Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Радиоаматери => Topic started by: DX-er on 04.02.2016, Thursday, 15:16:27

Title: Проблеми со репетиторот R6 Бреза
Post by: DX-er on 04.02.2016, Thursday, 15:16:27
Почитувани радиоаматери, доколку има некој од раководството на РСМ да го прочита ова ке му бидам бладодарен.

Имено на R6 има два проблеми,

- Поради немањето на PL тон на репетиторот постојано упаѓаат едни исти 2-3ца грци и многу се досадни. Проблем настанува кога некој од овде сака да се дружи со радиоаматерите од Србија преку нивната R6 лоцирана на Бесна Кобила и воедно ја отвара и нашава R6 и во тој случај го слушаме само него и делува како да си збори сам со себе, бидејки србите нема шанса да ги слушнеме во Скопје со рачна станица. Па доаѓа до нервози на двете страни и така.

- Друг проблем кој што се јавува од време на време е што кога зборам на R6 Бреза, има некој несовесен кој што ме гази со сигнал. Кога јас зборам тој идиотот штрака штрака и штрака. Дури пријателот радиоаматер со кого зборев ме снимаше и ми прати снимка за да си се слушнам и како доказ.

Бидејки повеке радиоаматери го делат ставот дека треба да се постави PL тон на R6 Бреза вероватно тоа и ке се случи НО што правиме со тие што не попречуваат во работата и не газат со нивното штракање? Имам снимка каде во 3 релации некој нонстоп штрака. Дали има начин да се пронајдат и казнат соодветно ?
Title: Одг: Проблеми со репетиторот R6 Бреза
Post by: MilerovEfekt on 04.02.2016, Thursday, 15:20:51
Зарем има некој од РСМ овде ? Може да го исконтактираш менаџерот за УКБ на РСМ.
Title: Одг: Проблеми со репетиторот R6 Бреза
Post by: DX-er on 04.02.2016, Thursday, 15:30:39
Па така најдобро, ако знаеш ФБ од него или повикувачки знак пиши ми :)
Title: Одг: Проблеми со репетиторот R6 Бреза
Post by: TeslaBt on 04.02.2016, Thursday, 17:10:14
Колку шо знам мислам дека и R7 нема PL тон. А за да се најде малку потешко е то треба трианглуација ова она тешко е то.
Title: Одг: Проблеми со репетиторот R6 Бреза
Post by: xantox on 05.02.2016, Friday, 15:12:19
...Дали има начин да се пронајдат... ?
АРГ му е мајката.
Еве една многу интересна DIY антена за АРГ што не бара некои посебни вештини, алати и материјали.
Code: [Select]
http://www.instructables.com/id/Radio-Direction-Finding-Antenna-for-VHF/?ALLSTEPS
Title: Одг: Проблеми со репетиторот R6 Бреза
Post by: DX-er on 05.02.2016, Friday, 15:46:33
Интересна е. Вреди да се проба да се направи и еве прилика да се тестира :)
Ама прво треба да откриеме од кој град е радио-хулиганот а после во тој град да идеме и да го лоцираме.