Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Сè останато => Topic started by: DX-er on 03.12.2014, Wednesday, 01:19:42
-
Ако има некој направено FM 1 предавател нека пише, поготово ако има и PLL за тие фрекфенции е уште подобро.
Колку за информација FM 1 е радио пренос на фрекфенциите од 64 до 74MHz, кој има повеќе предности.
-
Ех вака кој се тие предности ? Имам слушано но немам направено предавател.
-
Ни мене не ми е јасно за fm1 ни на википедиа не можам да најдам. DX-er, можеш ли да објасниш малку повеќе за овој вид на радиоприем?
-
И јас го чекам DX-er. Имам слушано за овај опсег и имам слушано на овај опсег ама за разлика од FM ништо не знам за FM1.
-
Можно е дека има нешто, DXer е доста искусен во радиотехниката. Не сум се сретнал досега со тие фреквенции на FM освен 88-108 MHz. Имам дома некаде еден приемник кој е отворен од 30-1300 MHz, со модови AM, FM, WFM, па би направил и едно видео во оваа тема доколку фатам прием во подрачјето на FM1
-
Z31GH фала другар,
ФМ подрачјето што се користи кај нас од 87,5 до 108 MHz е според CCIR стандардот, или западњачки стандард кој се практикува во најголем дел од светот и за кој сите ние знаеме. Покрај овој начин на емитување постои ФМ радио на по ниските фрекфенции и тоа од 65.8 до 74 MHz или познат како OIRT (ФМ1) стандард. Овој стандард е присутен во Русија, порано и во соседна Бугарија. Разликата е што тука радио станиците се моно, а и самиот фрекфентен опсег е само 10MHz што нуди по мал простор за станици.
-
Ама придобивки ? Мислам нема.
-
Веројатно колегава има некој транзистор со ФМ 1,2,3 подрачја ,па затоа така ги рангира.Не постои таква поделба на комерцијалниот опсег 88-108 Мхз. Како кажа Дх-ер кај нас опсегот 64 до 74MHz не е комерцијален и го користат некои служби .Разлика помеѓу стандардните и предавателите на овој опсег не постои,освен во бројот на намотки на калемот,вредноста на кондензаторот во осцилаторниот круг... Значи ако било кој ФМ (стандарден) предавател го раштелуваш,можеш да го слушаш на овој опсег.Е,сега треба да знаеш малку како да го направиш тоа.
-
Има ли некоја станица во сеседните држави која емитува музика на FM1 и која е фреквенцијата, ме интересира дали може да се фати некоја станица
-
Никој во соседството не работи комерцијално на овој опсег.А друга работа е дометот.
-
Веројатно колегава има некој транзистор со ФМ 1,2,3 подрачја ,па затоа така ги рангира.Не постои таква поделба на комерцијалниот опсег 88-108 Мхз. Како кажа Дх-ер кај нас опсегот 64 до 74MHz не е комерцијален и го користат некои служби .Разлика помеѓу стандардните и предавателите на овој опсег не постои,освен во бројот на намотки на калемот,вредноста на кондензаторот во осцилаторниот круг... Значи ако било кој ФМ (стандарден) предавател го раштелуваш,можеш да го слушаш на овој опсег.Е,сега треба да знаеш малку како да го направиш тоа.
На еден аудио систем марка AIWA пишуваше FM1 и FM2, на FM1 (долниот опсег) немаше никакви сигнали, ниту од служби
Има ли некоја станица во сеседните држави која емитува музика на FM1 и која е фреквенцијата, ме интересира дали може да се фати некоја станица
Најблиску Русија :) Во периоди на зголемена сончева активност може да се слушнат тие сигнали и кај нас со радио за тие фрекфенции.
-
Колку шо знам членките на варшавскиот пакт работеле со ваков систем ,а Бугарија пред неколку години го укина.
-
Да,на следното помрачување на сонцето можеш да ја слушаш*Dark side of the moon* на некоја руска станица. ;D
-
Се извинувам дека ја обнувувам темата. Имам интересна вест. Некни во Битола слушав радио на 69.500mhz и на незнам точно која фреквенција двете беа Макеоднски ако некој сака можам да снимам за неколку дена само оти сега сум зафатен.
-
Да не е некоја интермодулација, ако во близина има ФМ предавател.
Како се викаат тие радиа ?
-
Најверојатно беше интермодулација. Оти бев во паркот, а предавателот на Тумбе Кафе не е далеку.