Заради ефект
. За да мислат „еве, апаратот и телефонот комунцираат“
. Како да не
. Никој освен базната станица која моментално го опслужува мобилниот апарат, не може да комуницира со истиот. Освен ако не нашле начин да „начукаат“
цела базна станица во тоа уредче
, нема теорија истото директно да комуницира со мобилниот телефон. Станува збор за слоеви и слоеви енкрипција која е тешка за декодирање, дури и да имаш специјална опрема и да ти се дадени енкрипционите клучеви.
Освен тоа, ако тоа уредче може да го декодира сигналот, тоа може да се смета како директно кршење на интимноста на корисниот... од кај знам што точно прави тоа уредче со податоците кои може да ги прими и декодира? Јас треба на „жими мајка“ да и верувам на банката дека само она што на нејзе и треба ќе го „екстрахира“ од „џунглата“ податоци кои во една секунда се разменуваат меѓу базната станица и мобилниот апрат
? Аха, важи
. Можеби ги чува во некоја база и од време на време се празни на некој сервер. И онака веќе доволно информации имаат владини и невладини институции за мене, не мора баш се да имаат
. Бидејќи гледам вака на работите, да, не им верувам премногу ни на мобилните оператори (а особено не им верувам на T-Mobile
, после цела деценија намерно забавување на процесот на либеризација на пазарот на интернет провајдери
), но тоа е „нужно зло“ кое морам да го прифатам за да имам и користам мобилен телефон... а, да бидеме реални, животот во денешно време скоро и не може да се замисли без мобилен телефон, така да, тоа е тоа :S.
А инаку, многу уреди, од аудио засилувачи до CRT монитори, може да „забележат“ кога на некој му доаѓа повик или порака
. Тоа не е научна фантастика
. За забележување, секој од овие уреди ќе забележи, ама дали знаат што забележале
? Се разбра дека не
.