Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Мобилни телефони => Topic started by: MarkoMK on 10.07.2022, Sunday, 22:08:35

Title: Дали користите мејли :)
Post by: MarkoMK on 10.07.2022, Sunday, 22:08:35
Кога некој е недостапен на мобилниве оператори се уклучува мејли: „Го добивте мејли“..

Едно време знам пари напраија од него операторите, одма тарифираа уште пред сигналот за да оставиш порака..

Сега незнам за кој “таков„ служи.. во време кога сите користат разни меснинџери, вибер, фејзбук, и да не ги редам сите, постојат и СМС пораки, незнам зошто некој би оставал говорна порака на Мејли???

Едностнавно нека направат „Претплатникот не е достапен“ и доволно е...