Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Микроконтролери => Topic started by: borce on 03.03.2014, Monday, 02:10:33
-
Обај прекинувач е наменет за палење и гасење на штедливи обични и светилки со LED диоди.
Ел.Шема јас ја изработив а програмата за овај прекинувач ја пишуваше еден мој пријател па не можеше добро да се снајди и прекинувачот не функционираше добро.
Па замолувам некој од форумов кој се повешти во пишувањето на програм да напишат а јас ќе го објабам како проект на форумов со слики и видео за изработка на ППК адаптација и начинот на вградување на местото на класичниот прекинувач.
Прекинувачот треба да реагира на секое класично далечинско 38 Khz.
Прекинувачот треба да функционира на следниот начин:
-Тастерот кој е на Ел.шема со негово притискање и задржување на пр.10 или повеќе sek. контролерот да влегува во прогамски мод и во тој момент да се меморираат три тастери од далечинското кој претходно сме ги одбрале,тоа да се изврши со притискање по редослед прв втор и трет тастер,после притискањето на третиот тастер контролерот да излезе автоматски од програмски мод и да влезе во нормално функционитање,оваа процедура да е повторлива.
-LED диодата да сигнализира влез во програмски мод избор на тастери од далечинско и излез од програмски мод,да трепнува при секое притискање на тастер било на далечинското или на ѕидниот тастер.
-Тастерот кој е означен на Ел,шема после излегувањето од програмски мод да служи за палење и гасење на светлото ( со кратко притискање да се пали или гаси светлото , а со притискање и задржување од неколку секунди пр. 3 сек. да се вкучува и исклучува тајмер од 2 мин. и после тоа да изгасне светлото ) Тајмерот да може да се одповика со повторно притискање и задржување на тастерот, и светилката да продолже да свети. LED диодата исто да сигнализира вклучвање на тајмер со 5 трепкања,и исклучувања на тајмер со 3 трепкања.
-Првиот тастер од далечинското при меморирање да служи за палење на светлото, вториот притиснат да служи за гасење и третиот за вклучвање на тајмерот.
-LED диодата кога е исклучено светлото да свети,а кога е вклучено да биди изгасена.
-Контролерот да ги памти меморираните тестери и во случај кога ќе снема напојување.
-Тајмерот да биде со времетраење од околу 2 мин. И тој да може да се вклучи кога е светилката запалена или изгасена. При вклучувањето светлото да продолжи да работи уште 2 мин. А тоа да го сигнализира LED диодата на пр. со 5 трепкања кратки.
-За тајмерот истото да важи и кога се вклучва преку далечинското.
Се надевам дека ќе се најде некој јунак и ќе напише програм.
Поздрав и секое добро.
-
Колку е буџетот за пишување на софтверот?
-
Па дај понуда да видиме колку го цениш твојот труд
-
Бидејќи очигледно се работи за комерцијален пристап кон проектов,заинтересираните да си се договараат преку приватни пораки ,за да не стане постов *пазарџиски*,а дали некој ке сака или не да го објави целиот проект ,оставаме на неговата добра воља.
-
Веќе имаш готово проверено решение, речиси идентично со условите што го бараш, ова е двоканално, но едниот канал може да се изостави ако не ти треба:
http://www.elektronika.ba/753/dvokanalni-ir-prekidac-v1/
Досега го имам направено повеќе пати и работи без грешка, деловите не би требало да бидат повеќе од 300-350ден., сите потребни фајлови ги имаш најдоле, а таму има и една моја верзија на плочката со осигурувач.
ВАЖНА НАПОМЕНА - наместо кондензаторот С3 од 47uF кој е даден на шемата стави 100uF или повеќе (јас обично ставам 220uF) иначе понекогаш знае да не се исклучува триакот...
-
Прекинувачот немав намера да го искомерционализирам онака го замислив и ја конципирав шемата како за душата чисто за мене за домашна употреба .дома кај мене сум изработил ir dimmer-i за сите простории кој функционираат перфектно повеќе од 5год. но тие не можи да се користат за штедливи светилки.
Јас со електроника се занимавам околу 30 год. како хоби непрофитабилно,сум помогнал незнам колку пати некому и не сум го материјализирал тоа.
Професионално се занимавам со индустриска автомстика во приватна фирма за хидрогеологија претходно сум работел на технологија на обработка и микринизација на quartz и од тоа живеам а електроноката ја имам како хоби за душата.
прекинувачот кој е преставен како двоканален на форимот Elektronika.ba добро го познавам и при тестирањето покажа некои слабости и хардверски и совтверски и затоа не го зедов во предвид.
Низ годиниве не сум научил програмирање тоа ми е слабост.
Ова го напишав онака мислејќи ќе најдам добра воља ентузијастички па ќе го ставиме на форум да се најде на многумина.
Во секој случај ве поздравувам и го почитувам вашето размислување.
-
Ова го напишав онака мислејќи ќе најдам добра воља ентузијастички па ќе го ставиме на форум да се најде на многумина.
Се извинувам јас што избрзав тогаш со моето прашање, но спецификацијата за прекинувачот што ја постави ми заличи на спецификација која што мене ми ја праќаат кога работам на некој комерцијален проект за електроника :-)
Поздрав
Споено мислење: 03.03.2014, Monday, 11:02:35
Јас би се нафатил јавно (презентација во хаклаб + програмирање во реално време) да ја имплементирам спецификацијата на AVR микроконтролер (AtTiny серијата 8DIP можеби?) и кодот се разбира ќе е слободен на крај краева :-)
Периодов сум малку бизи со факултетски обврски, така да ова би можел да го направам некаде за 2 недели.
Како звучи ?
-
Пријателе Тролко јас така спецификацијата ја напишав за да работи така совршено бидејќи сите работи кои ги креирам и изработувам сакам да функционираат совршено онака како за душата изработени.
Шемата јас ја имам замислено со Pic контролер бидејќи за нив имам програматор.
Hex кодот што ми го изработи пријателот работи совршено но не можеше да направи и со ѕидниот тастер да се пали и гаси светлото во тој Hex ѕидниот тастер служи само за влез во програмски мод.
Ако постои можност Hex кодот да се декомпајлира да се врати во изворен код и во него да се интервенира да се додади таа опција јас ќе го пратам Hex-от, но колку јас што знам не можи да се врати назад.
добро би било доколку можи да се напиши совтвер компатибилен према приложената шема бидејќи веќе го имам изработено прекинувачот према таа
-
прекинувачот кој е преставен како двоканален на форимот Elektronika.ba добро го познавам и при тестирањето покажа некои слабости и хардверски и совтверски и затоа не го зедов во предвид.
Не знам што покажал кај тебе, кај мене сите работат без грешка... ;)
-
Некој вредности на елементи не беа добро димензионитани напонот после зенер диодата не беше секогаш ист се случуваше некогаш да не запали и обратно по некогаш се јавуваше треперење на светлото итн.
-
Го смени С3 со поголема вредност или користеше 47uF како во шемата?
-
И кај мене си функционира добро тој од elektronika.ba..
-
Не знам дали е ист со оној на босанскиот форум,ама порано правев нешто вакво.Еве се што имам од шеми и плочки.Само нема толку многу побарувања.
-
batka, тој проект е од Kifo Electronic
http://www.ivica-novakovic.from.hr/IrOn-Off.htm
-
Да,веројатно,не знам од каде беше добиен,ама добро работеше.
-
Оваа шема со гасење и палење на уред со помош на далечински управувач ја имам и јас направено и работеше од прва.Ја најдов во една тема на форумов ја имавте и претходно постирано исто така и батка имаше поставено мислам на форумов ваква слична шема само таа беше со CD4017 и беше по едноставна и таа работи одлично. :D ;D
-
Батка не се големи побарувањата така изгледа јога е напишано тоа е нормално.
Пали гаси со кратки притискања на тастер (ѕид) долго притискање тајмер.
Три тастери на далечинско пали гаси и тајмер,колку помалку од ова.
Тоа Батка мислам е од кифо електроник сум го праел пред 10-тина година.
Имам направено димери кои функционираат перфектно ако некој сака можам да ги ставам на форум.
Мене мерак ме фати за штедливите светилки и затоа ставив и MOC но ете проблем HEX па белки ќе се најде чаре