Останато > Мерна опрема

C/ESR метар

(1/16) > >>

LordZi:
Еве еден квалитетен и прецизен C/ESR метар кој би бил корисен додаток во секоја електроничарска работилница, со напомена дека може да се употребува и како прецизен мили-омметар :).
Оригиналниот проект е од овде:

--- Code: ---http://pro-radio.ru/measure/3288/
--- End code ---
кој сака може да ја преведе страната со гугл и да ја проучи подетално, кој нејќе сите потребни фајлови ги има закачени најдоле и тоа шемата, две верзии на плочката - со SMD и со through hole делови, како и последната верзија на hex фајлот. Верзијата through hole треба да се напојува со симетричен напон бидејќи на плочката го нема колото ICL7660 за добивање на негативниот напон.
Јас ја правев SMD верзијата и имав проблем со наоѓање на делови со потребните вредности, бидејќи изборот на SMD делови кај нас е очаен, па морав да се снаоѓам со piggy-backing, т.е. лемење два SMD отпорника паралелно еден врз друг за да се добие потребната вредност. Исто така наместо кондензаторите 4n3 кои ги нема кај нас залемив два од по 2n2 еден врз друг за да се добие 4n4, најприближно до потребната вредност ;).
Кога сме веќе кај очајниот избор на SMD  делови по нашите продавници, да го „пофалам“ и продавачот во гац кој наместо BC807(NPN) ми дал BC817(PNP) кој ми го буткаше напонот од 5V после стабилизаторот на под 4V и поради што не ми проработе уредот од прва и дури после еден куп извадени, проверени и вратени делови ми текна да го проверам и него (тука многу ми помогна SC Analyzer-от ;)). Како и да е, после уште некои ситни проблеми и подесување, уредот работи како што треба. Тука мора да го спомнам и Feko од електроника.ба кој многу ми помогна околу постапката на подесување за да не лутам на таа руската страна ;).
Инаку подесувањето е следното: прво додека е вклучен уредот се притиска тастерот + и додека се држи со тримерот од 22к се подесува при краткоспоени сонди на двата канала (за 1 и 10оми) да покажува нула оми или најприближно до тоа  (иначе ова е многу тешко да се постигне со обичен тример бидејќи бројките доста се менуваат и со мало поместување на лизгачот па најдобро е да се стави повеќеобртен). Кога ќе се подеси најмало покажување, сеуште држејќи го тастерот + се притиска SET со што се снима поставката во епромот и на екранот се појавува порака ready. После ова се исклучува уредот, се притиска тастерот SET и се вклучува додека се држи притиснат, со што се влегува во менито за подесување на коефициентите, со тастерите + и - се подесува нивната вредност горе или доле додека не се добие точно отчитување на дисплејот. Има три вида коефициенти за подесување, за 1ом, 10оми и за Cx. Подесувањето, особено за подрачјето под 1ом, се прави со мерење прецизни отпорници, јас користев со толеранција 1% што мислам дека е доволно. Подесувањето за Cx се врши со електролити со позната (измерена) вредност. После секое подесување на коефициентите се стиска повторно SET, се исклучува и повторно се вклучува уредот и се проверува покажувањето. Ова се повторува се додека не се постигне точно покажување на вредноста на приклучените компоненти, малку е мачно додека се дотера се, но кога еднаш ќе се подеси после уредот мери мошне прецизно.
Еве неколку компоненти измерени со овој C/ESR метар:
електролит 10uF/250V


електролит 10uF/16V


електролит 47uF


електролит 470uF


електролит 1500uF


електролит 2200uF


електролит 22000uF


блок кондензатор 6,8uF


отпорник 2ома


отпорник 0,5ома


отпорник 0,1ом/1%

ki4o01:
на сликиве се гледа плочкава од горе како да е бакарна ?

LordZi:
Е да, тоа заборавив да пишам, плочката треба да е двослојна, целиот горен дел е всушност масата, која на петнаесетина места се поврзува со водовите доле, тоа треба да се направи со лемење жички од двете страни. На останатите дупчиња од горната страна се отстранува бакарот околу нив со некоја поширока бургија, за да не допираат изводите на него.

Malecko:
LordZi да те прашам успеа ли да ги најдеш тие отпорниците од 3к,30к и 62к или стави некои замени?

GigaWatt:

--- Quote from: LordZi on 21.08.2012, Tuesday, 00:05:52 ---На останатите дупчиња од горната страна се отстранува бакарот околу нив со некоја поширока бургија, за да не допираат изводите на него.
--- End quote ---

Не сум „кринувал“ (или можеби кирнување се викаше, не ми текнува точно како се викаше, ајде некој поискусен „хаус мајстор“ нека ме корегира ;D) до сега вака. Со колкава бургија треба да се прошируваат од горната страна дупчињата за да не фаќаат изводите на компонентите на неа? Доволно е со 2-ка или треба поголема?

А, и руската верзија на ППК-то за C/ESR метаров, таа верзија е само за through-hole компоненти така? На неа не мора да се прави ова со „кринување“-то, така (само еднослојна е бакарната плочка)?

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version