Најчесто, во поновите телевизори со катодна цевка, само Tuner-ите се спакувани во вакви кутии и се прилично мали :S, но кај постарите телевизори, имаше и други поголеми и помали RF модули кои беа спакувани баш во вакви Фарадееви кафези
. Не се баш најпрактични, особено поради ограничената висина на кутиите (не може да монтирате трафо во нив), но може да вршат работа за определени конструкции
. Тука пред се спаѓаат предавателите (поради лимениот оклоп), но може и рачно изработени (DIY) инструменти, определени предзасилувачи кои работат на батерии или на адаптер, итн.
. Особено погодно е тоа што лесно се отвораат и затвораат, така да, погодни се ако треба чести корекции да се прават на монтираниот уред (на пример, нагодување на инструмент
). Иако изгледаат многу кревко, прилично цврсти се и отпорни на удари, падови, итн. Освен тоа, плочката најчесто се залемува за самата шасија на кутијата (на страничниот дел), така да, тешко е да се одвои истата од шасијата, а воедно и дава и крутост на целата целата конструкција
. Најмногу што може да се случи при пад е да одлетаат долниот и горниот капак од кутијата (како кај мобилните телефони
), но лесно се ставаат назад
.