Author Topic: CH341A Programmer  (Read 83837 times)

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 732
  • Gender: Male
Re: CH341A Programmer
« Reply #75 on 17.10.2020, Saturday, 20:15:34 »
Да ви кажам искрено се гордеам на моето прво SMD крштевање.
Но за вакво работење е неопходно да се има онаква голема (силна) округла лупа со светло од долната страна како што ја користат козметичарките. :) И да, мирни раце пред се`. ;)

Благодарам за пофалните зборови.  :)

btw... Би прашал уште нешто, оваа белата црта на плочата која што е одштампана во паралела со местото за првата ногичка, дали истата означува дека тука треба да легне прва ногичка?



Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3187
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: CH341A Programmer
« Reply #76 on 17.10.2020, Saturday, 21:07:48 »
Најверојатно, пошто пин еден треба да биде таму.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: CH341A Programmer
« Reply #77 on 17.10.2020, Saturday, 23:00:29 »
Програмирањето на чипот (W25Q64FW - 8Mb) со CH341A беше успешно од прва (erase, blank, write, verify) го исчитав со сите програми и го споредив со софтверот beyond compare (нула грешки т.е. идентични), значи бевте во право и ви верував, фала на сите. :) Џабе се изнамачив со денови onboard да го програмирам, но веќе имам искуство за друг пат. :)

Знам ;). Мора сам да се увериш ;). И јас така учам, ако не се уверам сам, не верувам :P :D.

Мада, да бидам искрен, конкретно за програмирање на чипови onboard, ми беше јасно уште кога прочитав на некои форуми дека „као демек“ сега веќе можело... знаев дека најчеста ситуација ќе биде всушност не може. Да, може, ама само на некои плочи (има посебно напојување за чипчето изведено со некој стабилизатор, има бафер отпорници, итн... ова е својствено за уред со добар дизајн, а не секој уред е ваков, особено не петпарачниве Кинески... а и не може секогаш да се изведе меморијата да има посебно напојување, едноставно тешко изводливо е во ситуации каде што си ограничен со простор или нешто слично).

Чипот ти е супер залемен, без никакви замерки, посебно ко за прв пат. Иначе, кај СМД да си знаеш флуксот ти е најдобар пријател ;).

Одлично заврешена работа, браво. :)

Да, баш и јас сакав тоа да спомнам, топ изгледа, многу подобро од она како мене ми изгледале први обиди за... па... за било што ;D. За плочки, да не праам муабет ;D... најблаго речено, очајно изгледаа ;D.

И да, мирни раце пред се`. ;)

Да бидам искрен, за мене лично, пред се ова ;). За овие димензии на SMD пакувања, никогаш немам користено лупа. Евентуално поради околните ситнурии отпорничиња, но ова зависи од плочка до плочка и околни компоненти. Ако нема некои ситнурија што се, не користам лупа.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 732
  • Gender: Male
Re: CH341A Programmer
« Reply #78 on 18.10.2020, Sunday, 22:42:58 »
Уште не можам да се изначудам дека го снесов ова јајце, искрено мислев дека ќе утнам со ситните SMD компоненти околу чипот.
Јас лупата ја користев секогаш отпосле за да видам како легнал чипот, после лемењето на првиот пин и после лемењето на сите пинови. Имаше неколку пинови кои им недостасување малку калај па ги прелемив, овде калај се нанесува ептен минимално. Користев лупа и за да видам како се држат ситнуриите. :D
Е сега зависи и кој каков вид има, па и тоа зависи дали има некој потреба од лупа или не. ;)

Инаку после тестирањето овие два-три дена морам да кажам дека GalliumOS е одлично оптимизиран Линукс (xfce) наменет токму за хакување на Chromebook, секако дека има процедура прво да се флешне биосот со нов биос (има начин со шорткати да се влезе во developer mode). Единствено е тоа што мора да се отвори капакот и да се извади еден шраф кој што служи за заштита од флешување, сите хромбуци :) имат таква заштита. :)

Еве и еден принтскрин од GalliumOS, јас сум премногу задоволен од него.



Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: CH341A Programmer
« Reply #79 on 18.10.2020, Sunday, 23:06:08 »
Да, познат desktop environment, барем за мене ;). Со здравје да си го користиш ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3187
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: CH341A Programmer
« Reply #80 on 18.10.2020, Sunday, 23:34:59 »
Имаше, а претпоставувам и сеуште има во Логинг одличен калај Fluitin 0.5mm, во комбинација со тенок врв одличен е за лемење било што од SMD.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 732
  • Gender: Male
Re: CH341A Programmer
« Reply #81 on 19.10.2020, Monday, 01:08:24 »
Баш таков и користам, само што мојот е 0.75mm, одамна земав 2 комада. Калајот е одличен и свети убаво кога ќе се излади залеменото.
Не знам дали сеуште имат и каква цена има сега.



Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: CH341A Programmer
« Reply #82 on 04.11.2020, Wednesday, 17:37:27 »
Нова верзија од оној Рускиот не-Open Source софтвер, Ch341Programmer ;). Добро е, сега барем средил да не мора преку миксерот да го гасам звукот ;D.

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 732
  • Gender: Male
Re: CH341A Programmer
« Reply #83 on 07.11.2020, Saturday, 01:55:35 »
Не седат мирни руснаците :D
Ќе го пробам у наредна прилика. ;)


Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: CH341A Programmer
« Reply #84 on 13.06.2021, Sunday, 00:07:48 »
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 732
  • Gender: Male
Re: CH341A Programmer
« Reply #85 on 29.11.2022, Tuesday, 23:43:34 »
Значи мало мало ама техничарче CH341A.

Требаше да сменам помоќен процесор на постара плоча ама испадна дека биосот мора да се флешне со последна верзија.
Среќа што епромот беше DIP8 и го извадив за секунда, легнување на програматорот и за помалку од 2-3 минути си доби нов биос. Новиот биос си го препозна процесорот и успешно си бутираше со OS.

Стариот биос немаше никаква опција за флешување па мораше да се иде со флопи, цд или усб, ама кога видов дека епромот е на подножје не се ни мислев што да правам, го извадив и го флешнав со CH341A.

Инаку направив дамп на стариот биос за секој случај па ќе го качам деновиве во секцијата Dumps. :)