Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Микроконтролери => Topic started by: Goce on 03.02.2010, Wednesday, 22:20:26
-
(http://img63.imageshack.us/img63/2360/brojacv1.th.png) (http://img63.imageshack.us/i/brojacv1.png/)
Шемата за програмибилниот бројач
Опис на колото:
Кога ке го уклучиме колото под напон е во мирување и светнува лед диодата LED1 кога ке го притиснеме тастерот S1 се гаси LED1 и уредот се вклучува и почнува со имитување на внесеното лого- (НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ ФОРУМ ЗА ЕЛЕКТРОНИКА НА ЛОКАЦИЈА http://elektronika-mk.net (http://elektronika-mk.net) ПОСЕТЕТЕНЕ) ако има некој друга идеа за лого нека каже ке го сменам.Кога ке заврши со прикажување на логото преидува во мод (ПОДГОТВЕН ЗА УПОТРЕБА) и чека наредба за внесување на број на намотки кој се внесуваат со помош на тастерот S2 може да се внесат 65535 намотки.Со едно притискање се внесува една намотка а ако го држиме се внесуваат брзо повеке намотки ако погрешиме и внесеме повеке намотки од потребното со помош на тастерот S3 се одземаат.Кога ке завршиме со внесување на намотки го притискаме тастерот S4 за старт се активира моторот почнува да врти и уредот ги број намотките ако се заплетка зичата или сакаме да го прекинеме процесот на мотање го стискаме истиот тастер и уредот е во мод (ПРОЦЕСОТ Е СТОПИРАН) кога ке го отстраниме заплеткувањето на жицата го притискаме истиот тастер и се продолжува процесот и уредот број од кај што застанал.Кога ке се изедначат намотките со тие што сме ги дефинирале уредот престанува со мотање и го погажува крајниот резултат ВНЕСЕНИ НАМОТКИ и НАМОТАНИ НАМОТКИ потоа уредот е во мод ПОДГОТВЕН ЗА ПОВТОРНА УПОТРЕБА ако сакаме да мотаме пак дефинираме намотки и притискаме старт а ако сакаме да го исклучиме го притискаме тастерот S1 и се активира LED1 со што уредот е во мод на мирување
hex фаилот ке го закачам кога Devil ке ми каже колку е времетраење на еден импулс што ке го дава моторт или пак времето на еден цел круг
Ке следува и видео деновиве како работи.
-
значи вака на еден круг дава 1 импулс, траењето на импулсот зависи од брзината со која се мота. Брзината на моторот се регулира од друг дел така да склопот треба да може за кратко време да препознае повеќе импулси, првобитната верзија која беше ставена имаше проблем со тоа што ако добиеше многу инпулси за кратко време се блокираше цел систем. Исто така со контрола на брзината на намотување има и еден степ мотор кој ја води жицата по калемското тело.
Давачот на импулси е изведен со опто каплер и со една шајбна со засек. Оригиналната шајбна на 1 круг даваше повеќе од 100 импулси, ама како што напоменав имаше проблем и сега е заменета шајбната, па на 1 круг дава 1 инпулс
-
Не е проблем за кратко време да препознае повеке импулси еве го hex фаилот прво пробај со овој ако има проблем пиши ке го променам кодот нема надворешен осцилатор при програмирање ке наместиш да го користи интерниот осцилатор и RB.6 и RB.7 за влезно излезни порти.
http://hotfile.com/dl/27054308/0d30854/hex_brojac_na_vrtezi.rar.html
-
Мала промена на кодот сега не е битно време траењето на импулсот добро се покажа на тестирање ако има некој проблеми ке го средиме
http://hotfile.com/dl/31076650/ae82af3/_.rar.html
-
Значи проектов најверојатно ќе го изработувам на пракса, за мотачот кој го правиме
е сега дали е можно некој мали модификации ( се надевам дека се мали )
значи малку со давањето на импулси
најлесно со пример можам да ви објаснам ..
значи на пример местам јас 20 намотки дека треба да изброи и да прекини, е сега откако ќе се намотаат овие 20 намотки дали е можно да даде 1 импулс негде на излез, ама истовремено да се ресетира и пак да почне да мота 20 намотки одново и се така додека не го запрам или паузирам
значи не мора 20 намотки туку во зависност од бројот зададен ко ќе се постигни да се ресетира и да почни пак да брои зададениот број намотки, ама и да даде 1 импулс негде на излез отткако ќе го постигни тој број, при секое вакво постигнување да дава по еден импулс , овај импулс ми е потребен за понатамошна контрола на степ моторите за да се движат и да мотаат по телото, пошто без овај импулс ќе се плетка жицата ;D
-
Не е проблем ке ко направиме и тоа само кажи со кое време траење да биде импулсот што треба да го даде пикот
-
треба да се провери, да проверам прво па ќе ти кажам за сигурно да не преправаме по 100 пати
-
јас дома имам еден дисплеј L2432...па ке може ли да го користам за ова??? и ке може наместо тој пик да користам pic16f84???? (please say yes....) :-*
-
Дисплеот ке можеш да го искористиш само што твојот е се 24 карактери исто со 2 линии а за тој пик да го искористиш ке треба да се менува кодот
-
:( а ке можеш ли да ја преправиш ти ако нема многу работа (ако се работи за +/- некој ред од кодот)??? дека сакам да правам ваков бројач ама па и незнам кај да најдам таков дисплеј а и незнам колку пари е....
-
Дисплеот можеш да го искористиш и со овој код не би требало да има проблеми а за со pic16f84 ке треба да се преработи кодот исто така и шемата
-
ааа....ке можеш ли да ми помогнеш како да го поврзам дисплејот ;), дека појма немам како се поврзува... :-*
-
LCD то ке го поврзеш според шемата горе еве распоред на пинови за LCD то што се користи во овој проект,првиот пин е најдоле
(http://img220.imageshack.us/img220/2556/tablelcd.th.gif) (http://img220.imageshack.us/i/tablelcd.gif/)
Uploaded with ImageShack.us (http://imageshack.us)
Битребало да бидат пиновите исти и на твоето LCD за да бидеш сигурен во тоа најди datasheet за твоето LCD и споредиги со LCD то што се користи во овој проект
-
гоце (или кој било друг што го има .hex фајлот) ке можеш ли да го ставиш пак на нет, дека последниот линк што го имаш дадено вика дека тој фајл е избришан..
П.С дека ке го програмирам пикот со ТАИТ програматор (тој што е од емитер) со програмата FPP (и тоа е исто од емитер) ке треба да мењам нешто во програмата или пак само Program да кликам???
-
хаха, па значи колку е глуп тој програматор
и јас го имам него де работи де не работи
инаку треба да си наместиш за кој пик програмираш
-
DEVIL-е...не ми го вреѓај програматорот... :'( ја па што програмирам веќе...али и ке си направам JDM програматор тој што е од Борче, ако го направам ова ке има и видео и аудио и фото....
аааа...го имаш ли hex кодот???
-
Да бе, и мојот TAIT почна чудно да се понаша, најчесто работи супер, па едно време ќе му текне ништо не му функционира, па пак ќе проработи и така во круг и затоа го сменив со JDM и од тогаш си немам гајле... ;)
-
ВНИМАНИЕ!!!! ПРЕД ДА ПРОДОЛЖИТЕ СО ЧИТАЊЕ ВРЗЕТЕ СЕ ДОБРО ЗА СТОЛЧЕТО ЗАШТО КЕ СЕ ПРЕВРТИТЕ...од смеење...(ептен е глупо прашањево...)
ја го тоа ЛЦД дисплејот што го имам(доле е сликата)...и сега незнам текстот од кај на кај ке иде....дали од лево на десно или од десно на лево(како што е сликан на сликата)...лево е конекторот со кој што се закачува...
и така како што се наместени тоа тастерите така сакам да ја правам плочката (така да се наместени) и лево од нив да има едно пали/гаси прекидач...би било ли убаво така да биде???
П.С. сликата е ептен голема, па ако ја ставам тука ништо нема да се гледа...
-
мислам дека оди од десно на лево :)
-
DONEEE!!! најдов на еден руски форум слика од тој дисплеј од лево на десно се пишувале бројките..супер, сега нема да треба да ја преправам плочката, само ке треба да ја доцртам...
-
Oд Goce
се работи за програмибилниот бројач
евего hex фаилот бидејки имам направено неколку верзии може да го имам смешано hex фаиолот ако има некаков проблем пишими
-
до сега го правев бројачов, го испрограмирав пикот и ни на дисплејот има нешто, ни лед диодата свети. пикот го програмирав со последниот фајл од Dx-er што е, и пишува дека може да е згрешен хексот, па ке може ли некој да ми го даде хексот или на форум да го закачи дека скоро цел ден лемам тоа плочката и сега фали уште да го нема некој хексот и да отидам да се утепам...
и заборавив да напоменам дека тоа линковите од хотфајл на првата страна се мртви, односно го нема тоа што е аплоадирано...
-
Овој проект е проектиран од моја страна само беше во вип делот а таму немам пристап и незнам што се случува ке видам се што имам од овој проект па ке прикачам на ново не се секирај ке проработи од мене е испроектиран и истестиран види при програмирање дали местиш да работи со интерен осцилатор бидејки може во програмот немам наведено
-
бидејќи ги чувам фајловите,со нив нешто учев примери ќе го поставам хекс фајлот и кодот во PBP.
-
Овој проект е проектиран од моја страна само беше во вип делот а таму немам пристап и незнам што се случува ке видам се што имам од овој проект па ке прикачам на ново не се секирај ке проработи од мене е испроектиран и истестиран види при програмирање дали местиш да работи со интерен осцилатор бидејки може во програмот немам наведено
нема вип дел повеќе, поголем дел од темите од вип се префрлени во јавниот форум, ова е единствената тема (мислам барем не сум сигурен) кој беше отворена од тебе во тој дел, така да се што си постирал таму сега е тука
-
на хексот од сколс му фалат калибрационите битови. користам PICKIT2 за програмирање и најдов едно за местење на калибрациони битови, најдов на интернет како треба да бидат поставени битовите за да користи интерен осцилатор (битовите се мењати од хексот што е од Dx-er)
(http://pic.mk/images/IPhsG.jpg)
и го програмирав така, го уклучив и светна лед диодата, го стиснав копчето за уклучување и се појави нешто вакво:
(http://pic.mk/images/zQL4.jpg)
се мрдаше тоа текстот натаму-наваму после тоа се појави 0002 стиснав на копчето за додавање на намотки ништо не се смени, исто ништо не се смени и со копчето за намалување на намотки. го стиснав копчето за старт не се уклучи релето. стиснав на рестарт, се изгаси дисплејот и се запали лед диодата, пак кога ке стиснам на рестарт додека го држам се гаси лед диодата, кога ке го пуштам пак се пали. тоа е сега за сега, па кажете што да му правам...
-
ова ти е до дисплејот.Кажи кој дисплеј го користиш?
-
NC1602D е дисплејот, го имав користено за LCF метарот од епе, супер си работеше
-
а дали ти е добро поврзан дисплејот?Тие портите на ЛЦД дисплејот дали се поврзани и точно со микроконтролерот?Спореди со даташитот.
-
ПРОРАБОТЕ!!! при лемењето на дисплејот ми се направил некој микронски краток спој, заради тоа ги покажувал такви безвезни знаци, го програмирав со хексот од Dx-er, со сменети конфигурациони битови како на сликава.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=526.0;attach=7675)
П.С. сликата е иста како таа погорната, ја аплоадирав на форум во случај да не се избрише од pic.mk
П.П.С сликата е од PIC KIT 2 програматорот, менувањето на конфигурационите битови е за да се уклучи интерниот осцилатор, како што рече гоце дека заборавил да го уклучи при програмирањето :)
-
(http://pic.mk/images/thumbs/sBVeZ.jpg) (http://pic.mk/images/sBVeZ.jpg)
еве слика од склопениот бројач, го пробав да видам дали ке брои како што треба, броеше супер, ама ке треба да го испробам на поголем број намотки...
-
одлично изгледа,Бојан!Само каков мотор "драјвуваш"?И тие жиците(од страна),се за сензорот?
-
тоа жиците се за сензорот да, а за мотор имам некој 24V мотор па треба да се направи некоја механика за него да го користам...
-
Дали некој ја има нацртано PCB плочката па да пробам и јас да го направам овој бројач. Друго прашање дали моторот треба да биде со константен број на вртежи, или пак може да се менува брзината на вртежи во текот на намотувањето на намотката.
-
јас го правев на универзална плочка. моторот нема врска каков е дека си има сензор кој го регистрира секој направен круг
-
На шемата гледам има два сензори каде на кое место се поставуваат тие?
-
грешка си, на шемата доле лево е релето за уклучување/исклучување на моторот, над релето има влез за сигнал, каде што “1“=5V. односно кога ке му донесеш 5V на тој влез цифрата од бројачот се зголемува за 1
-
Едно прашање до членовите на форумов што го имаат изработено овој бројач, каков или кој вид на сензор го имате употребено. И дали може да се употреби микропрекинувач наместо зензор, при што на микропрекинувачот ќе се доведи напон од 1 до 5 волти.
-
незнам дали може тастер да се користи, јас имам искористено фото сензор, и супер си тера работа...
-
А ќе може ли да ми кажеш што тип на фото сензор, некаква ли информација за него.
-
ај утре ке го сликам ке ти пратам слика дека стварно незнам како се вика...
-
Во ред ќе чекам на слики :D
-
еве каков сензор користам, стварно незнам како се вика. од едната страна има лед диода а од другата страна има фото диода.
(http://imageshack.us/scaled/thumb/194/dsc00202ut.jpg) (http://imageshack.us/photo/my-images/194/dsc00202ut.jpg/)
-
еве каков сензор користам, стварно незнам како се вика. од едната страна има лед диода а од другата страна има фото диода.
(http://imageshack.us/scaled/thumb/194/dsc00202ut.jpg) (http://imageshack.us/photo/my-images/194/dsc00202ut.jpg/)
Електро-оптички сензор или позиционен сензор.
-
Извади од некое оптичко глувче ;)
-
Во ред имам отпичко глувче, но како би го искористил тој сезнор за овој уред навистина незнам мн за овие работи. Batka ако знаеш нешто повеќе околу ова дај пиши како можам да го искористам едноставно да го поврзам на уредот за да ги брои намотките.
-
треба да си направиш пренос на машината, така што 1 вртење на јадрото од трафото ќе ти дава 1 импулс на сензорот, оти ако не ти е убаво механички осмислена или ќе имаш повеќе отчитувања или помалку :D
-
Тоа значи дека голема улога има брзината на вртежи на самиот мотор или?
-
Во ред имам отпичко глувче, но како би го искористил тој сезнор за овој уред навистина незнам мн за овие работи. Batka ако знаеш нешто повеќе околу ова дај пиши како можам да го искористам едноставно да го поврзам на уредот за да ги брои намотките.
Па мислам дека еднаш веке ставив една ваква шема која може да се преправи да дава импулси за некој друг електронски уред (електронски или електромеханички бројач) Порано на сличен принцип правевме мерач на број на намотки со дигитрон.Ке ја побарам шемата и ке ја поставам пак.
-
А дали има врска колкав број на вртежи ќе има елекеромоторот за да ги бори точно намотките, затоа што некогаш јас на мојата моталица ќе мора и рачно да намотувам за поголеми трафа со поголем пресек на жица.
-
имам приметено дека про поголем број вртежи не број како што треба...
-
И јас истото заприметив, изгледа софтверот не може доволно брзо да ги исчита импулсите и се буни.
Ако успееш да најдеш квалитетен мотор со вграден сензор за вртежи не би требало да има голем проблем со грешката, се разбира тогаш нема да го користиш овај проект, оти на овај брзината му е прилично мала.
-
не е до моторот или до сензорот, до пикот е...здравје да научам поасално да програмирам па може ке го преправам кодот...
-
Абе мене не ми треба голема брзина него прашањето ми беше дали со мали вртежи односно кога јас рачно би ја вртел оската, тоа значи дека вртењето ќе биде мн маало и тогаш дали ќе има проблем со броењето на намотките. Секако за да го постигнам ова ќе поставам прекинувач со кој што би ја менувал положбата на уредов да работи во автоматки или рачен режим.
-
не би имало проблем, ама ова е склоп кој сам си контролира се тоа, ти внесуваш број на намотки, тој го стартова моторот и си мота додека не го постигне тој број.
Само пак треба се тоа механички да се осмисли за еден круг да дава еден импулс, тоа би ти бил цел проблем
-
Дали може шемата уште еднаш? и финална верзија на HEXot?
-
ве молам ако некој ја има шемата да ја стави дека не работаат линковите!!
-
Не сум во можност да ја ставам, хардот на кој што мислам дека ја чувам е изваден, треба да си набавам адаптер IDE to USB за да би можел да го прочитам.
Тоа ќе се случи најверојатно во четврток