Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: MKD-Boy on 02.11.2021, Tuesday, 10:35:46
-
Дечки, на колата од малиот му ставив 2 акомулатори од по 6v за да постигнам околу 20A.
Е сега оригиналниот полнач беше некоја заебанција изгледа, неполни 1А... и нормално околу 24 часа се полнеше.
Ај реков ќе порачам од Алиекспрес полнач, најдов некојси 6V-3A.
Арно ама баткиве ми пуштиле, адаптер, не полнач.
А јас очекував полнач со сијаличе (кое светнува зелено кога ке се наполни колата)
Сега да прашам, колку и дали овај ,, Адаптер" би можел да наполни Акомулатор?
И дали има некој едноставен склоп, што ке ме извести дека е полн акомулаторот од колата.
Данкешен.
-
Пушти слика од полначот или линк до него!
-
Еве проверена и едноставна шема за автоматизација на полнење акумулатори:
http://elektronika.mk/index.php?topic=10193.msg87416#msg87416
-
Пушти слика од полначот или линк до него!
Еве слика (Ако мислеше на ова да го фотографирам)
-
Еве слика (Ако мислеше на ова да го фотографирам)
Е да, обичен ac/dc адаптер.
Инаку имаш добар предлог од @LordZi, само ти треба солидно трафо за истата шема.
-
Со класично трафо, ако го врзеш директно за акумулаторот, да, најверојатно нема да изгори... мада зависи колку е наддимензионирано, колкава реална (континуирана) струја може да даде на излез, но факт, и да е поддимензионирано, може да поднесе струјни шокови до определена граница.
Со SMPS... ако го врзеш директно за празен акумулатор без контрола за полнење... најверојатно ќе изгори... треба да е ATX 1000W па нагоре (real power), па да не изгори во моментот кога го приклучуваш.
Отвори го полначот, види што излезна диода има. Обично се поддимензионирани или на граница. Колку што дава излезната диода, толку максимум ќе добиеш, т.е. ако оптовариш над тоа (дури и пола ампер кај Кинескиве диоди), ќе добиеш изгорен полнач/адаптер.Може за нијанса да ја кренеш максималната излезна струја со менување на излезната диода, ама тоа не зачи дека нема да изгори нешто во примарот... обично овие полначи се димензионирани на граница, односно за дигитални уреди кои влечат скоро константна јачина струја (немаат стартен момент како што имаат мотори или акумулатори) и им е потребен константен напон. Сите останати уреди, во денешно време се маргинализирани и... тоа е тоа... :-\... или ќе треба да потрошиш некоја далеку поголема сума за класичен адаптер (со класично трафо), едно од тие две.
-
Јас си купив ваков полнач, секако имам и препорака за него. :)
Единствена замерка ми е тоа што има кратки кабли (китајска работа), но си ја врши одлично работата.
https://www.aliexpress.com/item/1005001948063520.html
-
А што би било..
Од стариот полнач за колата, да ја извадам електрониката од внатре, и да ја прелемам на новиов полнач, секако со некои измени внатре?
Пошо и оригиналниот полнач е сличен како овај адаптерот ..
Edit: Не се исто изведени :) ..
-
И што ќе добиеш ?:D
-
И мене не ми е јасно што ќе добие ;D.
-
Сака да ја искористи електрониката од стариот полнач за коли (за акумулатори 12V), да ја преправи истата со новиот адаптер (6v 3A) и да добие полнач за 6v батерија.
-
Мислев, дека се исти внатре или слични изведбите.
Пошо во стариот полнач имаше внатре големо трафо, и мала плочка со неколку делчиња.....
А во ова другово е изведено буквално цело на плочка (и трафото) залемено кое како што гледам е прилично малечко и еден куп компоненти од кој еден дел се смд..
-
Инаку, пробав ја полни колата, и не грее адаптерот :D
Само што ете не знаеш кога се полни батериите и не знаеш кога да го исклучиш полначот да не направи беља...
-
Пошо во стариот полнач имаше внатре големо трафо, и мала плочка со неколку делчиња.....
А во ова другово е изведено буквално цело на плочка (и трафото) залемено кое како што гледам е прилично малечко и еден куп компоненти од кој еден дел се смд..
Првото е класично напојување со трафо, второто е SMPS напојување.
Само што ете не знаеш кога се полни батериите и не знаеш кога да го исклучиш полначот да не направи беља...
Стави барем волтметар на батериите во паралела кога ги полни, да знаеш барем колкав е напонот ;).