Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Звучници => Topic started by: batka on 26.01.2011, Wednesday, 18:08:39

Title: Сабвуфер од пластична цевка
Post by: batka on 26.01.2011, Wednesday, 18:08:39
Гледам дека темава со сабвуфериве е актуелна и општоприфатена ,па како надополнување еве и еден сабвуфер,кој е едноставен за конструирање,можете лесно и евтино да го направите.
Ви требаат два баса 8 инчи,една пластична цевка за канализација со внатрешен отвор од 200 мм и  два круга од иверка 20 мм дебелина и нешто помали од 200 мм(198 мм поточно!).Едниот круг ке го ставите како кров ,а од другиот ке направите прстен со внатрешен дијаметар од 184мм ( според ободот на Симсоник 820!!).Двата баса ке ги поставите на прстенот еден спроти друг и добро ке ги прицврстите и додатно залепите со силиконски кит.Истиот начин на прицврстување важи и за кровот,а од страната е пожелно да се стават и 5-6 штрафа за дрво со фрез глава 40х4 мм,со кој од страна добро ке се зацврти за цевката.Не штедете на силикон.Внатрешната,затворената преграда во цевка треба да биде долга точно 210 мм до ободот на прстенот и дампирана со растресит материјал( не многу густо!)
Втортата преграда е отворена и може да се  стави на неа украсна решетка или да се остави отворена.За погон моше да се користи било кој стерео појачувач,со тоа што може да се направи  и едноставна  пасивна свртница,ако не сакате да правите активна!Вуферов е добар и за во автомобил!

Споено мислење: [time]26 Јануари 2011, 18:10:02[/time]
Заборавив да ставам предлог како да изгледа вуферот ако го користите дома,да биде украсно масиче,на едно постоље.
Title: Одг: Сабвуфер од пластична цевка
Post by: LordZi on 26.01.2011, Wednesday, 22:46:51
Не знам за звукот, ама дизајнот ме бендисува ;) ;D
Title: Одг: Сабвуфер од пластична цевка
Post by: jovce30 on 29.06.2016, Wednesday, 20:52:01
планирам и јас нешто слично да работам исто од пластична цевка само кај мене ќе биде субвуфер туба за во автомобил.Па некој ако сака да ми помогне околу волуменот на самата туба,инаку сакам да ставам субвуфер 10 инчи.