Македонски форум за електроника

Останато => Алат => Topic started by: GigaWatt on 03.12.2013, Tuesday, 21:43:20

Title: Самоградба на мал дребонг
Post by: GigaWatt on 03.12.2013, Tuesday, 21:43:20
Не спаѓа баш во алат за електроника, но не знаев каде да ја ставам темава ;D. Овој текст е извадок од некое старо Американско списание. Реално, кај нас дури ни во денешно време не може лесно да се направи вакво нешто, но во секој случај, можеби написот ќе ви даде некоја идеја, како нешто вакво би можело да се изведе со деловите и алатите кои ги имате на располагање ;). Помош од пријатели кои имаат адекватни алати за градба на нешто вакво е секако добредојдена ;D.

Во секој случај, интересно е како идеја ;). Во написот се дадени димензиите на сите делови и начинот како да се склопат ;).



download links:

Code: [Select]
https://app.box.com/s/w0mpg1mqbo4zn9fjjkvv31264ri6c7fh
Code: [Select]
https://www.asuswebstorage.com/navigate/s/7BE21CF44552491CB66B2E12310F665CW
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: batka on 03.12.2013, Tuesday, 21:58:19
Ова е само за Битолчанецот-радиоаматер Љупчо,тој добро работи на дребунг( аконекојима некаква потреба! ;D ;D)
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: tomce on 03.12.2013, Tuesday, 22:31:12
Зошто невозможно, буквално во домашни услови вујко ми има направено дребонг голем
кој не го користи за метал туку дрво
за вакви дрвени ногарки

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/kit-legs-lg.jpg)

али начинот на работа е потполно ист како на сликите
дури си има направено калап по кој да оди шината и да вади исти модели
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: Devil on 03.12.2013, Tuesday, 22:40:50
Јас имам домашно торно за вакви работи, за столбчиња (украсни) и слично, ноџиња од столови/маси, бејзбол палки, сукало (скопјани поинаку го викаа не сум сигурен како..)
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: nsu on 03.12.2013, Tuesday, 23:10:19
Богами дребонгот е измислена работа.Си обликуваш што сакаш.Интересно и многу корисно.Мене ми изработуваа футер на дребонг.Ова е скапа инвестиција но се исплати секој да го има како алат ;D ;D
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: stiffy on 03.12.2013, Tuesday, 23:19:35
Или ојш кај Марко кота, и прајт чуда на дребонг за не мн. скапо...во Македонија меѓу најдобрите е во то :D
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: LordZi on 03.12.2013, Tuesday, 23:25:25
Малце офф, кога сме веќе на темата, хитно ми треба мајстор што има дребонг за дрво во Скопје, за постојана соработка, ако знаете некој таков пратете ми ПП...
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: Toma on 04.12.2013, Wednesday, 13:51:59
Уште малку Офф..
Ако веќе се користат одомаќени зборови тогаш !
Не е дребонг туку дребунг
Quote
дребунг
мн. дребунзи
Вид збор: Именка, машки род
Машина за обработка на метал или дрво.
Англиски: lathe Германски: Drehbank
Употреба: Технологија
Code: [Select]
http://www.makedonski.info/search/%D0%B4%D1%80%D0%B5%D0%B1%D1%83%D0%BD%D0%B3Дребугогот го управува металостругар. Па според тоа на македонски би били струг за метал или ако е за дрво струг за дрво

Тоа е моето мислење!
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: Devil on 04.12.2013, Wednesday, 14:31:09
дребунгот кај нас често се среќава како универзален струг, треба да проверам мислам дека имав негде учебник по современи производствени технологии таму ги има баш онака како што треба правилно да се викаат
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: nsu on 04.12.2013, Wednesday, 15:06:01
И јас сум чул некои викаат дребунг.Јас искрено го викам дребонг.Е сега немаше у речник.Нема везе и двата термина се одомаќени. ;D ;D ;D ;)
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: Toma on 04.12.2013, Wednesday, 15:46:14
Има логика да се вика и универзален струг затоа што на истиот може да се обработува и дрво, пластика и скоро секакви други тврди материјали во зависност од кнфигурацијата и од моќноста на истиот !!!
Германците стругот за метал го викаат drehmaschine für metall
а стругот за дрво drehmaschine für baum

ПП- Се среќава и изразот дребанг !
Инаку и германците го пишуваат како Drehbank (на српски=струг, хрватски=tokarski, словенечки=stružnica, бугарски=струг) а како го изговараат не знам.
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: Z31GH on 04.12.2013, Wednesday, 18:32:07
Добро бе луѓе прашајте мајстор за мислење :)

         Бидејќи мене ми е тоа професија и сум ВКВ металостругар дозволете ми мене да ви кажам нешто за оваа машина.

Јас вакви машини имам изработувано, и една за метал што е дури и како поклон ја дадов, 100% индустриска машина за метал маала, мини дребонг, со тие димензии како тој на постот, бидејќи јас работам на стругови што обработуваат 3000 милиметри делови или народски кажано 3 метра должина минимум. Ова го кажувам за да ме сватите сериозно што мислам за оваа машина.....
         Ова е добра машина за хоби значи, ок, може да се направи нешто колку толку ама сепак нема прецизност, значи не можеш да мериш десети делови од милиметаарот со ова, не можеш навој да режиш, ама како за хоби и за моделарство кој што има  мерак ова е добра машина.

@tomce

Тоа што има вујко ти е торно, пази, разграничете торно и дребонг односно струк. Не е потребно да имаш калап туку имаш длета за различна намена, за да ги правиш тие прекрасни стубови за скали. Торното е убава работа иако е сосема различен занает од мојот, си има свој тежини како и секој занает и треба да си мајстор да го работиш, сепак тоа не смееме да го наречеме дребонг

@Devil

Добро е да научиш ако си во можност да го работиш торното, имаш безброј можности со него, а што се однесува за безбол палките немој. Досега направив 4 такви машини и поради безбол паликите ќе имав проблем со законот, направиле за некој безбол палка а тој на друг главата му ја искршил. Фала богу жив е човекот. Сепак не бев обвинет бидејќи не е кривично дело да направиш самоделско торно.
Во врска со вториот пост да ти кажам дека универзален струг е струг што мора да има две вретена, навојно и влечно, ама не би навлегувал во тоа бидејќи ќе одам многу офф топик и универзалниот струг е сепак само за метал иако се нарекува универзален

@nsu
Некои го велат дребунг а ти велиш дребонг, во двата случаја грешиш, тоа е торно или струг за дрво како сакаш, струг или дребонг е за метал, ама си во право дека е корисна алатка. Не е некоја скапа инвестиција ако погодиш мајстор што нема да те одере, а имаш и фабрички.
Твојот втор пост ме натера да одржам и час по германски јазик со оглед дека германскиот јазик го знам професионално.
Терминот дребног е одомаќинет од терминот Drehbank кое значи вртлива работна маса буквално преведено, сепак и тој термин се користи само народски, правилниот термин е Drehmaschine и рој термин се користи во стручните литератури, во средните машински училишта и машинските факултети.

@Тома

Не се согласувам во делот со дрвото, Универзален струг се вика затоа што може да се користи од најмала работилница до најтешка индустрија, и може да се користи за најразлична намена, на струг се обработуваат најтешките челици, прохром....па ок пластика исто се употребува, месинг бронза....алуминиум и така натаму ама не се препорачува дрво бидејќи пилевината ако навлезе под водилките и ако прими масло, тогаш тешко на машината, ќе закочи машината и може да се направи некој дефект, едноставно не е наменет за дрво иако може да го обработува.
Во врска со термините што ги напиша малку ќе те поправам....

Струг за метал-  drehmaschine für metall ок е терминот а може да се каже и metall drehmaschine
Струг за дрво Drechselbank, никако тоа baum не смее да стои таму, оти поимот baum е дрво што е живо значи засадено и порастено со лисја, а не сечено, дрво инаку се вика и Holz, тоа подобро би се вклопило во називот



        
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: batka on 04.12.2013, Wednesday, 18:36:51
Лекција од прва рака. 8) 8)
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: Z31GH on 04.12.2013, Wednesday, 18:45:13
Имав два вакви ама еден дадов поклон, ова е добар и како торно да се користи иако е за метал, ова не е универзален струг, овој секако се фабрички не е самоделски. си пукнав од мака што еден дадов поклон :)
(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/strug_zps0a2f0017.jpg) (http://s1086.photobucket.com/user/transkop/media/strug_zps0a2f0017.jpg.html)
оваа слика е од тој што го имам сега
ок, ова последното е офф
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: Zan on 04.12.2013, Wednesday, 19:05:13
Ме интересира онака информативно, колку пари чини еден ваков мал половен дребонг?
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: Z31GH on 04.12.2013, Wednesday, 19:14:05
тоа е старата верзија SCHAUBLIN 102, тие се многу многу скапи, таа марка во струговите ти е како ролс ројс и ферари во автомобилите. Јас овај на сликата што го имам и ден денес го добив за едно шише виски во швајцарија, а цената му е околу 1500 евра а мислам дека само името го плаќаш, имаш и поевтини а добри и мислам дека за едно 500 евра ќе најде одлична мала машина, оваа е сепак за метал, пази
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: nsu on 04.12.2013, Wednesday, 19:40:15
Quote
@nsu
Некои го велат дребунг а ти велиш дребонг, во двата случаја грешиш, тоа е торно или струг за дрво како сакаш, струг или дребонг е за метал, ама си во право дека е корисна алатка. Не е некоја скапа инвестиција ако погодиш мајстор што нема да те одере, а имаш и фабрички.
Твојот втор пост ме натера да одржам и час по германски јазик со оглед дека германскиот јазик го знам професионално.
Терминот дребног е одомаќинет од терминот Drehbank кое значи вртлива работна маса буквално преведено, сепак и тој термин се користи само народски, правилниот термин е Drehmaschine и рој термин се користи во стручните литератури, во средните машински училишта и машинските факултети.
.Е такаа и си мислев благодарам за оваа потврда.Ова беше предавање,за паметење.Е се што нема на овој македонски форум за електроника од висококфалификувани мајстори до генијалци.Респект за форумов 8)
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: Z31GH on 04.12.2013, Wednesday, 19:45:50
Благодарам на разбирањето, тоа што велиш дека има све на форумот, тоа го прави форумот единствен, На некој електрониката им е професија а на другите како мене хоби, ама затоа сме тука да помогнеме ако заглавите во нашите професии  ;)
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: Toma on 04.12.2013, Wednesday, 21:04:54
Старо или ново ориентационо  (100 динари = 54 денари или обратно 100.0 денари=184.5 динари,  или пример 250.000 дин = 135.425,38 ден = 2192 Evro)
Струг за метал
Code: [Select]
http://www.kupindo.com/pretraga.php?bSearchBox=1&Pretraga=strug+za+metalСтруг за дрво
Code: [Select]
http://www.kupindo.com/pretraga.php?bSearchBox=1&Pretraga=strug+za+drvo
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: nsu on 04.12.2013, Wednesday, 22:34:33
Богами не е баш многу евтино.Но сепак се исплати да вложиш.А убаво си кажа и членот Z31GH зависи каков мајстор ќе ти го направи.Но ако ти треба мора да си вложиш.На кој му треба тој има. ;) ;)
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: GigaWatt on 05.12.2013, Thursday, 00:49:05
Ме интересира онака информативно, колку пари чини еден ваков мал половен дребонг?

а добри и мислам дека за едно 500 евра ќе најде одлична мала машина, оваа е сепак за метал, пази

А каде би можеле да најдеме да купиме дребонг? Мислам во Македонија, во странство знам дека може да најдам, ама прашував за во МК ;).

А колку би чинело некој само деловите да ми ги направи? Најголем проблем се деловите, затоа :S. За склопување, мотор, ова она, и сам ќе си најдам, ама деловите... тие се скапата работа :S.
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: Z31GH on 05.12.2013, Thursday, 07:03:55
Може да се направи, обично тобрите торнаџии сами си ги конструираат машините, и зависно од потребата и намената, јас имам видено еднаш на пазар3 добро торно за 100 евра, самоделско и камен добро, сепак тоа е во зависност како ќе начекаш, иначе да се изработи е поскапо , еден мотор е само 5000-6000 денари, лагерите за главното работно вретено се околу 2000 денари, башка куќишта за лагери и така натаму. Машината без мотор може да се изработи за 6000-8000 денари, вклучувајќи ги сите материјали, секако метална конструкција, солидно заварена, и пак ќе нагласам без мотор.
Има луѓе што од некој дедо ќе им остане нешто такво па не ги интересира тоа и можеш да го најдеш прилично евтино ако начекаш 8)
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: GigaWatt on 05.12.2013, Thursday, 07:39:00
За жал, немам дедо кој би ми оставил такво нешто ;D. Како и да е, добро е да се има информацијата ;). За мотор, јас ќе се снајдам ;). Не можам да се снајдам за се останато ;). А ако се прави за 6000 до 8000 денари со вкупна цена на материјал и се тоа, тоа е и не е баш така скапо ;). Да не знаеш некој кој случајно би се нафатил на нешто вакво? Само деловите од конструкцијата да ги направи, јас ќе си ја склопам ;). Ремените и моторот јас ќе си ги набавам ;).
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: nsu on 05.12.2013, Thursday, 14:22:05
Да фактички секој би можел да проба да го направи ова.Сигурно се користи некој асинхрон монофазен мотор со средна моќност.Искрено моторот колку киловати треба да е дали три киловати би било доста или треба и повише или и помалку прашувам онака. ;)
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: puknati on 05.12.2013, Thursday, 18:59:53
Ова е исплатливо да го направи некој ако половина од материјалот го има дома, да речеме моторот, 1.5-2.2 kW  мислам дека е доволно, некоја осовина со куќишта за лагери па да се докупи нешто ситно од материјал, а каде е футерот, и тој е скап...
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: GigaWatt on 05.12.2013, Thursday, 19:59:52
Еве, Z31GH кажа дека би чинело околу 6000 до 8000 денари некој да ви ги купи/направи деловите за вас ;). Моторот и не е толку голем проблем ;). Со малку барање низ отпади, ова она, ќе се најде нешто адекватно ;).
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: nsu on 05.12.2013, Thursday, 20:06:19
Моторот е најмал проблем само сите други делови да ги имаш.Па за крај моторот и ременицата се оставаат ;)
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: GigaWatt on 05.12.2013, Thursday, 20:08:00
Па тоа ми беше и мене муабетот ;). Мотори има колку сакаш ;D. Ќе се најде некој адекватен или некој кој „ќе брка работа“ ;). Моторот не е проблем, се останато е проблематично да се набави, односно направи :S.
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: Z31GH on 05.12.2013, Thursday, 22:27:22
порано имав многу време за такви конструкции, сега нажалост не. Пред 6 месеци ме промовираа за шеф на техничка исправност на ТРАНСКОП БИТОЛА и сум преокупиран со исправноста на автобусите. Снабдување со резервни делови и така натаму, затоа немам многу време, секако и ако се додадат семејните работи остануваат само неколку часови за одмор или спиење.
Не треба 2,2 киловати мотор, доволен и 1 киловат или 750 вати. Мојот струг кој е локомотива користи 2,2 киловати мотор, а за торно е доволно 1 киловат или нешто помал

(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/206748_1007952571426_1603293812_30025907_2340_n.jpg) (http://s1086.photobucket.com/user/transkop/media/206748_1007952571426_1603293812_30025907_2340_n.jpg.html)

Овој струг има 2.2 киловати мотор и не застанува ни на најекстремни напрегања, значи и не е потребен толкав мотор за торно, макар што ако ставиш на торно 2.2 киловати нема ништо да го запре

Споено мислење: 05.12.2013, Thursday, 22:52:13
П.С
Да не се сватиме погрешно. Оваа слика ја пратив не со намера да се „покажам некако„ туку да објаснам дека со 2,2 киловати мотор можеш да обработуваш најјаки челици, што ќе ги обработува како алва, а за дрво и да не зборуваме
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: Toma on 05.12.2013, Thursday, 23:45:16
Колкав е вртежниот момент, колку брзини има и која е најмалата и најголемата  брзина  на стругот ?
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: Z31GH on 05.12.2013, Thursday, 23:59:51
Ова е Првомајска ТЕС-3, погоден за одржување на тешки возила. Овој струг има максимален  850 вртежи во минута, а најмал е 18 вртежи во минута. Имаш 9 брзини на работа
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: nsu on 06.12.2013, Friday, 14:29:12
Еј а јас претпоставував дека за торно не треба поише од еден киловат а може и со мотор од машина за перење кој е 800 вати сега е нов.А има доста појаки мотори по 900 вати од старите машини за перење.Z31GH многу е убав ТЕС-от-3 баш убаво.Доста е интересно да поправаш автобуси и механиката е интересна не само електрониката.А тешко е да поправаш и да се грижиш за толку автобуси.Секоја чест ;)
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: GigaWatt on 06.12.2013, Friday, 17:14:29
Еј а јас претпоставував дека за торно не треба поише од еден киловат а може и со мотор од машина за перење кој е 800 вати сега е нов.

Токму тоа ми беше и мене идејата ;).

Абе добро пишав јас. Моторот не е проблем, ќе се најде ;). Проблем е се останато ;).
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: MarkoMK on 07.12.2013, Saturday, 09:13:49
Да кажевте порано..  :)
Татко ми имаше вавко дребонгче мало руско:

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/drebong.gif)

Ама ретко го користеше па го продадовме некаде околу 300 евра мислам го даде.
Иначе комплет кога го земавме беше спакувано во дрвена кутија со алатки, штрафцигери, клучеви ...
Имаше и опција за автоматски „посмак“ мислам се викаше. :)
На моторот имаше неколку шајбни и се правеа комбинации со 2 каиши за зголемување/намалување на бројот на обртаи, ама имаше фиксно мислам 6 вредности.

Еве го има на овој сајт:  
Code: [Select]
http://www.lathes.co.uk/russian/
Title: Одг: Самоградба на мал дребонг
Post by: GigaWatt on 07.12.2013, Saturday, 17:52:14
Епа... изгледа си требал прво тука да прашаш ;D.