Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: batka on 28.07.2014, Monday, 01:04:24
-
Еве неколку шеми на мали засилувачи,ако некаде ви се потребни.Ова првата ја направив минатата недела,чисто за проба и со еден 3055 и трафо 2х12V 1A се добива 2,5W со о,5% THD.Ама некогаш и тоа е охрабрувачки.
-
Ми се свиѓа идејата од првата шема. Топ предлог и браво.
Би ти предложил да пробаш со аудио трафо од старо радио.
Напонските трансформатори имаат слаб фрекфенциски одзив ... заситување на јадрото ... бла бла ... во принцип за гитарски појачала ќе поминат (<10KHz).
Пробај со трафо од радио ... можеби ќе начекаш некое со импеданса на примар од околу 3к или пак, 2к6 од телевизор. Имаат однос приближно 20 (во твојот случај е 18, така што ... мислам дека ќе биде топ).
Тоа ќе бидат пријатни 2,5W.
Колкава импеданса има звучникот кој го приклучи?
Претходново важи за 8 омски звучник.
Тхд изобличувањата се на кој хармоник (во најголем дел)?
-
Проблемот за првата шема е што го направил проектот некој кој немал излезно трафо ,а сакал да добие трети хармоник. 8) Звучникот беше 8 омски ЕИ Ниш,елипса 12 см должина, 8 ширина на кој пишуваше 10W.Иначе THD e мерено на синусоидата на првиот хармоник.До третиот не сакав да одам.Иначе ваков тип засилувачи се пријатни за слушање и до 1% изобличување. ;D Некој ова нема да го разбере,ако не пушти низ него хеви метал. 8)
-
Не мора да значи дека ќе добие трет хармоник ... може петти да биде, е тек тогаш нека слуша и свадбарска музика од Шутка, исто му се фајќа.
Металика - блек албумот, направен е ремастер на целосно лампаски предпојачала и појачала. Идејата им била да биде слушан само на лампашка опрема.
Нека го пушти па да види дали ќе му се допаѓа ... хармоникот :P