Македонски форум за електроника

Други технологии => Компјутерска технологија и софтвер => Topic started by: MarkoMK on 10.06.2022, Friday, 09:41:11

Title: Browsing history - дали е корисна?
Post by: MarkoMK on 10.06.2022, Friday, 09:41:11
Декчи, ме интересира дали некогаш сте ја употребиле историјата на браузерот за нешто корисно ? (Овде не спаѓа пратење на партнерот што отвара што пребарува..  :) :) )

Пошто освен од тој аспект, не гледам зошто воопшто постои како опција.. јас барем никогаш не сум ја користел. Односно може сум ја користел пред 25 години кога беше тешко да пронајдеш некоја веб страна па да не ја памтиш адресата ја имаш во хистори..

Или на пример search history исто.. кога нешто сум барал сум го нашол..  што има да ми го прикажув после 5 месеци истото..
Title: Re: Browsing history - дали е корисна?
Post by: GigaWatt on 10.06.2022, Friday, 13:14:03
Да, имам користено... на времето, сега се поретко и поретко.

Порано користев history за некој сајт кој знам дека сум го посетил, но не вредело (барем не тогаш) да отиде во bookmarks и не ми текнува како му било URL-то и почнувам да пребарувам по history за дел од името, нешто што можеби ми текнува. Сум користел и за само што затворени tab-ови, по грешка или намерно (не сум мислел дека ќе ми треба), или tab-ови затворени пред некое време, на пример, пред неколку часа, нешто сум заборавил да зачувам (линк, фајл) и сега ми треба, па по history пребарувам ;).

Во денешно време, се помалку и помалку логика има да се користи history бидејќи многу сајтови во денешно време се практично web apps. URL-то може и да не се менува, а се менува содржината на сајтот. Порано не беше така, или не беше до оваа мера, па имаше логика да се чуваат URL-а од сајтови во history. Сега веќе... не дека нема логика, ама се помалку и помалку логика има.

Порано и повеќе пребарував online. Да бидеме искрени, имаше повеќе избор за многу работи (техника, warez, секакви информации). Сега веќе... со подемов на социјалниве медиуми, нема логика. Практично за се имаш или FB група, или subreddit, или нешто трето. На многу проекти (софтверски или хардверски) веќе и официјалните support или help desks им се решени како некој вид на група на некоја социјална мрежа... или Telegram/Viber/Discord chat или нешто слично. Прво, бесплатни се, второ, бараат многу малку одржување од аспект на техничко/технолошки напредок, кој бара се почесто одржување во денешно време (upgrade на сервери, скрипти, сајтови, тантара пантара, компатибилност, итн... за се ова е одговорен давателот на бесплатната услуга, кој и да е тој), трето... сите имаат барем еден account на некој од овие сајтови, мрежи, што и да е :).

Со пропаѓањето на форумите и сајтовите кои генерално земено, беа одржувани бесплатно или од донации, и превземање на глобалната web сцена од страна на гигантите (Google, Meta, итн.), веќе и нема многу поента да пребаруваш работи online. Да, ќе начекаш корисни информации, ама во денешно време, многу често се споделуваат фо форма на видео, што искрен да бидам, мене барем лично, не ми се допаѓа. Прво, видеото зафаќа многу повеќе простор од обичен документ, па дури и со слики ако е. Второ, ако го гледам, знам дека нема да го запомнам она што е кажано во него, но доколку го прочитам, скоро сигурен сум дека ќе помнам барем дел од текстот. Е сега, знам дека времето е динамично и дека луѓево немаат време, па многу поедноставно е се што треба да се знае за таа и таа работа, да се спакува во видео од неколку минути, се изџвакано, и од тоа да се добие информацијата која се бара, но за долготрајно знаење, ова не е најдобриот метод... барем според мене. Наречете ме назаден, ама... книга си е книга :D. Понекогаш и јас ги користам овие брзи методи за барање и добивање на информации, но само поради тоа што излегуваат како први резултати при пребарување, а не дека навистина сакам да гледам видео во кое се ми е изџвакано. Можеби како дополнување на нешто што веќе го знам или сакам да го научам, ама прво барам текст ;).

Така да, да, се согласувам, веќе и нема многу логика history. Го користам, но се поретко и поретко да бидам искрен. И веќе скоро секогаш browse-ам во private/incognito. Луѓево станаа манијаци, живеат туѓи животи, не ги интересира нивниот, па сакаат да видат што се си правел ти online на нивниот компјутер, телефон, што и да е. А и да не беше тоа, работам во IT, доста често споделувам сензитивни информации со клиенти, претпоставени, итн. online, така да, подобро е да нема траг на било кој компјутер што го користам дека нешто такво е пратено. На мои лични account-и, да, има, ама на PC, не.

А конкретно search history ми е disabled, не го користам. Немам потреба од тоа. Најчесто помнам како нешто сум барал. Обичен history, да, уште ми е enabled на повеќето browser-и ;).
Title: Re: Browsing history - дали е корисна?
Post by: MarkoMK on 10.06.2022, Friday, 21:48:04
..
Со пропаѓањето на форумите и сајтовите кои генерално земено, беа одржувани бесплатно или од донации, и превземање на глобалната web сцена од страна на гигантите (Google, Meta, итн.), веќе и нема многу поента да пребаруваш работи online. Да, ќе начекаш корисни информации, ама во денешно време, многу често се споделуваат фо форма на видео, што искрен да бидам, мене барем лично, не ми се допаѓа. Прво, видеото зафаќа многу повеќе простор од обичен документ, па дури и со слики ако е. Второ, ако го гледам, знам дека нема да го запомнам она што е кажано во него, но доколку го прочитам, скоро сигурен сум дека ќе помнам барем дел од текстот. Е сега, знам дека времето е динамично и дека луѓево немаат време, па многу поедноставно е се што треба да се знае за таа и таа работа, да се спакува во видео од неколку минути, се изџвакано, и од тоа да се добие информацијата која се бара, но за долготрајно знаење, ова не е најдобриот метод... барем според мене. Наречете ме назаден, ама... книга си е книга :D. Понекогаш и јас ги користам овие брзи методи за барање и добивање на информации, но само поради тоа што излегуваат како први резултати при пребарување, а не дека навистина сакам да гледам видео во кое се ми е изџвакано. Можеби како дополнување на нешто што веќе го знам или сакам да го научам, ама прво барам текст ;).
...

Се сложувам за се, посебно за овој дел, околу видеата и јас сум „старомоден„ и гледам ако има некој текст да прочитам попрво него ли видео да гледам..

И за хистори истото го мислам - се повеќе оваа опција се користи за некои „неморални„ цели него ли да има некаква реална корист, незнам зошто и компанииве што прават браузери или аплиакции за соц. мрежи не го исфрлат комплет или евентуално да го остават ако сака некој сам да го активира ,, во спротивно по „дифолт“ да си остане исклучено
Title: Re: Browsing history - дали е корисна?
Post by: AndrejStojkovikj on 11.06.2022, Saturday, 11:52:32
Порано, добар дел од времето користев search history за да пребарам нешто што ми треба. Доколку многу го користев линкот го ставав во bookmark. Ама најчесто тоа со history сум користел за да избришам поради премногу веб страни запамтени (пишувам некоја буква и излегуваат 10 линкови во search bar) кое секогаш ме иритирало.

Не е бескорисна опција според мене, си служи (или служела) некаква функција мислам. Сега пред скоро време дознав дека сум можел и да наместам при секое исклучување на браусерот да се брише историјата на тој браусер автоматски.