Ретко кој производител си ја произведува и електрониката за HDD-то. Мене само еден пример ми текнува, Quantum, на времето (потоа ги откупија Maxtor, па Maxtor не знам кој ги откупи... „зелено пазарче“ е работава
) сами си ги произведуваа главните контролери за HDD-ињата, или барем по нивна нарачка некој друг ги произведувал, но не беа чипови на TI, Hitachi или некој трет произведител.
Сега веќе е практика друг да ја произведува електрониката, а не фирмата која ја произведува и механиката. Често се случува и само бреднот да постои само како налепница на HDD-то, а електрониката и механиката да е произведена од некои сосема трети фирми.
Така да, јас би рекол дека е една од три опции: или електрониката за HDD-то е произведена за Toshiba, а производител на електрониката е Hitachi и едноставно не го смениле signature-от на HDD-то; или електрониката на HDD-то изгорела, па заменета е со компатибилна која е производство на Hitachi; или целиот HDD е производство на Hitachi, Toshiba откупиле одредена серија и залепиле налепници Toshiba на HDD-то.