Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Звучници => Topic started by: batka on 14.01.2011, Friday, 16:47:04

Title: Превртена хорна за RCF звучници
Post by: batka on 14.01.2011, Friday, 16:47:04
Еве уште една шема на хорна со 15-ка РЦФ .Предната плоча се вади и звучникот се поставува одоздола спрема горната плоча.За оние што имаат намера да ја пробаат ова конструкција ке спомнам дека двапати ја правев истата.Првиот пат се зезнав и не ставив подолги штрафови со мутер ,па на нив да ги поставувам звучниците ,туку ставав штрафови за дрво одоздола! Тоа првиот пат ме измачи и не видов *аир*,па вториот пат ставив 4х50 мм штрафови и со мутер ги стегнав на иверицата ,а одоздола го поставив басот и со други мутери и шајбни го стегнав лесно звучникот! Памет за сите! ;D ;D Овој систем тработи прекрасно ,а за свртница ставете само еден калем од 6,5 мН во серија со + -от на звучникот,кој е пожелно да биде 8 омски.
Title: Одг: Превртена хорна за RCF звучници
Post by: GigaWatt on 14.01.2011, Friday, 16:58:15
Е сега ова не ми е јасно, предната страна се вади или се буши дупка на неа за да го поставам звучникот на неа? Бидејќи јас на друго место не видов отвор за звучник, затоа :S.
Title: Одг: Превртена хорна за RCF звучници
Post by: batka on 14.01.2011, Friday, 17:09:53
Слабо читаш шеми: предната страна на комората(означено е!) се вади ,а звучникот се става со мембраната према горната страна( има дупка на шемата)! ;D ;D ;D
Title: Одг: Превртена хорна за RCF звучници
Post by: GigaWatt on 15.01.2011, Saturday, 16:27:28
Аааааа, да да, сега видов ;).
Title: Одг: Превртена хорна за RCF звучници
Post by: batka on 16.01.2011, Sunday, 13:03:38
Комората за да биде постабилен звукот може да се исполни со стива,сунгер или ткаенина во помали парчиња.Ако имате од баба ви волна ,слободно ставете или ако видите овца ишишајте ја! :D :D ;)
Title: Одг: Превртена хорна за RCF звучници
Post by: Bojan on 20.01.2011, Thursday, 00:32:45
тоа ако ја шишаат овцата, само нешто друго да не и прават  ;D
Title: Одг: Превртена хорна за RCF звучници
Post by: batka on 20.01.2011, Thursday, 17:00:26
Овцата е многу кротко животно.Немојте да се изненадите ако налетате и отворите некои поквалитетни звучни кутии и внатре налетате на волна (од овца!! ;D).Најдобар звучен апсорбер  е влакното од овцата! :D :D