Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Видео техника => Topic started by: warningteam on 04.11.2013, Monday, 16:46:21

Title: Проблем со греење на ласер
Post by: warningteam on 04.11.2013, Monday, 16:46:21
Како што кажува насловот значи имам ласер 200mW кој сакам да го приклучам на адаптер бидејки ги "цеди" доста брзо квалитетни батерии инаку се работи за батерии од тенките 1.5В  2батерии по 1.5В. Е сега идеата ми успеа најдов адаптер 3 волти, но струјата која е на адаптерот е 1000mA и кога ке го приклучам дирекно ласерот на напоување по многу краток временски период почнува да грее кај тастерот за уклучување и исклучување.. и тоа доста солидно грее. Сега ми треба помош како да го намалам греењето, бидејки вака ако продолжи од топлина ке прегори а ми треба доста  време да свети на пример 10 15 мин. Проверив колку струја влече  при работа и доста сјајно светење покажа 337mA  при напон од 3.5 волти. Кој има некаква идеа или  предпоставува што би можело да го предизвикува греењето на кукиштето на ласерот нека пише :D  Инаку еве за каков ласер се работи

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/image_337x337.jpg)
Title: Одг: Проблем со греење на ласер
Post by: GigaWatt on 04.11.2013, Monday, 16:50:36
Лош контакт. Освен тоа, друго не ми текнува. Ако можеш расклопи го и види дали ќе грее ако директно го приклучиш, без прекинувач.
Title: Одг: Проблем со греење на ласер
Post by: warningteam on 04.11.2013, Monday, 16:55:44
 Jа би го расклопил али неможе кинески е и цел е Залиен од напред од кај диодата, а позади кај батериите е само извадено федерчето кое е минус и ништо повеќе така да ако земам да го расклопувам ке треба да го сечам цел ласер цела конструкција :D и потоа не сум направил ништо бидејки ми треба предниот дел на ласерот каде што се поставуваат главите за каков изглед на светлината да даде  напред :D
Title: Одг: Проблем со греење на ласер
Post by: batka on 04.11.2013, Monday, 22:32:44
Премости го прекинувачот само и стави адаптер од 1А.Ако не смета стави го во друга цевка и лади го со кулерче од позади.
Title: Одг: Проблем со греење на ласер
Post by: GigaWatt on 04.11.2013, Monday, 23:54:50
Можеш да го елиминираш прекинувачот од колото?
Title: Одг: Проблем со греење на ласер
Post by: borisq10 on 04.11.2013, Monday, 23:55:34
Пробај најди послаб адаптер на ампеража јас мислам дека е до амперажата  :)
Title: Одг: Проблем со греење на ласер
Post by: warningteam on 05.11.2013, Tuesday, 00:46:28
Пробај најди послаб адаптер на ампеража јас мислам дека е до амперажата  :)

Амперажата е добра  1 А издржува адаптерот  на излез а ова му треба 337 мА според мерењето, иначе гига и батка не може да се премости,извади прекинувачот бидејки ке го оштетам ласерот, инаку сеа продолжив да си експериментирам со ласерот од страна ставив ладилници и добро одеше се додека не се зезна нешто внатре во него од еднаш се намали светлината на диодата одма го исклучив и сега свети ептен слабо  го мирисам внатре мириса баш на изгорено а како што можам да видам има едно ИК во него најверојатно отиде тоа ...  :S Мада ке пробам па со батерии да видам што ке се деси..
Title: Одг: Проблем со греење на ласер
Post by: GigaWatt on 05.11.2013, Tuesday, 01:30:05
Би требало во него да има некаков вид на step-up конвертор. Можно е да си го изгорел колото :S. Ако си го изгорел, тоа е тоа, купи си ново и нареден пат... само со батерии.
Title: Одг: Проблем со греење на ласер
Post by: batka on 05.11.2013, Tuesday, 02:42:25
Веројатно си го дигнал напонот или пак тој малку повеќе варирал.Кај ласерите многу е битно и ограничувањето на струјата која мине низ диодата на ласерот.
Title: Одг: Проблем со греење на ласер
Post by: ivica.s on 05.11.2013, Tuesday, 13:52:00
Ако телото на ласерот е од пластика, очекувај дека ќе грее. Рачунај дека за 200 миливати зелена светлина ласерот внатре има инфрацрвена ласер диода која е барем 700 - 800 миливати. Зелените ласери работат на овој принцип, фреквенцијата на инфрацрвена ласер диода се дуплира и се добива зелена светлина нешо слично како кај множењето на фреквенцијата на кристалите во радио техниката. Овој процес на дуплирање не е многу ефикасен и затоа инфрацрвената диодата мора да биде многу посилна за да се добијат тие 200 миливати на излез. На некои ласери телото им е направено од алуминиум и ласер диодата е во термална спрега со него па така самото тело служи како ладилник и следствено многу помалку се загреваат, ако е од пластика ќе грее многу повеќе зошто пластиката е изолатор а не спроводник на топлина како алуминиумот.
Title: Одг: Проблем со греење на ласер
Post by: warningteam on 06.11.2013, Wednesday, 17:27:29
Ласерот е т.е беше во алуминиумска кутија цел, сега земав го отворив цел партал го направив цела кострукција лом ми е,едвај го извадив клешти чукање и 300 зафрканции околу него и во него, но на крај битно го извадив xD  има само неколку кондензатори, отпорници, тастер,  ИК LM 385 една диода и еден транзистор и диодата со 3 изводи што е ваљда е од оние ко за ласерите што се користат во ДВД ром неам појма xD  друго баш ништо :D  и да не забегувам многу   сега гледам по нет значи ако е рикнато ИК бидејки по логика тоа треба да рикне прво па диодата  гледам по нет некоја шема со иста таква диода како што ја имам јас и оптиката ја имам немора да се зафркавам вади од ДВД ром барај оптика вака се на готово само електрониката  па сакам да подискутираме малце.Што мислите би работело ли со оваа шема ко на сликата  и колкав напон  да донесам до диодата сега значи дирекно да ја врзам или пак која вредност на отпорник да ставам за да проверам прво дали е асална диодата да не е рикната и таа? И уште нешто значи несакам овој ласер да гори да пали шкорчиња и така натака значи го сакам само ефектот кој го имаше претходно една обична зелена линија :D

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/LM317_laser_schematic.jpg)
Title: Одг: Проблем со греење на ласер
Post by: batka on 06.11.2013, Wednesday, 23:50:29
Батка,веке  ти кажав.Ова шема што ја стави не е она која ти ја имаш какоготов уред.Второ,со  експериментите веројатно си го уништил и ограничувачотна струјата низ диодата и диодата е мртва,изгорена.Иначе и ласерската диода има А и К и се мери  исто како диода.Извади сиод некој ДВД режач диода или купи си ново уредче  и не се замарај.