleks on 24.02.2010, Wednesday, 21:56:46
А што викате да направиме 10 такви приемници и да ги врземе сериски но наместо високоомски слушалки да ставиме грец па електролитен кондензатор и да напојуваме нешто мало како ЛЕД порака или слично :)

Хм.... 10 вакви би можеле да напојат една лед диода. Мислам ... овие 10те ќе те чинат некаде околу 50 денари (променлив кондензатор етц...), а една батерија од 1.5 В на која може да се врзат 5-6 диоди е 10 денари.

Captain Janeway, Logic dictates that we buy a battery.
Title: Одг: Нај едноставен Радио приеммник
Post by: DX-er on 24.02.2010, Wednesday, 22:04:09
ама не ми треба променлив кондензатор туку нешто што ке "црпи" наизменичен напон и со повеке такви ке направам да свети LED пораката (повеке ЛЕД и 16F84 ) Финтата е да работи на непотрошлива струја :)
Title: Одг: Нај едноставен Радио приеммник
Post by: Aleks on 24.02.2010, Wednesday, 22:06:54
ама не ми треба променлив кондензатор туку нешто што ке "црпи" наизменичен напон и со повеке такви ке направам да свети LED пораката (повеке ЛЕД и 16F84 ) Финтата е да работи на непотрошлива струја :)

Perpetum Mobile не е возможно да се направи :)

Тенка работа дека ќе извлечиш доволно струја за да напоеш ПИК со лед диоди на него. Ова беше скршено во Mythbusters кои со помош на 40 метри кабел добија 0.5 волти.
Title: Одг: Нај едноставен Радио приеммник
Post by: DX-er on 24.02.2010, Wednesday, 22:09:40
ама пак неколку такви кабли доколку се спојат паралелно дали ке има добар ефект па да се добие некој 5V ?
Title: Одг: Нај едноставен Радио приеммник
Post by: Aleks on 24.02.2010, Wednesday, 22:24:27
ама пак неколку такви кабли доколку се спојат паралелно дали ке има добар ефект па да се добие некој 5V ?

Тенка работа. Треба да мислиш и на струјата што ќе тече :) Доколку соиш до некоја радио централа (АМ) може да фатеш и неколку стотици волти од воздухот, но колкава струја ќе можеш да искористиш тоа е трета работа.
Title: Одг: Нај едноставен Радио приеммник
Post by: DX-er on 24.02.2010, Wednesday, 22:30:24
е да тука си во право.... мене ми се има случено да успеам да кренам од 12V до 250V (приближно 250) со трафо но кога поврзав сијалица да свети таа само жареше а волтажата падна на дури 75V
Title: Одг: Нај едноставен Радио приеммник
Post by: BorceBT on 25.02.2010, Thursday, 00:26:59
Струја од етерот доволно моќна да напојуваш PIC+Ледови (неколку стотици милиампери) нема шанси, освен ако си на 50 метри од 10KW АМ предавател. Но струја од 1mA со антена долга стотина метра со добар и голем калем и ефикасен (воздушен) кондензатор може и можеш да добиеш на неколку километри од предавателот но сепак што фајде од тоа :)
Title: Одг: Нај едноставен Радио приеммник
Post by: DX-er on 25.02.2010, Thursday, 00:29:02
аха значи од овче поле до скопје нема ништо да стигне :( а од Водно, антените се насочени накај Скопје? Или пак тешко од тие фрекфенции да се улови некој мили волт ???
Title: Одг: Нај едноставен Радио приеммник
Post by: Aleks on 25.02.2010, Thursday, 00:30:45
Струја од етерот доволно моќна да напојуваш PIC+Ледови (неколку стотици милиампери) нема шанси, освен ако си на 50 метри од 10KW АМ предавател. Но струја од 1mA со антена долга стотина метра со добар и голем калем и ефикасен (воздушен) кондензатор може и можеш да добиеш на неколку километри од предавателот но сепак што фајде од тоа :)

As I said captain, Logic is the right way to go with, and It says, USE BATTERIES !

Quote
аха значи од овче поле до скопје нема ништо да стигне Sad а од Водно, антените се насочени накај Скопје? Или пак тешко од тие фрекфенции да се улови некој мили волт Huh

Лол ? Што е ова бе само насочени антени нешто ова она ... Немора накај тебе да е насочена антената да фатиш некој миливолт.
Title: Одг: Нај едноставен Радио приеммник
Post by: BorceBT on 25.02.2010, Thursday, 00:31:56
Хаха, мислиш микроволт офчеполски хахаха :D
Title: Одг: Нај едноставен Радио приеммник
Post by: DX-er on 25.02.2010, Thursday, 00:38:33
Лол ? Што е ова бе само насочени антени нешто ова она ... Немора накај тебе да е насочена антената да фатиш некој миливолт.

Не спомнав никаде насочени антени

As I said captain, Logic is the right way to go with, and It says, USE BATTERIES !
Quote

Финтата не е со батерии кои се трошат туку од воздух и пиши на македонски јазик
Title: Одг: Нај едноставен Радио приеммник
Post by: BorceBT on 25.02.2010, Thursday, 00:39:51
Хаха, цитира StarTrek Voyager :D
Title: Одг: Нај едноставен Радио приеммник
Post by: Aleks on 25.02.2010, Thursday, 00:43:04
Се зезав.... без навреда .)

Beam me up Scotty !
Title: Одг: Нај едноставен Радио приеммник
Post by: BorceBT on 25.02.2010, Thursday, 00:46:19
Еве ти посериозни транзисторски приемници без батерии кои работат на тој миливолт ;)

Code: [Select]
http://www.crystalradio.net/crystalplans/xximages/Free2.JPG
Title: Одг: Нај едноставен Радио приеммник
Post by: DX-er on 25.02.2010, Thursday, 00:47:21
ej абе темава ја забегавме. Ај пак назад, ме интересира тоа како од калем и графит од молив може да се направи приемник? Јас сакам да пробам, па каков калем, колку долга жица, на колкаво тело мотана, колку долг да е графитот и како да е поврзан со калемот а и слушалките како да се поврзани. Дали се сериски?
Title: Одг: Нај едноставен Радио приеммник
Post by: BorceBT on 25.02.2010, Thursday, 00:52:53
Значи вака: Види ја шемата за кристалното радио што е на почетокот. Е, се треба да е така освен диодата. Наместо диодата се става парче графит и со многу танка челична лицна од жица (најтанка жица за гитара) допираш на графитот и слушаш на високоомски слушалици и треба да добиеш звук. Е, сега: нормално дека претходно треба да имаш подесено некоја станица на променливиот кондензатор (стави диода, намести, па извади диода и стави го графитот и „барај“). Проблемот е што ти треба доста голема антена и добро заземјувањеи близок предавател. Мислам дека од овчеполе ова нема да ти успее. Јас во Битола имав локален 3KW предавател и ми беше 2км воздушна линија и ми успеваа овие експерименти со жици од 20-30 метри и заземјување: водовод.
Title: Одг: Нај едноставен Радио приеммник
Post by: Aleks on 25.02.2010, Thursday, 00:57:02

[/quote

Кај мене (во овчеполието) работи еден предавател од МТВ, неофицијално имам слушнато дека работи со неколку стотици киловати. Би можело нешто до СК да се фати :)
Title: Одг: Нај едноставен Радио приеммник
Post by: BorceBT on 25.02.2010, Thursday, 01:08:12
Вака, значи со приемниците кои ги посочив тој предавател (810КHz AM) се фаќа и до Битола и се слуша на тие приемници со антена од 30-40 метри. Меѓутоа за експерименти со графит можеш само во Штип да правиш :)
Title: Одг: Нај едноставен Радио приеммник
Post by: DX-er on 25.02.2010, Thursday, 10:40:11
Кај мене (во овчеполието) работи еден предавател од МТВ, неофицијално имам слушнато дека работи со неколку стотици киловати. Би можело нешто до СК да се фати :)

хаха тој е на радио Скопје и не само што се фаќа во Скопје со супер сигнал туку е наменет да се фати во цела Македонија.
Снагата му е 1200kW (1,2 мега ват)

Вака, значи со приемниците кои ги посочив тој предавател (810КHz AM) се фаќа и до Битола и се слуша на тие приемници со антена од 30-40 метри. Меѓутоа за експерименти со графит можеш само во Штип да правиш :)
така и мислев :) хехе еве му можност на Алекс да проба  :)
Title: Одг: Нај едноставен Радио приеммник
Post by: Aleks on 25.02.2010, Thursday, 11:18:09

Зошто да се мачам со графити ? Кога на мојот ФТ-101Е во школо фаќам јапонски станици :D
Title: Одг: Нај едноставен Радио приеммник
Post by: DX-er on 25.02.2010, Thursday, 11:29:09
тоа беше како да направиш радио скоро од ништо. Е сега јас пред некоја година фатив Радио Северна Кореа :) иначе редовно можам да слушам Радио Кина и тоа се со најобично SW радио од пазар за 300 ден. :)