Многу пати во радиотехниката доаѓа до заблуда кога се работи за радиоаматерските фреквенции. покрај радиоаматерските фреквенции постојат и CB (citizen's Band) . Тој граѓански опсег како што се нарекува тоа не смее да се спореди со радиоаматеризмот. CB нема никаква врска со радиаматерските фреквенции а CB-ашите не можат да се наречат радиоаматери, иако многу од нив се нарекуваат така. За да се биде радиоаматер треба многу многу многу. Испит, учење, телеграфија, познавање во електроника, способност за изработка на антени, способност за подесување на радиостаница за дадена фреквенција, за SWR да не е висок и да не прегори радиостаницата и така натаму. и што е најважно можеш да работиш од 1 Hz до 250 GHz и со максимална снага на некоји опсези и преку 2 киловати. CB e ограничен на опсег околу 27 Мхз и со максимална снага од 4 вати. За радиоаматерска дозвила треба испит и многу познавање, а за CB не треба ништо, едноставно Plug and Play. Немам ништо против ЦБ-ашите ама кога ќе слушнам дека се нарекуваат радиоаматери (а не положиле испит и немаат радиоаматерска дозвола), тогаш полудувам, а уште повеќе кога ќе слушнам дека ЦБ било поарно. Како да не!!!!!!! Многу ЦБ-аши не ги поднесуваат радиоаматерите
1. За радиоаматерска дозвола треба испит а за ЦБ не
2. ЦБ е ограничен на еден 11метарски банд 27 хмз а аматерско радио не е.
3. ЦБ е ограничен на 4 вати, аматерско радио на 2.5 киловати
4. Радиоаматерот смее да работи ЦБ, а ЦБ-ашот не смее да работи радиоаматерски фреквенции
5. Цб-ашот не е радиоаматер и не смее да се нарече така
6. и така натаму
ЦБ према аматерско радио е како да споредиш хартиено авионче со суперсоничен млазен авион.