Author Topic: Kako да Модифицирам на гитарски ефект дисторзија DOD PDS1550  (Read 4462 times)

Offline gogiche

  • Нов член
  • *
  • Posts: 46
  • Gender: Male
Kako да Модифицирам на гитарски ефект дисторзија DOD PDS1550
« Opened on 23.03.2011, Wednesday, 20:50:03 (Edited 23.03.2011, Wednesday, 21:35:09) »
Каналот А е со висок гејн. Тој е добар за оние што сакаат хеви звук.
Каналот Б е со послаб гејн.Тој се регулира со  Пот.10К. За жал регулацијата му е доста слаба односно се осеќа вистинска разлика во тонот само ако потенциометарот е свртен од 3-6 часот (малце смешно е ова ама добро објаснување се надевам  :D )
Бидејќи јас свирам фанк и рок музика не ми треба толку силен гејн но ми треба поширока регулација на истиот па од тука дали може да го модифицираме гејнот и како и како да му направиме подобра регулација на истиот? Ако е возможно би сакал да додадам мал он/оф свич со кој педалата би имала 2 режима на работа- оригиналниот и модифицираниот (ова како опција).

На А каналот би сакал да го смалам гејнот со тоа што таму регулацијата си е одлична.Исто ако е возможно би додал свич за оригинал и модифициран режим на работа.

Еве оваа желба ја имам да ја изработам ако некој се заинтересира може да ја погледне шемата за дисторзијава и да ми предложи како да го изведам ова.

Фала

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
од Гитар хаус е ова?Што пари кошта педалава?

Offline gogiche

  • Нов член
  • *
  • Posts: 46
  • Gender: Male
Не Сколс ова е ептен стара педала што ја најдов пред некои 15тинна години...мислам дека не е скапа моеш да дзирнеш на нет...ама ја нема мислам тука во изобилие....оваа е 1вата што сум ја видел иначе е од Австралија донесена....а мислам имам видено иста само не се сеќавам каде и кога ::)

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Само мислам дека насловот не чини малку ;D.Пошто личи како да нудиш помош за да направи некој модификација,а не дека бараш помош.Стави нешто пример. „Како да извршам модификација...“ ;) :D
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline gogiche

  • Нов член
  • *
  • Posts: 46
  • Gender: Male
Добра сугестија.  :o

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
тогаш ај стави слики да видиме што педала е тоа?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Треба пак да ја разгледам шемата, па ќе ти пишам ;). Ај, утре ваљда, ќе имам време ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline gogiche

  • Нов член
  • *
  • Posts: 46
  • Gender: Male
Code: [Select]
http://img820.imageshack.us/i/dscn0006s.jpg/
Code: [Select]
http://img148.imageshack.us/i/dscn0007m.jpg/
Code: [Select]
http://img41.imageshack.us/i/dscn0008n.jpg/
Code: [Select]
http://img84.imageshack.us/i/dscn0010b.jpg/
Code: [Select]
http://img857.imageshack.us/i/dscn0009.jpg/

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Линковите за слики не мора да се кодираат.И има таму еден линк за форуми,пастирај го тој само и не го кодирај...
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline gogiche

  • Нов член
  • *
  • Posts: 46
  • Gender: Male
Одг: Kako да Модифицирам на гитарски ефект дисторзија DOD PDS1550
« Reply #9 on 23.03.2011, Wednesday, 22:53:10 (Edited 23.03.2011, Wednesday, 22:54:56) »
Тенкју Гига. Ценам.
Еве слики Сколс има и една со посвета  :)
На една од сликите се гледа дека до компартментот за батерија има место да се вметне некој мал мин машин за мојата идеја. Свичовите (малецки) би ги ставил напред и така... и би ја префарбал да добие на стајлинг  ;) ;D

Споено мислење: 23.03.2011, Wednesday, 22:54:56
Еј Малецко ме искараа и сеа и на кисело млеко дувам не знам како да го напраам тоа што го бараш од мене код си е код и нема љут Админ.  ;D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Kako да Модифицирам на гитарски ефект дисторзија DOD PDS1550
« Reply #10 on 24.03.2011, Thursday, 15:45:06 (Edited 24.03.2011, Thursday, 15:46:55) »
Линковите за слики не мора да се кодираат.И има таму еден линк за форуми,пастирај го тој само и не го кодирај...

Еј Малецко ме искараа и сеа и на кисело млеко дувам не знам како да го напраам тоа што го бараш од мене код си е код и нема љут Админ.  ;D

Вака сега, доколку немате forum thumbnail link за сликата (на пример, сликата е од некој друг сајт и нема forum thumbnail линк), можете да вметнете само [имг][/имг] и измеѓу двете заградиу да го ставите линкот за сликата (се разбира тоа „имг“ e пишано на латиница, значи „img“, намерно така го пишав, да не случајно скриптата го препознае како код за слика и вие да не можете всушност да видите што имам пишано ;D). Доколку сликата е преголема (поголема од рамките на форумот, само вметнете го следниот код: [имг width=700][/имг]. Со овој код ширината на слиакта ја ограничувате на њирина од 700 пиксели, со што правилно си влегува во рамките на форумот, односно самата php скрипат на форумот и прави resize на сликата (се разбира, и во овој случај „имг“ го заменувате со „img“ ;)). Тоа не значи дека на сликата и е намалена резолуцијата, скрипатат само ја прикажува со намалена резолуција, доколку ја зачувате сликата со „Save As“, ќе видите дека сликата ја има оригиналната големина, односно, има онлкава резолуција колку што и е оригиналната резолуција ;). Скрипатат само и ја променува ширината (а и висината, се разбира, со задржување на aspect ratio-от на сликата ;)) колку да може да ја „собере“ сликата во рамките на скиптата, да не мора да „скроламе“ лево и десно со маусот за да можеме да ја вдииме сликата ;).

Сега да се вратам на оргиналната тема, односно како да се модифицира gain-от на каналот B. Прво и основно, вредноста на потенциометарот за gain-от споиред шемата е 500K. а не 10K, тоа може да се види и од следната слика ;).

Инаку, овој дел од шемата е на првата страна од шемата на Digitech, што значи дека прво да го изротирате pdf документот да можете правилно да ја видите ;). Се наоѓа некаде од прилика на горниот дел од првата страна, на средина од прилика ;).

Е сега, треба малку да се експериментира со врендоста и типот на потенциометарот. Прво пробај со обичен ист линеарен потенциометар, не знам дали е овој линеарен или не. Ако е линеарен, пробај со некој друг 500K линеарен, можно е двата потенциометри да немаат иста линеарна карактеристика ;) (иако по правило би требало сите иста да имаат, но тоа зависи од производител до призводител, не е кај сите иста ;)). Потоа пробај со логаритамски потенциометар од 500K, можеби со него ќе ги имаш посакуваните резултати ;). Доколку со тоа не го решиме проблемот, не е лоша идеја да се проба со малку помали вредности на потенциометарот, на пример 200K или 100K. Икрено, јас прво би пробал со вредност од 300K или 330K, да не случајно премногу се смени вредноста на засилувањето на каналот B, па да добиеме некои несакани последици (преголема дисторзија, преголемо засилување, итн.). Значи пробувај да ја намалуваш врендоста на потенциометарот, но полека, гредиентно ;). Доколку и оваа опција не успее, пробај намали ја вредноста на потенциометарот на вредност од 100K или 50K, со таа разлика што во серија со потенциометарот, од неговата горна страна (делот што се врзива со пин 7 од операцискиот засилувач), ќе додадеш и еден отпорник од 390K, па пробај експерименирај, сменувајх ја вредноста на отпорникот, во граници од 100K. Доколку „осеќаш“ дека грениците се „премали“ зголеми ги за уште 100K (значи +/- 200K за вредноста на отпорникот од основната вредност од 390K, значи во граници на пример од 100K до 620K ;)).

Би требало со некоја од горенаведените модификации да го добиеш тоа што го бараш ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline gogiche

  • Нов член
  • *
  • Posts: 46
  • Gender: Male
Леле Гига!!!!Секоја Чест...фала ќе го пробам ова уште одма односно во наредниве денови и ќе информирам.

Спремен сум за уште модификации...

???Дали може да изработам некое мало плочкиче што ќе го вметнам во делот за батерија,
кое ќе ги прави овие модификации без да менувам Пот. исл. односно да монтирам од напред на кутијата 2 он оф свича кои ќе ја ставаат педалата во нормален и модифициран режим на работа и како одприлика би изгледало тоа??? (веќе купив 2 малецки он оф прекинувачи за експерименти хихихихи)

п.с Многу сум радосен!
 
Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
???Дали може да изработам некое мало плочкиче што ќе го вметнам во делот за батерија,
кое ќе ги прави овие модификации без да менувам Пот. исл. односно да монтирам од напред на кутијата 2 он оф свича кои ќе ја ставаат педалата во нормален и модифициран режим на работа и како одприлика би изгледало тоа??? (веќе купив 2 малецки он оф прекинувачи за експерименти хихихихи)

Може, зошто да не може ;). Само што ако го менуваш потенциометарот, најверојатно ќе треба и да го монтираш новиот потенциометар заедно со прекинувачот. Ако успееш да ја направиш модификацијата што сакаш само со додавање на отпорник и менување (целосно) на потенциометарот, нема да мора да правиш уште една дупка за потенциомтар, само ќе треба да ставиш еден прекинувач ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline gogiche

  • Нов член
  • *
  • Posts: 46
  • Gender: Male
Ххихихииии ќе го пробам овој поедноставен предлог па ќе напредувам до она со плочкица  ;)
Фала!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ххихихииии ќе го пробам овој поедноставен предлог па ќе напредувам до она со плочкица  ;)
Фала!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

За волку мала модификација, најверојатно нема да ти треба плочка, само конектори, жици и евентуално изолирани (со ширм, коаксијални) кабелчиња ;).