Македонски форум за електроника
Стручна литература => Туторијали => Topic started by: Devil on 18.12.2010, Saturday, 23:26:45
-
Пред се да напоменам дека не е се мое, дел е и од емитер така да кој го прочитал можеби ќе го препознае
Ова се некој „ненапишани“ правила за како да нацртате правилно некоја плоча (ППК/ PCB ) и да исполнува одредени стандарди.
Со ова ќе ги намалите проблемите кој можат да се појават после при изработка и работа на уредот.
- Секаде каде што може влезот треба да е од левата страна а излезот од десната, гледано од страната на елементите
- Елементите и степените кој пренесуваат слаб сигнал треба да се оддалечат од оние кој пренесуваат јак сигнал ( излезни степени) и оние што емитуваат електромагнетни пречки (трансформатор, реле...)
- Оставајте доволно простор околу елементите кој при работа се загреваат, најдобро е ако ги поставите на краевите со металниот дел према надвор (транзистори, фетови, регулатори и сл..)
- Водовите треба да имаат широчина према струјата која ќе тече низ ним. За бакарни плочи со стандардна дебелина, чиј бакарен слој изнесува 35µm, се препорачуваат следните димензии: 0,3мм за струи до 1А; 0,5мм за струи до 1,4А; 0,75мм за струи до 1,9А; 1,27мм за струи до 3,2А; 2,5мм за струи до 5,3А и тн.. Најчесто се употребуваат водови од 0.3мм до кај 1,5мм, но по потреба може да се зголемуваат, не употребувајте послаби од 0,3мм пошто тешко е после да се направи плочата
- Лемните точки требаа да имаат соодветно на димензиите на елементот, за отпорници, кондензатори, транзистори.. кружни со димензии од 1.5мм до 2мм, за поголеми елементи со подебели изводи 2-3мм, за изводи (влез, излез..) пожелно е да се друга форма пр. четириаголни или осмоаголни со димензии 2.5-5мм, за интегрални кола 1.5мм ако врват водови меѓу ним и 2.5 ако нема водови.
- Растојанието меѓу водовите треба да биде соодветно на разликата на напоните меѓу нив. Минимално прифатливо растојание е 0.3мм и може да се користи до 20V (AC peak/DC); за напони од 20-50V растојанието не треба да биде помало од 0,5мм; за напони од 50-150V минимум е 1мм; за напони од 150-300V минимум е 1.5мм; за напони од 300-500V (тука е и мрежниот напон) минимум 2.5мм.
- На плочата елементите треба да бидат придружени само со нивната ознака (R1,C1,T1...), вредноста немора да се пишува.
- Ознаките на плочата треба да бидат со големина од најмалку 1.5мм и дебелина од 0.3мм односно ова одговара на фонт со 6 точки.
- Рабовите на плочата исцртајте ги од страната на бакарот со дебелина на водот од 0.3мм.
- На плочата предвидете место за завртки и означете го тоа место, за помалите плочи доволно е и 2 завртнки, но за поголемите 3-4 завртки.
- Не заборавајте негде да го назначите и името на плочата (пр. напојување) и вашето име ( пр. Devil)
И има едно златно правило вика: Крајот прави го исто како почетокот ;)
-
Добар туториал, има доста корисни информации кои не сум ги знаел, +rep имаш од мене ;). Убаво си го срочил ;).
-
имаш репутација од мене, сега си рамно на 100 поени :)
-
имаш репутација од мене, сега си рамно на 100 поени :)
ја му расипав репутацијата :D фала за туторијалот, ептен е корисен....
-
Цитирано: "И има едно златно правило вика: Крајот прави го исто како почетокот" - Што е поентата?
-
размисли ќе ти текни :)
-
Де друже дај кажи два дена се мислам, останав без спиење... Глуп сум што да правам :D :D :D :D
-
не реков дека си глуп или не
ај да ти преведам пошто не ти оделе поговорките...
ако работиш исто, онака полека со ќеф и на почеток и на крај нема да имаш никогаш проблем.
ама ако работиш на почеток со ќеф ама после некое време да земиш да се брзаш за шо е можно побрзо да го пробаш уредот, без да внимаваш сигурно нема да проработи од прва, така да само ќе се измачиш за џабе ...
-
Еве и неколку кратки туториалчиња кои ги начекав на net. Од секое по нешто корисно можете да научите ;).
-
vo skopje imalo nekoja firma koja izrabotuva pcb plocki kako
http://www.hitech.com.mk
samo za ednoslojni obicni dali znae nekoj kontakt za nekoja takva firma ?
-
Пишувај на Кирилица!!!
-
vo skopje imalo nekoja firma koja izrabotuva pcb plocki kako www.hitech.com.mk (http://www.hitech.com.mk) samo za ednoslojni obicni dali znae nekoj kontakt za nekoja takva firma ?
Контакт имаш на самата веб страна што си ја поставил пишува "CONTACT" еве:
(http://pic.mk/images/3PIY.jpg)
-
Тоше, прочитај ги правилата за постирање... ;)
-
случајно некој да не знае како им се движат цените?
-
случајно некој да не знае како им се движат цените?
На нивната страница има калкулатор, можеш да пресметаш колку ќе те чини.
http://www.hitech.com.mk/en/calculator/index/
Инаку не верувам дека би се нафатиле да ви направат неколку плочки, работат само на големо и со минимум двослојни плочки, па се до 8-слојни.
-
Skols не правеше едно време таму плочи ?
-
минимум двослојни плочки, па се до 8-слојни.
Минимум двослојни-Да,но не се само максимум 8-слојни,тие идат и до 30-ина слоеви.
-
минимум двослојни плочки, па се до 8-слојни.
Минимум двослојни-Да,но не се само максимум 8-слојни,тие идат и до 30-ина слоеви.
Да да, знам, до 36 слоја, но дека на калкулаторот има избор до 8 слоја, затоа напишав така.