До овој начин на преправка/поправка на кулери стигнав после многу експериментирање со најразлични методи. Ова е дефинитивно најдобриот начин и кулерите навистина траат вечно
! До сега, на овој начин имам преправено преку 50-тина кулери, повеќето од нив работат нон стоп (24/7) скоро 2 години без да откаже ниеден
. И не само што вака може да поправите закрчени кулери, туку може и пролупани (со изедени пиксни) да ги направите како нови, без да бучат, тропаат или нешто слично
. И најважно, ова не е привремено решение, најчесто е трајно, а дури и да не е, ќе трае многу, многу долго. Ако и по оваа преправка, пак се зезне нешто кај кулерот, значи му нема спас
, фрлајте во ѓубре
. Така да, не се секирајте, начинов на преправка е 100% проверен, гарантирам за тоа
.
Ајде, да почнеме
. Прво, ни треба некое заморче. Еве едно на сликата подолу.
Немирно било ова, бербат се направило
, ај малку да го зачистиме
. Јас обично ги чистам со влажни марамчиња или евентуално некое крпче потопено со 70%-ен алкохол... а може и исушено влажно марамче потопено со 70%-ен алкохол, како сакате
.
Ајде сега да го расклопиме и спремиме за операција
.
Аиии, ова требало уште малку да се зачисти
.
Ете така, сега и пиксничката му е чиста
.
Важно е пиксната убаво да биде исчистена. Чистете ја како знаете и умеете
. Јас обично ги чистам со валканите влажни марамчиња што останале од чистењето на кулерот, ги намотувам на врвче од тенок шрафциер или нешто слично и собирам што е останато од коломаста (кај закрчените, најчесто сува
), а на местата на кои не може убаво да дофати марамчето, користам
ваква игла и потоа ја бришам од влажното марамче
. Внатрешноста на пискната ја чистам со протнување на влажното марамче низ пиксната и како што прави Том од „Том и Џери“ кога си ги чисти ушите
, лево десно со влажното марамче низ пиксната
.
Е сега, да прејдеме на главното. Откако убаво ќе ја исчистите пиксната, од страната на кулерот (не од долната страна, каде што е капачето за пластичниот осигурувач) ставате... па, така... поголема количина коломаст. Не е важна бојата, зелена, кафена, бела, било каква ќе заврши работа
. Важно е да има мноооогу
. Нанесувате со тенко шрафцигерче
.
Потоа ја протнувате перката од кулерот со оската низ пиксната и од другата страна ќе излезе малку коломаст.Оваа треба да ја остраните. Лесно се вади со некоја пинцета или нешто слично
. Се разбира, потоа ја бришете пинцетата со валканите влажни марамчиња
.
Е сега, време е да ја вратиме амортизационата гумичка и пластичниот осигурувач назад на оската на кулерот
. Во конкретниов пример, имаме и пластичен дистанцер под пластичниот осигурувач, но повеќето немаат. Некои немаат ни амортизациона гумичка, имаат само пластичен осигурувач
. Која и да е комбинацијата, враќате се назад по обратен редослед од оној кој сте ги извадиле
. Вадењето и враќањето на пластичниот осигурувач е најпроблематично, знам :S, може да летне, да се изгуби :S... затоа и за вадење и за ставање ја користам онаа иглата од линкот погоре во post-от и пинцета во комбинација со неа. Со иглата го проширувам осигурувачот или го придржувам кога го буткам осигурувачот надолу (бидејќи е остра иглата, се заринкува во пластиката и не дозволува да се лизга/бега осигурувачот), а со пинцетата го буткам осигурувачот надолу
.
Е сега, од оваа страна, од страната на пластичниот осигурувач, со шприц и игла вбризгуваме моторно масло
. Било какво ќе заврши работа, дури и старо/менувано
. Ова што го ставам мислам дека е двотактол
, ама не сум сигурен бидејќи одамна го пукнав оригиналното пластично шише и сега ми стои во тегла
.
Треба да има поголема количина и од моторното масло. Колку? Па... дискутабилно е ова. Од прилика, колку да се пополни целиот слободен простор во пластичното лежиште на пиксната, но да не претече откако ќе се стави пластичното капаче. Ова е многу важно. Ако ви претече откако ќе се стави пластичното капаче (некогаш е и гумено), задолжително извадите малку од моторното масло. Јас обично со вишокот го натопувам валканото влажно марамче
. Ако мислите дека многу сте одземале, пак додадете малку
.
На крајот, се става пластичното (гуменото) капаче и целата конструкција се залива со течна пластика (пластични патрони)
.
Како што се гледа, пластиката ја топам и разнесувам со леткум и верувајте, ова најдобро се работи со леткум. Во принцип, јас и онака оваа пластика ја топам скоро исклучиво со леткум или со SMD лемна станица, никогаш не користам пиштол, но дури и ако користите, во конкретната ситуација нема да функционира. Важно е да се постигне добра кохезија (спојување, стега) меѓу пластиката од кулерот и пластиката од пластичните патрони, а ова не може да се постигне само со пиштол за пластични патрони. Можете да нанесете пластика со пиштол за пластични патрони, но не и да ја оставите пластичната маса онака како што сте ја нанеле. Важно е убаво (рамномерно) да ја распределите на сите страни околу пластичната/гумената затка. Пожелно е ова да се прави на прилично висока температура (јас работам на температура од околу 400 степени). Исто така, важно е маслото да не претече при нанесувањето на пластиката. Можно е да се случи да претече бидејќи поради повисоката температура, се околу маслото и самото масло се шири, па се намалува волуменот во лежиштето во кое стои и претекува низ пластичната/гумената затка. Затоа е важно добро да се дозира колку масло се става во лежиштето на пиксната. На почетокот, првите неколку кулери, најверојатно ќе згрешите, но потоа ќе стекнете искуство, колку е доста
. Во случај да истече масло од затката, терате и понатаму, не прекинувате со нанесувањето и распределувањето на пластиката низ површината на затката и чекате да се олади пластиката. Откако ќе се олади, очигледно е кои места се проблематични (ќе се познаваат како дупчиња низ кои истекло малку масло) и овие дупчиња мора да ги затнете (ајде пак со течната пластикааа
).
А да, и како за крен совет, ова задолжително да го правите во добро проветреана просторија. Течната пластика многу мириса кога се топи со леткум, а освен тоа, ако моторното масло ви истече преку затката, и тоа доѓа во контакт со леткумот и смрди, труе
. Ќе се испогушите ако работите во непроветреана просторија (проверено
).
И еве како изгледа течната пластика откако целосно ќе се нанесе и распредели на површината од кулерот но додека уште е жешка
.
На едно место се гледа дека има мало воздушно балонче. И ова исто така треба да го елиминирате. Јас откако ја направив сликата, го пукнав со леткумот (додека уште беше топла пластиката, се разбира
). Овие балончиња претставуваат потенцијални џебови и можно е преку нив да си најде маслото пат надвор од лежиштето во кое треба да биде, па затоа, подобро е навремено да ги елиминирате, пред да станат проблематични
.
И еве како изгледа дополнителната пластична затка откако пластиката ќе се олади;).
Се гледа дека има и едно мало возушно балонче на средина од дополнителниот пластичен чеп, но ова балонче најверојатно нема да направи проблем бидејќи не се наоѓа на спојката измеѓу пластичното капаче и кулерот, како во претходниот случај... а и се гледа дека не е толку големо како претходното
.
Ако случајно забележите дека имате вакви балончиња по ладењето на пластиката, слободно пак загрејте ја пластиката со леткум и елиминирајте ги
.
А еве го и кулерот во акција
.
Верувајте, ќе си ги препородите кулерите со оваа преправка
. Најверојатно ќе работат и подобро од денот кога сте ги купиле
. Нема никогаш повеќе да чуете бучење, брмчење, лупање, тропање, итн.
.
Со среќа во преправките
.
Мал update на темава. Подобро е да се направи мешавина од моторно масло и коломаст за внатрешниот дел од кулерот (каде што се става пластичниот осигурувач) за клуери на места каде што нема кулерите да работат нон-стоп (класично desktop PC), а на места каде што ќе работат нон-стоп (сервери), да се стави само коломаст. Коломаста е тврда кога не е загреана, така да, потешко ќе почне кулерот да врти од ладна (неразработена) позиција ако има само коломаст, но откако ќе се загрее, коломаста омекнува и практично има многу слична вискозност како и моторното масло. Затоа подобро е да се стави само коломаст во кулери наменети за сервери (бидејќи практично и не се гасат, така да, отпорот од коломаста што кулерот ќе го осети на почетокот, брзо ќе помине поради загревањето на кулерот и пиксната), но од друга страна, ако во кулер за desktop PC се стави само коломаст, тој отпор ќе го осеќа кулерот при секое вклучување во работа на PC-то.
Комбинацијата не е критична, т.е. не грешно да се стави и комбинација на масло и коломаст, и само коломаст и во едната и во другата ситуација (desktop PC и сервер), но поентата е да се продолжи векот на кулерот, како и временскиот интервал на кој ќе треба да се подмачкува, нели
.