Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Антени => Topic started by: tihi on 24.02.2010, Wednesday, 22:26:45
-
Дали некој знае каде може да се купи CB антена во македонија и дали има воопшто специјализирана продавница за радио техника
-
Дали некој знае каде може да се купи CB антена во македонија и дали има воопшто специјализирана продавница за радио техника
Незнам за ЦБ антена дали имаат, но ГИЗА електроника од СК имаат нешто радио опрема во каталози. Истотака и СЕКТРОН продава станици/антени.
-
Гиза :) ама се навистина скапи, дали се скапи или таков ни е стандардот не знам ;)
-
Гиза :) ама се навистина скапи, дали се скапи или таков ни е стандардот не знам ;)
А каде се наога тоа
-
ке проверам и ке ти кажам
-
Мислам дека Гиза се во скопјанка, а може само сервисот да им е таму или се лажам?
-
преселени се накај Водно ама каде не знам
-
http://giza.com.mk/kontakti.html
На никој не му текна да ја провери нивната веб страна ? ц ц ц ц.
-
баш прашај и пиши која им е цената :) само мислам дека подобро сам да си ја направиш со шипки оти ако ја продаваат по некоја ненормална цена џабе
-
имам направено за домашна употреба барам антена за во автомобил со магнет. Ќе проверам утре и ќе пишам која цена се
PS: Фала за информациите
-
а зар има некој на ЦБ во Скопјево со кого би разговарал ?
-
До сега со другар кој исто користи СВ. А кога е убаво времето и има пропагација може да се воспстават врски со голема далечима. Но тоа за жал е само летно време кога и има најјака пропагација
-
a вака низ скопјево (гратска средина со згради) колку има домет, дали на пример може да се воспостави контакт од драчево до сарај или пак нешто помалку?
Претпоставувам со 4W работите.
-
Јас живеам во Аеродром а другарот во драчево.Мојата антена е поставена на 6 спрат т.е на кровот од зградата а неговата е на кров од куќа.Врскате е супер во вечерните часови. Преку ден поради моб. тел. и друга опрема звукот не е чист сто е и очекувано од АМ модулација иначе со квалитетн антена без провлем се воспоставува врска во било кој дел од скопје но за жал профи антените се прескапи за наши услови
-
Скапи се а посебно гиза се општо лудо-скапи. Еве види во Дасто
www.dasto.com
има такви антени е сега може се нешто поевтини.
Eдно време по огласниците се вртеа огласи за продажба на ЦБ станици и тоа по супер цена од 1500-2000 денари. Сега гледам некои луди цени. Потака баш би си купил една ако начекам.
Иначе во гиза колку ти рекоа за ЦБ мобилна антена?
-
Сега проверив, страницата им е падната, пробај покасно да ја отвориш. Иначе дасто го рекламират на МТМ телевизија која всушност е сопственик на дасто. Или пак јави се во МТМ и побарај број од Дасто кој е во истата зграда во сингелич.
-
Утре ке поминам и ќе пршам.Па ке пишам а за купување стара радио станица мислам дека новите не се скапи еве една од средна класа
http://www.conrad.de/ce/de/product/930487/CB-FUNKGERAeT-CV-MOBIL-4200R/0709010
-
Е супер баш прашај за ЦБ колку пари се. поздрав
-
tihi што бидна, праша колку е антената и ЦБ станицата ?
-
Немаше никаде. Го свртев цело скопје. Има само во застапништвото на Conrad со ненормални цени од 280е. а сам да си порачаш поефтино ќе си поминеш. Во дасто се и непосмени не знаат сто е ЦБ станица а на нет имаат истакнато и модел но во реалност се заникаде