Ке ве збуни можеби насловот :ова не се професионални тапани,ама можат да произведат звук на тапани,уште и со сензорско активирање.Освен овие два осцилатора може да се додаде уште некој транзистор и да се експериментира со отпорниците и кондензаторите во повратната спрега база-колектор.Сензорите можат да бидат направени од округли витропласт плочки поделени на два дела ,од алуминиумски или прохромски плочки ,за добар изглед.Значи,многу простор за експериментирање. Направивме само еден осцилатор ,кој проработе од прва, а следна задача е експериментирање со различни вредности на елементите... Екипата ке работи на случајот!