Електронски уреди > Видео опрема

Проблем со радиото на двд плеерот...

(1/4) > >>

alokin:
Значи радиово си работи нормално со станици до кај 93mhz, над тоа има чуден звук ( нешто како свиркање )... Во што би можело да е проблемот !??

SaleSk:
Да не имаш во близина база од бежичен телефон, компјутер, полнач за мобилен, етц, етц???

alokin:
Имам на истиот продолжен кабел, приклучено лаптоп и декстоп пц, во моментот кога пробав само лаптопот беше пуштен...
Двд-то е Shockwave Du 300 модел, користам сараунд MS само вуфер и централниот звучник приклучен.

Имаше проблем со двд-то, трепкање на дисплејот, немаше сигнал од ниедна станица... го отворив сменив два подуени кондезатори. Сега се пушта нормално, само остана проблемот со тоа што станиците над 93mhz, поточно над 96mhz не ги пушта (има некаков звук како да свири нешто)
Споено мислење: [time]29 Август 2012, 12:37:58[/time]Еве и слики,




1,2 се кондезаторите што ги заменив, а под 3 ( не сум сигурен, ми личи на транзистор) многу загрева...
1- 400V 22mf заменет со ист таков.
2-6,3V  1000mf заменето со 10V 1000mf

Еве и видео клип за да се слушне каков звук дава...

MOV04616
Споено мислење: [time]29 Август 2012, 13:55:30[/time]Најверојатно лоцирав што може да е проблемот... сега дали може да се среди ова !??

GigaWatt:
Прво, задолжително стави му поголем ладилник на switching транзисторот во напојувачката секција.

Второ, стави EMI филтер на линијата за напојување. EMI филтри можеш да најдеш во било кое компјутерско напојување (иако, морам да признаам дека најновиве Кинески од најевтините од 600, 700 денари немаат никакви EMI филтри, или евентуално некој кондензатор, така да, најарно е да извадиш од некој стар телевизор или од постаро напојување за PC).


--- Quote from: alokin on 29.08.2012, Wednesday, 13:12:16 ---Најверојатно лоцирав што може да е проблемот... сега дали може да се среди ова !??
--- End quote ---

Ако EMI филтерот не помогне во вадењето на „чудниот звук“, смени ги сите електролитски кондензатори во RF секцијата. Стави нови со поголем работен напон. Гледај да се некои поквалитетни.

alokin:
Ќе пробам деновиве да ставам филтер на напојувањето, имав и друг предлог да се смени целосно напојувачката секција со друга од друго двд  !??

А за тунерот, кондезаторите ми изгледаат дека се добри... да не треба да менува кај што ми е отбележано на сликава, како да е растопен интерглалецот  ???

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version