Пред нешто повеке од еден месец ја нарачав оваа антена за рачна станица
http://www.banggood.com/RH771-10W-SMA-F-SMA-M-Dual-Band-Radio-Antenna-for-Walkie-Talkies-p-965096.html
Ја тестирав на врвот на Водно на подалечни репетитори како R2 и RU2 (Копаоник) на 150km и R1 (Софија) на 170km.
Според моите тестирања се покажа многу подобра во UHF опсегот од стандардната антена, радио сигналите кои едвај ги примав со обичната антена која беше на станицата од фабрика, со новата антена сигналот беше со одличен квалитет.
Исто и за емитување, многу подобро ме слушаа со новата антена одколку со стандардната која ја имаше станицата.
При тестирањето на VHF опсегот се покажа дека сигналот што го емитуваше станицата беше по добар, односно подобро ме слушаа од другата страна, додека приемниот сигнал за жал беше нешто послаб одколку со стандардната антена.
Спецификациите на антената се:
UHF засилување 3dBi
VHF засилување 2,15dBi
VSNR помало од 1,5
Дали некој од вас ја има оваа антена и какви се вашите впечатоци ?