значи моташ 3 намотки па над нив уште 500, и за пригушницава објасни каква е оваа пригушница? оние што се редат по неонкине или различна ?
Не, прво ги моташ тие 500, па на долниот крај (на почетокот од овие 500) ги моташ овие 3. Не треба да бидат една над друга, туку примарот преку секударот, ама на долниот крај негде, не на средина.
Пригушница е најобична извадена од компјутерско напојување. Се најдува на влезот на напојувањето веднаш после осигурачот. Може и на поголем феритен прстен да се намотаат 20-тина намотки, ако немате ваква пригушница, не е критично воопшто.