Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Високонапонска техника => Topic started by: Malecko on 05.01.2011, Wednesday, 23:16:56

Title: Mи треба помош за теслиниот трансформатор
Post by: Malecko on 05.01.2011, Wednesday, 23:16:56
Викав,ај да не барам помош,сам божем ќе поправам ама јок,што не бива не бива ;D.Сакав како изненадување али јок...Вака,имам проблеми со теслиниот трансформатор поточно драјверот,кој ја „драјвува“ бобината...Земав се го направив,значи секундарниот калем е намотан со 1820 намотки,примарниот на две на три е мотан,треба уште да се досредува,драјверот е направен но сега имам проблем,капацитивната банка од кондензатори е направена,значи се е стокмено само ме кочи драјверот.Ок како и да е,земав на обична универзална плоча го направив драјверот,и работеше супер,значи бобината одлично си фрлаше искра се убаво.Фрлаше некои 1-2цм искра ама моќна,кога ќе и ставев жичка ја топеше :D.Ок,земав го монтирав драјверот,трафото,транзисторот и бобината на една иверка,поврзав се како што треба со 10 пати проверување случајно да не направи KABOOM.И добро пуштив струја,ама па за бељата сега па не работи,како што ми се дешава у 90% у случаите,а нешто направам,го истестирам дека работи значи се супер,а го џитнам во кутија одма не работи и има душата да ми излезе дур да најдам кај му е маката...Ок да се вратам на прашањето зошто не работи драјверот,како „последици“ што не работи се следниве:транзисторот BDX87C грее,ама не многу,ама се осеќа :D,иначе е монтиран на прилично голем ладилник,регулаторот 7812 не грее,диодата свети,грецовиот спој,сите четири диоди грејат ненормално,едвај да ги подржиш со прст,одма те горат,бобината не грее и осцилаторот со NE555 не работи,значи NE555-ката не осцилира,а сменив едно 10 комада NE-TLC 555 тајмери,божем до тоа да не е и не е.Трафото што го напојува и тоа грее по малце,е сега дека од кога дознав за сериски поставена сијалица,во замена за осигурувач од тогаш и тестирам така :D.Сијалицата свети и тоа многу,значи не малце него мноооогу,и понекогаш трепка и димува кога ко пипкам-местам колото-555-ката,до што е?Ја сумњам во диодите-грецовиот спој,случајно да не се скувале или нешто,чекам ваше мислење... :D ;D

П.С. Шемата е во атачмент,цртана јово на ново,е сега кој нема sPlan нека симне и нека ја види :D,дека не смеам да ја закачам таа од емитер...А пошто доста е голема оваа,не можам ни скриншат да и направам :D
Title: Одг: Mи треба помош за теслиниот трансформатор
Post by: Devil on 06.01.2011, Thursday, 00:05:09
1. Грешка, Емитерот од транзисоторот оти не ти е на маса ?
и 5-ти пин од 555-та треба да се на маса :)
2. провери си го поврзувањето на грецот, провери дали кај 555 на 1 и 8 пин има некој напон
3. дали стави искришт, ако немаш стави оти ќе имаш проблем
4. провери си го трафото во празен од дали ти работи :), да не фрли патики

еве ја шемата поправена  ;D

(http://pic.mk/thumbs/teslintraf.jpg) (http://pic.mk/?v=teslintraf.jpg)
Title: Одг: Mи треба помош за теслиниот трансформатор
Post by: GigaWatt on 06.01.2011, Thursday, 01:09:55
Свети ли LED диодата, дека ако не свети, можно е некоја компонента пред или после неа да прави краток спој :S.
Title: Одг: Mи треба помош за теслиниот трансформатор
Post by: bicikle on 06.01.2011, Thursday, 05:30:17
Прво види регулаторот даи е ок, па кондензаторите пред тегулаторот, т.е. после грецот. Грецот извади го види диодите дали се ок. Мене ми изгледа дека е грецот, но сепак провери го транзисторот, и провери при монтирање некој штраф да не си заштрафил во водовите или некоја живжца. Ако можеш стави слики..

Споено мислење: 06.01.2011, Thursday, 05:34:30
1. Грешка, Емитерот од транзисоторот оти не ти е на маса ?
и 5-ти пин од 555-та треба да се на маса :)
2. провери си го поврзувањето на грецот, провери дали кај 555 на 1 и 8 пин има некој напон
3. дали стави искришт, ако немаш стави оти ќе имаш проблем
4. провери си го трафото во празен од дали ти работи :), да не фрли патики

еве ја шемата поправена  ;D

(http://pic.mk/thumbs/teslintraf.jpg) (http://pic.mk/?v=teslintraf.jpg)


Сигурно грецот е така поставен ?

Title: Одг: Mи треба помош за теслиниот трансформатор
Post by: Malecko on 06.01.2011, Thursday, 10:04:46
Свети ли LED диодата, дека ако не свети, можно е некоја компонента пред или после неа да прави краток спој :S.
Диодата свети,ама „димува“ како што го пипкам колото,се мислам да не нешто сокетот заебава,ама па ме чуди зошто свети сијалицата,исто како при краток спој :D
Title: Одг: Mи треба помош за теслиниот трансформатор
Post by: SKOLS_OLD on 06.01.2011, Thursday, 10:26:30
ако викаш дека го пипкаш колото и диодата тогаш димува имаш ладен лем.Барај го или пак дај ни слики од лемењето,да видиме.Дека кога ние работиме и мериме на пракса 80% од моите соученици незнаат да лемат и прават кратки споеви или ладни лемови.
Одма стави слики,јас до тоа мислам е(ладен лем)
Еве ти да видиш како треба да препознаеш дека е ладен лем.Еве ти слика да видиш како изгледа,еден ладен лем.(http://pic.mk/thumbs/coldsolder.jpg) (http://pic.mk/?v=coldsolder.jpg)За тој да го поправиш треба да го држиш лемилицата на калајот.Откако ќе се стопи ти ќе му ставиш нов калај.И откако убаво ќе се измешаат тие со бакарот ќе се соединат.
Title: Одг: Mи треба помош за теслиниот трансформатор
Post by: bicikle on 06.01.2011, Thursday, 11:26:20
A ako имаш паста за лемење стај секаде по малку, прелеми ги и остај ја во ракија или разредувач 15 минути и со некое четче исжули ја
Title: Одг: Mи треба помош за теслиниот трансформатор
Post by: GigaWatt on 06.01.2011, Thursday, 15:57:24
Мери напони на напојување на 555-ката. Дали доаѓаат, дали се правилни вредностите, итн. Штета што немаш осцилоскоп, не можеш да го видиш сигналот што го дава на излез 555-ката, мада со обиечен мултиметар поставен на подрачје за наизменичен напон, би требало да измери некаков си наизменичен напон, така и тоа би требало да биде индикација дали 555-ката работи или не ;).
Title: Одг: Mи треба помош за теслиниот трансформатор
Post by: Devil on 06.01.2011, Thursday, 17:37:06
хахах, абе малечко цела шема си ја згрешил
и грецот не ти е точно на шемата поврзан
не сум ни јас забележал мислев дека тоа е точно направенао ама ај ...  :P
Title: Одг: Mи треба помош за теслиниот трансформатор
Post by: bicikle on 06.01.2011, Thursday, 17:46:38
или грешено кога ја цртал оваа...
Title: Одг: Mи треба помош за теслиниот трансформатор
Post by: Devil on 06.01.2011, Thursday, 17:54:43
ако ме потсетиш малечко утре ќе ти нацртам за директно на 220V како да поврзиш бобина :)
само пази тоа е веќе премногу опасно, искрата која ја фрла сега  бобината и таа од 220 не е иста :)
Title: Одг: Mи треба помош за теслиниот трансформатор
Post by: bicikle on 06.01.2011, Thursday, 18:10:54
константно да работи на 220 волти ?
Title: Одг: Mи треба помош за теслиниот трансформатор
Post by: Devil on 06.01.2011, Thursday, 18:20:48
па сега константно, ќе грее малку ако немаш проблем да е загреано нема проблем ;D
Title: Одг: Mи треба помош за теслиниот трансформатор
Post by: Malecko on 06.01.2011, Thursday, 18:48:55
ако ме потсетиш малечко утре ќе ти нацртам за директно на 220V како да поврзиш бобина :)
само пази тоа е веќе премногу опасно, искрата која ја фрла сега  бобината и таа од 220 не е иста :)
Ја знам таа шема,со димер и кондензатор,и таа е испробана и верујте ептен е болно кога ќе ве мавне искра :D.Со тој „драјвер“ искрата е слабичка,сина е,тенка ама па е по долга,негде 2-3цм минимум ;D.Во врска со шемата,ја поправив,симнете ја наново,воочив грешките,имаше две емитерот не беше врзан на маса него на пин 5 од колото,а грецот исто така беше лошо поврзан,место + да оди накај отпорникот,оно си одеше од трафото директ хахаха ;D ;D ;D :D
Мери напони на напојување на 555-ката. Дали доаѓаат, дали се правилни вредностите, итн. Штета што немаш осцилоскоп, не можеш да го видиш сигналот што го дава на излез 555-ката, мада со обиечен мултиметар поставен на подрачје за наизменичен напон, би требало да измери некаков си наизменичен напон, така и тоа би требало да биде индикација дали 555-ката работи или не ;).
Сега не сум дома,гига знае зошто хахаха ојде пц-то ;D ;D :D.Па штом дојдам дома ќе мерам напони ваму таму...Е сега друго најдов,кога минусот од грецот,е поврзан на маса од бобината,значи нејзиниот „околоп“ сијалицата не свети толку,дали и упола,ама пак исто е,диодите грејат,транзисторот грее,диодата свети-и димува...Друга работа,земав го збрцав прстот у излезот од бобината и ништо не ме ни дрмна ;D,ама кога го пипнав ладилникот на тразисторот ме дрмна ама малце,исто како да ве дрмаат со онакво од упаљач хахаха ;D ;D ;DСега кажете ваши идеи,кај да мерам напони,освен после грецот и кај 555-ката,друго место,осцилоскоп немам едино некој да гњавам,ама ај да пројдат празнициве хахах :D :D ;) ;D
Title: Одг: Mи треба помош за теслиниот трансформатор
Post by: GigaWatt on 06.01.2011, Thursday, 21:27:55
Мери меѓу излезот од 555-ката и маса, со волтметар поставен да мери наизменичен напон. Треба да даде наизменичен напон со некоја мала вредност, 3, 4V, така нешто од прилика (зависи колкаво е напојувањетона 555-ката, ако е 5V, треба околу 3 или 4V да дадне на излез како низменичен напон, ако е 10V околу 8V наизименичен, или така нешто).
Title: Одг: Mи треба помош за теслиниот трансформатор
Post by: ivica.s on 06.01.2011, Thursday, 22:21:22
Malecko, сигурен си дека бобината се напојува преку 7812 регулаторот?

Да не е плусот врзан директно на C1, a не преку регулаторот?
Title: Одг: Mи треба помош за теслиниот трансформатор
Post by: Malecko on 06.01.2011, Thursday, 23:21:48
Malecko, сигурен си дека бобината се напојува преку 7812 регулаторот?

Да не е плусот врзан директно на C1, a не преку регулаторот?
Не,еб*те шемата,ама сум ја нацртал се утка :D.Не смеам тука да ставам шеми од емитер,авторски права >:(.Иначе таму се е објаснето...На плусот од бобината и оди директ после грецовиот спој,значи не после регулаторот,него пред него...Не сум дома,а дома па ми рикна хард дискот на пц-то,така да сите шеми,проекти,книги се отиде у к*рац ;D.Ај кој може нека ја препрати на неколку члена од форум,мислам дека Devil го имаше скенирано цел проект... ;D
Title: Одг: Mи треба помош за теслиниот трансформатор
Post by: bicikle on 07.01.2011, Friday, 05:46:38
види водовите или некоја жица на дрвото кај што си го монтирал да не фака...
Title: Одг: Mи треба помош за теслиниот трансформатор
Post by: Malecko on 07.01.2011, Friday, 15:26:18
види водовите или некоја жица на дрвото кај што си го монтирал да не фака...
Не не,се е добро,само што мерев напони кај што ми кажавте,и вака,после грецот има 13 волти што мора да е грешката до диодите,бидејќи со тоа трафо што го напојувам е 17 волти 65 вати.После регулаторот има многу мал напон,ама го напојува колото 555-ката.555-ката,осцилира,дава наизменичен напон од 6-7 волти,ама пак све живо и диво грее,а,ја откачам бобината не грее,изгледа има некој спој бобината,па грее транзисторот...Иначе сликнав,направив неколку слики,само што чекам братучедка ми,да ми ги прати сликите,па да ви покажам... ;D ;)
Title: Одг: Mи треба помош за теслиниот трансформатор
Post by: Devil on 07.01.2011, Friday, 15:27:39
премногу ти трга бобината, трафото не може да даде толку колку што трга бобината, тоа ти прави пад на напон а воедно се ти грее :)
Title: Одг: Mи треба помош за теслиниот трансформатор
Post by: Malecko on 07.01.2011, Friday, 15:31:14
премногу ти трга бобината, трафото не може да даде толку колку што трга бобината, тоа ти прави пад на напон а воедно се ти грее :)
Можеби се скувала при тестирање,дека она супер си работеше,си фрлаше искра и изгледа се пре оптеретила и цркнала.Па сигурно и дошол судниот ден,дека кузне од кога е таа бобина од фиќо хахаах.А ме знаете мене,ја кога тестирам нешто душата му ја вадам,какви не драјвери сум тестирал на нејзе хахаха ;D
Title: Одг: Mи треба помош за теслиниот трансформатор
Post by: bicikle on 07.01.2011, Friday, 17:23:05
Бомбината грее? Види пробај отпорник сериски врзи и од 2,2 оми 5 вати
Title: Одг: Mи треба помош за теслиниот трансформатор
Post by: Malecko on 07.01.2011, Friday, 17:36:05
Бомбината грее? Види пробај отпорник сериски врзи и од 2,2 оми 5 вати
Бобината не грее... :)
Title: Одг: Mи треба помош за теслиниот трансформатор
Post by: bicikle on 08.01.2011, Saturday, 01:21:10
A да пробаш на 12в појал исправуваш механички да ја драјвуваш т.е. да спојш кратко на 12 волти дали ќе фрли искра?