Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: antonio@arsenal on 23.08.2010, Monday, 17:58:38
-
Со колку омски отпорник можам да врзам диода на 9в батерија?
-
470 Оми или 560 Оми би требало да е во ред.
-
Да пробам на 470 ??
-
Ако имаш и од 1к пробај и со него, пробај прво со поголема вредност, не знам точно како е ова, зависи и од струјата на батеријата.
Измена:
Најдов еден калкулатор, за пресметка на отпорник во коло со ЛЕД диода:
http://pcbheaven.com/drcalculus/index.php?calc=leds
Внеси го потребниот напон за ЛЕД диодата да свети, изворот, и колку струја трга ЛЕД диодата.
Јас со ова пресметав дека 330 омски отпорни ќе сврши работа, ама стави си ти од 470 за секој случај. :D
-
Постои оммов закон!!! Напон е еднаков на струјата по отпорот!!
Но арно ти кажа Чекај дека може да го поврзеш со 1Ком!!
-
слободно терај со 560R, нема да има никаков проблем
-
Дали на диода можи да се пушти наизменичен напон? ;) :)
-
Може да се пушта, само не е пожелно, може да се стави една диода во серија со лед- от и плус отпорник во серија
кој има место може да додава и зенерки и кондензатори ( ако е поголем напонот од 9В )
ако се приклучува на 220V треба малку поинаку да се работи ;)
не етака едноставно
-
А да пресметаш ? Лесно е .))
Лед диодите се current driven елементи, тоа значи дека со помош на течење на електрична енергија т.е. струја т.е. електрони тие светат.
Регуларните лед диоди влечат некаде околу 20mA за нормална работа, доколку ги напоиш со повеќе - прегоруваат.
Формулата за пресметување на серискиот отпорник кој треба да го врзиш редно со диодата гласи :
R = (Vnap-Vled)/I
Каде што Vnap е волтажата на напојувањето, Vled е падот на напонот на лед диодата, а I е струјата која треба да протече.
Во нашиот случај имаме,
(9-2.2)/0.020 = 340 ohm.
На интернет побарај табела за напонските падови на лед диодите, јас најчесто земам дека падот на напонот е 2.2 волти ради обичните црвени лед диоди
Поздрав :)
-
браво Urahara ептен убаво објаснето...
-
браво Urahara ептен убаво објаснето...
Многу убаво си обајаснил овде за диодиве, мене ме интересира дали ке користиме иста отпорност ако врземе повеќе диоди и како треба да бидат врзани сериски или паралелно. Иначе јас имам на ум да правам штоп светло за скутер.
-
браво Urahara ептен убаво објаснето...
Многу убаво си обајаснил овде за диодиве, мене ме интересира дали ке користиме иста отпорност ако врземе повеќе диоди и како треба да бидат врзани сериски или паралелно. Иначе јас имам на ум да правам штоп светло за скутер.
И за сериска и за паралелна врска ќе треба друга отпорност на отпорникот, а за некои случаи (комбинации), можеби и малку поголема моќност на отпорникот (1W или 0.5W). Пресметај според форумлата на Urahara ;).
-
Ке можиш да ги светиш на веспата , јас имам направено напред со ксенон лед диоди и многу убаво свети
-
а бе стај 300 оми на 9 волти добро свети немора 330 точно ништо не му е со 300 оми
-
Без текст - само отвори слика!
-
а бе стај 300 оми на 9 волти добро свети немора 330 точно ништо не му е со 300 оми
така баш ќе прегори диодата.Од силната струја!!
-
нема да прегори диодата имам пробано :-*
-
ама грее,но и за одредено време ќе ти прегоре!Така само држи ја 5 минути,ќе изгоре подолго ако се држи. ;) :D
-
1 час и 12 мин работеше ни загреа ни пак прегоре :P